Што видов денес се згазив од смеење Девојченце дал средношколка дал млад академски граѓанин во цветно фустанче, тенко јакниче, проѕирна хулахопка и винтиџ чевли превртена кожа. Е сега убава комбинација арно ама ви текнува на денешниов ветер, снег и дожд? Прво во рака чадор, лепршавото фустанче лета на сите страни и и се крева, а кое и онака не беше долго нели. Кондурите сиви светли сеа беа цели темни превртена кожа и дожд е убиствена комбинација. Арно ама девојчето беше модерно. Али облеката апла летна. Јеботе винтиџ ако сите ти го видат газот и не знаеш дали чадорот да го држиш или фустанчето кое лета на сите страни. Некои едноставно не знаат дека имаме 4 годишни времиња и за сите нив посебна облека!
Мислам дека е во ред ова што го имаш забележано, но не заборавај, vintage стил може да се одржува и во зима. Секако, потребен е малку поголем труд и подлабок џеб, но може да се постигне. Најважна е креативноста.
А кај реков дека не може? Ама не е нормално на нула степени ти да носиш летно фустанче од тенко материјалче, тенка јакничка и проѕирна хулахопка? Убаво е луѓето да ја знаат поделбата на летна и зимска облека. Така да вајда не си ме сватила добро. Го коментирав стилот на девојката која ја видов, а не општо на витиџот во зима, кој знае да биде предобар и да вклучува подебела облека и капут!
И јас ќе се согласам дека стилов е супер, но не верувам дека СЕКОМУ ова ќе му стои. И да, овде нема такви парчиња облека, можеби и има некаде, но ретко. Ете зошто си ја сакам јас Америка
Не се носи само во Америка, се носи премногу и во Европа, се носи и во Азија. Има избор, само ние ги немаме тие продавници. Њујоркер ете има ваква облека. Ама Бершка, Страдивариус, Зара, Пул енд Биар, Х&М последните колекции им се винтиџ. Арно ама ние ги немаме тие продавници, имаме аутлет само на 2 од нив, а дур да стигнат посакуваните колекции ќе помине 2 години. Отидете во Солун на шопинг и ќе се изнапазарувате од цветни фустанчиња, од цветни и карирани суњички, од чизми со врвци, од шарени марами до пренајубав накит.
Јас би рекла, ако сакате да бидете винтиџ, не чекајте на колекциите - туку чепкајте, создавајте, бидете креативни. Винтиџ е ретро стил, значи се што е старо - bring it on. Ама за ова веќе пишуваа и Сесилија и Старфиш, стилов бара инвентивност и креативност, а не мора да се туфкате дека немате можност да купувате во продавниците кои моментално на готово го нудат стилов скоро секаде низ светот и Европа Винтиџ ако мене ме прашате најубаво се купува во second hand. Или имате идеја? Не е тешко да се најде материјалче и да се сошие. Баш како што го прават тоа веќе спомнатите фемина „диви“ на винтиџот Кој нема за шопинг во Солун или некоја друга европска метропола, нека чепка по стари ормани. Јас би рекла - уште поубаво и пооригинално. Барем нема да имате парче како уште 1490 цури низ земјата.
Mногу точно Пирамитке, само што кај нас во продавници second hand има винтиџ? Низ странство има баш винтиџ продавници, каде може да се најде накит и облека од баба, мама, стрина.... воедно има страници на интернет каде се продава стара облека. Но толку е популарен стилов да и брендовиве последниве 2-3 сезони имаат баш винтиџ облека. Мене лично поубав ми е модерниов винтиџ, се е вкус. Мајка ми не сака накит, бабами ич, тетка ми малку ми поклони од нејзината колекција, облеката од мајка ми која е преубава не ми е точна се ми е премало, а не знам да шијам па затоа ако нешто ми се допаѓа си купувам. А секоја чест на девојките кои си прават облека и кои имаат дома богатство од мајките и бабите и го искористуваат. Кој нема ќе купува