Првата убава вест за денес . Ептен ме расположи Пирамитке, баш следниот петок се токмам да си фатам Скопје, а Њу Јоркер ми е печена дестинација . Можеби ќе го има насекаде по Скопје или другите поголеми градови, но модата од таму во нашиот град касни најмалку половина година, ах ах колку сум само среќна. Те гушкам
Колку малку е доволно некогаш за да расположиш некого а ако е така, тогаш не може а да не ми е мило! Погледни си го нивниот сајт...еве сега разгледував. Се кладам дека фустанчево ќе биде најомилениот избор
Ќе ти шепнам Спојлер Не сум сигурна ама мислам околу 30 еврица, така нешто Хехе, не ги сакам бре овие Њу Јоркеров нека си пукнат и УА што имитираат, ама фустанчево и мене ми влезе во потсвест. Како и да е, ќе се најде и нешто друго слично од друг бренд На пример Ова сериозно ме потсетува на оние фустаните баба ми што ги носеше на времето. Да можев да пробуричкам сега во тој плакар. Може и нешто ќе најдев.
Фустанчето е прекрасно , а викаш баш ова моделче ќе го има кај нас? Леле краснотии, толку ми се убави такви цветни и весели. Барем едно парче да си купам ќе бидам пресреќна .
Девојки, не мора да чекате да дојде кај нас, одите на некој пазар за материјали или било каде кај што се продаваат материјали, наоѓате ваков цветен дезен и со сликата во рака правец- шивачка. Ќе ви го направи исто такво, а можете и да заштедите пари Мене за фустани не ми било проблем- можам во секој момент да си го сошијам, проблем се штосни палта, фармерки, чевли, накит- а другото се шие лесно кај секоја креативна шивачка која не работи по терк
И не знаете колку на Старфиш не и е мило што сега ќе има наплив од девојки облечени вака. ИЧ, ама ич не ми е мило. Што се однесува на фустанчево од ЊуЈоркер, убаво е, ама јас имам поубави!!!! И тоа шиени, направени за помалку од 10 евра. Како што ви кажа Сеси, не чекајте да ги фркнете парите, туку побрајте убав цветен матеијал. Работна рака е 300 денари, што е прилично смешно, и многу исплатливо. Јас дури имам и сама напрвено од оние сукњички кои ги носам, а метријалот е од стари фустани на баба ми. Спојлер и онаа сукњичка штоо ја носам на сликата во Модни критики, е правена Прочепкајте малку, сигурна сум дека вашите баби и мајки чуваат убави работи во плакарот. Бидете креативни, зошто сепак стилов го бара тоа. И да, ја мразам продавницата на ЊуЈоркер, заедно со чкартните оксфорди кои ги продаваат по астрономска цена. eдит: откако разгледав малку подобро, има нешто што ми се допаѓа во клекцијава, а тоа се панталониве и марамата на девојкава.
Претпоставував дека на Старфиш нема да и биде ич мило - уствари мене одма на Старфиш ми текна кога ја видов колекцијава И не само во Њу Јоркер, туку општо винтиџ модата зема се поголем замав. Ако пред некои две три години познавав само малку луѓе кои се облекуваа така, сега сакале нејќеле повеќето ќе бидат облечени овака....што мене никако не ми се допаѓа. Овој синдром особено го има кај нас. Многу ми е смешно кога ќе видам друштво девојки во град и сите ајдееее ко армија исто облечени Ама тоа е И да, стилов бара креативност и чепкање по плакари. Токму така - земете си материјалче и сошијте си нешто оригинално. Прочепкајте и најдете стари беџови, стари кошули, стари сукњи итн. Со неколку нови додатоци сигурна сум дека ќе воскреснат во вашиот плакар. Искрено мене стилов ми е некако резервиран за креативни души кои ги фаќа носталгија за старите времиња. Ако се носат туку така, чопоративно, затоа што ете Њу Јоркер или билокој друг донел нова колекција во таков стил, ја губат својата убавина...според мене
Си најдов две цветни кошулчиња од мајка ми, малку да се стеснат и ете ми винтиџ стајл ... ах да и овој беџ
Мхм, стилов ќе земе се поголем замав затоа што ќе биде ин, многу повеќе одколку што е сега, и сите ќе го носат, чисто онака ради мода и за да се прават фаци, не дека се пронаоѓаат во него... Така е секогаш кај нас, ќе се направат и мајмуни ако треба ама да бидат онака у некој фазон за кој сите викаат дека е ин!
Што е најтрагично најмногу ќе го носат оние кои велеа дека стилот е бапски, ама кај нас се е парадоксално и апсурдно, па веќе ништо не изненадува. Лани зјапаа сите кога некоја носеше високи чизми а годинава ги носат сите- и високи и ниски и слаби и дебели, не гледаат дали им одговараат на градбата на телото, одат ко шатчиња, ама важно се ИН. Или не..? Старфиш, ич да не се нервираш- ти секако ќе се истакнеш од толпата, џабе ќе го имаат тие фустанчето, кога нема да знаат да го комбинираат и носат
И ќе треба да се згадам од некоја фуфица што до вчера шетала со кожни миниќи, а сега е во кошула и оксфорди, иако претходно тврдела дека се одвратни. И така оди тоа кај нас. Што би рекол Џим: It's like a little circle! Како што кажа Пирамида, стилот (барем јас така си го толкувам) е наменет за уметнички души, креативци, уживачи во носталгија... Не е секој, за се’ !
Јас сум далеку од модерна, никогаш не сум била облечена по последната мода. Ама кога ја отворив темата и видов некои парчиња останав со подотворена уста. Никогаш досега некој стил не ме привлекол уште од прва како овој. Не дека сум уметничка душа или носталгична и се што набројавте ама стилот ми легна на срце. А накитот ми е посебна приказна
^Да баш така Старфиш, јас се изјаснив дека премногу ми се допаѓа стилот но јас не се пронаоѓам во него, неможам да се замислам целосно така облечена, не би се облекла од глава до пети во тој стил, имам неколку парчиња и понатаму ќе си купувам такви парчиња и накит но сепак нема да бидам vintage girl, и ќе продолжам да си ги комбинирам со класичните кежуал варијанти
Фуфица Старфиш или уште ќе се згазам од смеење кога ќе видам јака шминка џоа кафански стил со подвиткани панталони и оксфорд кондури, а со тоа напрчени усни, по можност извадено јако деколте и секако длабоко раскопчана машка кошула - ете нешто како Цеце наша што ни се сликна со широка машка кошула Тоа што го реков, не на секој му иде ваков стил. Јас си го замислувам не само со уметнички и креативни души туку пред се ми одговара за девојки кои се нежни, лелеави, пролетни, расцветани, со книгата седнати во парк или пак на ќебенце. Е многу си го идеализирам стилов, ама така ми е некако врежан во главава. Таква претстава имам И го сакам, иако јас самата имам само неколку вакви парчиња дома, но особено сакам да го гледам на луѓе на кои им стои. Имам една пријателка, уметник, таа си го тера стилов подолго време и јас просто уживам да ја гледам како е облечена, секогаш знае да извади по некое парче оригинален накит или облека, затоа што самата си ги шие, а и накитот и е обично по нарачка правен според нејзина замисла и идеја. Пред некое време ја видов со онакво католичко ланче со слика на дева Марија - баш ја прашав дали е верник, го погледна ланчето и мртва ладна ми вели - ма јок ама оваа црквена уметност ми се допаѓа. Винтиџ бе, винтиџ
Некој спомна за цена. 1800 денари. Распородадено е веќе, нема. Да се надеваме дека ќе донесат нови Али има затоа чевлички многу. Ја има чантава околу 1500 беше, не знам точна цена во црна и кафена варијанта. И има убави блузичиња. И има фустанчиња на риги во морнарски стил, она што лани беше актуелни низ светов сега доаѓа и кај нас. Вакви ама по кратки и кимоно Јас не се брзам ќе чекам за месец два попуст, зашто тогаш летната роба ќе им дојде па ќе имаат попуст на оваа. Така направија и зимава имаа за есенската попуст кога донесоа зимска
Стигната е пролетната колекција. Дел беше стигната уште пред 10 дена, и тогаш го имаше фустанчево во неколку нијанси на цветно издание и едно тегет и точки бели. Бев пак во вторникот и имаше само едно останато фустанче тоа со точки едно бројче беше самичко си седеше на рафт, а претходно имаше едно 20тина. Цела пролетна роба е стигната од неделава. И се троши како луда. Не е скапа, затоа и ќе се троши, а модерна е. Квалитет потпросечен, ама и онака кај нас тука се е кинесно, па мање више каков квалитет биле http://www.facebook.com/album.php?aid=2 ... 0682655781 Еве ова е пролетната колекција. Речиси се видов кај нас, освен некои штикли. А за негде 2 месеци мислам дека ќе стигне летната, а тогаш пролетната иде на попуст. Затоа што зимово кога стигна зимската, есенската имаше солиден попуст, не како овој сезонскиот во јануари ама сепак задоволителен.