Vintage style

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 21 декември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Еден од најпопуларните стилови во моментов Vintage style или по наше би дошло старомоден стил.
    Тоа е гардероба која е постара, која може и да е половна, која може да се најде во орманот на мама и баба, а истата таа се комбинира со денешни модерни парчиња и младите низ светот го обожаваат овој класичен старински стил.
    Најчесто за vintage облека се смета онаа од 1920та до 1980та година, но тоа може да е и нова облека која е правена по терк на тој стар стил. Денес познатите фирми произведуваат вакви старомодни парчиња и секако акцесорис.
    Овој стил посебно во крајните 90сети се враќа во мода, познатите личности ги носат овие парчиња а со тоа ја зголемиле нивната побарувачка.
    Ова е еден од стиловите кои многу се подржува поради тоа што старата облека не се фрла, се рециклира или се поправа и се прават други парчиња од неа, се одржува животната средина со тие материјали и на некој начин се зачувува историјата и културата. Исто така ова е стил кој е од парчиња гардероба кои често се рачно изработени или изработени во мали количини, а дел од нив имаат висока вредност денес.
    Правилната vintage облека се купува од second hand продавници, пазари, продавници за античка гардароба и накит, а се почесто и на интернет од ebay или страни на блогерки, страни за vintage облека, а секако и модерните брендови за широка потрошувачка имаат vintage колекции (кои сепак ја немаат онаа вредност како старата рачно изработена облека).

    Овој стил или го сакаш или воопшто не го сакаш и ти е смешен. Како да ги гледаш баба ти и мајка ти во млади години :lol:
    Но постојат одлични комбинации на овој старомоден стил, ако знаеш да го носиш.
    Може да се изјасните дали го сакате овој стил? Дали ви е интересен? Дали носите старомодни vintage парчиња гардароба од баба и мама? Дали купувате вакви парчиња? Или пак сепак сте за модерната гардероба и немате потреба да се навраќате наназад ... ;)

    Еве неколку слики
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На tea4e, Mawata77, Elen.b и 6 други им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Ми се допаѓа овој стил, ама не се облекувам така постојано, туку некогаш ако сум во такво расположение.

    За жал мајка ми и баба ми старата облека ја подарувале, или таа што останала е несоодветно чувана на таван така да немам такви парчиња од нив.

    Најчесто си наоѓам такви старински парчиња по продавниците, значи нови парчиња но со vintage изглед или си шијам нешто ако ептен сакам да го имам а го нема низ продавниците.

    Тоа е

    Едит- Росонерке, кажи ти за тебе?
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Женски
    Баш ми е интересен овој стил, некако ми е романтичен :D
    Еве нешто интересно, дезенот на алкиве многу ми се допаѓа.
     

    Прикачени фајлови:

    • SNC00691.jpg
      SNC00691.jpg
      Големина на фајлот:
      337,2 KB
      Прегледи:
      4.912
    На la-chicka, Hipica и rossonerka им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Кога гледам слики многу ми се допаѓа овој стил, а речиси и да немам вакви парчиња гардароба.
    Имам џемперчиња слични некои вакви, кратки џинс панталони и јакничка, знам некад цветно да се облечам, ама не е тоа тоа.
    Кај нас реално не ни има избор за vintage облека.
    Кај нас постои униформираност, едно исто го има низ продавнициве, зашто преплавени сме со кинеска и турска гардароба, а брендови што имаат vintage колекции немаме баш.
    Имаше годинава во Њујоркер таков накит и некои интересни парчиња гардероба, конечно. Ах да и чевли имаше :)
    Сепак и ретко гледаме низ нашиве улици ваков стил, немаме кај да купиме.
    А исто како и тебе и јас немам од мајка ми ништо гардароба. Или пак се ми е мало, многу послаба била :lol: Некој накит носам од неа, ама поголемиот број од накитот си го земала тетка ми, така да мајка ми нема дома ништо.

    Така да се задоволувам со слики од овој стил само ;)
     
    На Mawata77 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    На Isidora-Veles, rossonerka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Vintage отсекогаш ми бил еден од најнежните стилови за жени :) Го сакам и јас, но кај нас е многу тешко да најдеш нешто во тој правец, па најчесто импровизирам или да е жива мамичка :* Овие сличиња се баш од тоа време, сега што се парчињата се сепак со мала доза по сексипил во нив, иако си го држат тој правец.
     

    Прикачени фајлови:

  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    51.931
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓа ваков стил. Имам некои парчиња гардероба од мајка ми кои се прекрасни, само ги пробувам и ми се допаѓаат, ама ми е срам да ги носам :) .

    [​IMG][​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    И винтиџ венчаниците ми се прекрасни и најромантични:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    p.s. Сесилија девојката стварно има добар стил... и јас ќе и’ удрам лајк ако? :$
     
    На Mawata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Како што спомна Ирена, некако ми е романтичен стилов и ептен нежен.... прекрасно :inlove:
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    ЛивингГлам, дали се сомневаше во мојот вкус? :^) Ааа ќе се караме :D

    Ајде удри и лајк, и ти и другите- јас добивам по едно евро од лајк бидејќи ја рекламирам :D


    Мислам дека Росонерка е изненадена дека на повеќето ни се допаѓа vintage стилот, се си мислам дека очекуваше негативни критики, или се лажам? :tmi: :angel:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Мене лично ми се допаѓа тој стил на носење, но има и некои парчиња што не ми се допаѓаат. Секогаш било така секогаш се враќа модата. Мајками што носела на времето денес пак се носи или бабами што носела на времето денес пак се носи. Модата се врти во круг.
     
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Многу ми е интересен стилов,само штета што од работите што ги носела мајка ми мене нема ништо да ме собере :doh: ама затоа си имам прочепкано кај баба ми во плакар и си најдов едно фустанче кое си го изнаносев летово :D и еве неки фустанчиња што ги најдов на нет :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    108.353
    Не го сакам,иако има убави лелеави,романтични,нежни парчиња,некои од нив и се мотаат кај мене во плакар и претежно се летни.Е на накитот не можам да му најдам замерка.
    Ова ви е као Блер стил,само што нејзиниот има големи примеси на актуелна мода,со други зборови бљак стил,стил без стил. :D
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    51.931
    Пол:
    Женски
    А накитот :inlove:
    Имам два прстени од филигран, една белегзија и еден прекрасен приврзок во наследство од мајка ми. Може да смести во винтиџ мислам а? Планирам уште нешто од филигран да си купам, само мноооогу ми е жал што легендата на македонскиот филигран - чичко Деребан не изработува повеќе накит... остаре. Ќе мораме да се задоволиме со новите уметници, а ги има во Македонија доволно.
    Еве нешто од мајстор Деребан:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    A еве нешто прекрасно од еден млад уметник, видете на профилот на фб повеќе слики:
    [​IMG] [​IMG]
    http://www.facebook.com/FiligreeArt
     
    На figgiMK, Hipica и rossonerka им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    ЛивинГГ, ме погоди во срце, многу сакам филигрански накит, безвременски е.

    А Лилит баш сакав да напишам дека те замислувам во некое цветно фустанче и мислев дека го сакаш стилот, кога :o скроз спротивно било.
    Изгледа погрешно те замислувам, ама сигурна сум дека ја сакаш кафената боја, таа што беше актуелна сезонава :angel: , или и за тоа сум во заблуда :lol: ?
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Сесилија напротив знаев дека им се допаѓа многу.
    Ама сепак не можеме тука кај нас нешто посебно да го носиме. Немаме таква облека.
    Многу се воодушевувам кога ќе видам убаво облечена девојка со старомодни парчиња. Ама има некои кои сепак не знаат да ги комбинираат и изгледаа просјачки :D

    Значи треба да знаеш да го носиш овој стил, да имаш дома избор на парчиња за да го комбинираш.
    Има девојки со цел плакар винтејџ облека и нормално одлично ќе ја комбинираат со уште поубав старомоден накит.
    Нема јас со 1 фустанче такво и 1 џемпер убаво да се облечам :D

    А Лилит знаееееееев хахаха знаев дека ќе пише дека не и е убав и дека потсетува на Блер :lol:

    Сепак вкус е кажав или го сакаш или не го сакаш воопшто.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    108.353
    Сесилија не си далеку од вистината.Носам земјени бои најчесто,со некое розе као сега што е актуелно и многу филигрански накит,дрвен накит и бронзен(да појаснам уште еднаш,овој стил на накит ми е супер,ваљда зошто сум накитоман).Не сакам многу цветичасти дезени,ем се бабски (баталете вие винтиџ,бабско е бабско да му се невиди),ем дечко ми ќе ме откачи (доволно ми толерира штикли со дупче на прстите што не може да го смисли),ем ми се непотребно нежни и лигави и делуваат на чајник или некоја престилка на прабаба ми (сериозно,женичката од износените работи си правеше престилки и си ги носеше,бог да ја прости) или чаршав за масата во градина!Не дека ич,ништо не ми се допаѓа,има по некоја стварчица,ете така малце понормална која ја носам во лето,некое кошулче со малце тантелка,нежна боичка или некој џемпер во плетка која била актуелна во времето на баба ми,ама овие цветичиве,здолништа ѕвончиња до гради кренати (добро,само мене вака градите ми делуваат како свиснати?!мислам не моите,туку девојките што носат ова),нема шанси или има,ама јас да си искомбинирам,ама да доминира мојот вкус кој е специфичен.
    Како и да е,да бидеме реални...жените одлепуваат на стилов,а мажите едноставно го мразат,а и има за што.Само половината ја нагласува,а башка што ако сакате да бидете комплетни,има такви парфемчиња,малце потешки,со ваши зборови,винтиџ,опнете таков,па да видите како нема да сака да ви се приближи зошто го потсетувате на баба му.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Ми се допаѓа, ама кога ќе соберам доволно храброст ќе излезам така облечена, инаку овдешните моми ќе ме напраат ретард ! :D
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.350
    обожавам филигран многу и сребро а злато :puke: носам мали нежни висечки филигрански обетчиња и едно сребрено прстенче друг накит не ама ќе се подновам со нараквица сега скоро и некое прстенче :D

    едит стилот е прекрасен и многу ми се допаѓа , имам неколку фустанчиња во тој стил ама летни
     
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.295
    Некои од комбинацииве ми се допаѓаат, но некои не ....Искрено мислам дека стилов го воведе Агнес Дејн, но не ми е јасно од каде толкава популарност :?: Има работи кои би ги носела и некои гои не доаѓаат во предвид, но сепак се решив да закачам некои интересни комбинации кои ги најдов на нет :)
     

    Прикачени фајлови:

    На HappilyLoved, marama, rossonerka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    28.471
    Пол:
    Женски
    И мене цветните дезени ми делуваат многу бабешки...како мушамата од масата да сум ја замотала околу себе :D Мислам да не се навредат оние кои си го сакаат секој си има свој стил и вкус.Јас од баба ми си имам една кафеава чантичка и кој знае колку е стара ама јас си ја обожавам,исто и џемпери плетени што чувала сите и ги собрав :D Инаку цветчесто никогаш нема да ставам на мене,освен како дизајн на накит нешто.И се согласувам потполно со мислењето на Лилит. :)