Ми се допаѓа премногу,... посебно ланчињата... колку се прекрасни саатчињата, клучињата, па дури и срцињата.... ретко можам да најдам некое вакво парче, а и поради тоа што малку отскокнува,... па... би носела, но не во македонија
Девојки одете на Бит пазар по тие продавничките, имаат донесено многу интересни парчиња гардероба. Исто така и во бижутериите има интересни марами,шноли. Стилов се повеќе и повеќе зима замав и кај нас :
Колку едноставо, а убаво фустанче носи Пикси Лот. Дита е мајстор за вакво дотерување. И симнувам капа за стјлингот.
Росонерче ми ги исплакна очиве. Си се помачила, колку многу слики има. И сите до една се пекрасни!! Ах..
Многу слики се ама се од 3 девојки блогерки кои константно имаат винтејџ стил. Првата има класичен старински витејџ стил, втората има малку модернизиран, а третата некако зрел винтејџ стил дури и комбинации за на работа, за нешто посвечено, доста уникатно. Ама прекрасни се. Ми се допаѓа што се уникатни, постојани, не денес си по најнова мода модерна со салонка со штикла 15ка а утре во цветен фустан од баба ти и стари кломпи
Јас имам предлог во врска со темава. Да биде недостапна за лица со слабо срце. Се вљубив во накитот, во цветниот дезен, ааааааах!
И јас се согласувааам Дали знае некој каде би можела да најдам накит поефтинко . Во акцесорис бев и многу скапи се. 70% попуст 400денари прстенче? Скапо ми е.
Во Солун Не сериозно значи овој накит таму беше преефтин прстенчиња 2 евра, ланче 3-4-5 евра, алки исто ефтини. Али чекај уште не се стигнати пролетните колекции низ понискобуџетните продавници т.е акцесорис. Јас верувам и се надевам дека конечно ќе ни е достапен овој накит оваа пролет. Мора. Време е