Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Vintage style

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 21 декември 2010.

  1. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ми удрила зеленава боја во глава :lol: ми се допаѓа ланево!
     
    На tigerlady и bibip им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    [​IMG]

    [​IMG] :inlove:
    * сопственост на БЕЛИОТ зајак

    [​IMG] :inlove:

    [​IMG][​IMG]
     
  3. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    0vie poslednive sliki....mi prirasnaa za srce, mnogu se ubavi :clap:
    i jas imam vakvi nekolku slicni uste od baba mi ama iako mi se dopagaat sram mi e da gi nosam :wasntme:
    [mod-kirilica:2y0df01l][/mod-kirilica:2y0df01l]
     
  5. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Meне претпоследната ми е преубава. На твое место би си ги носела :)
     
  6. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Уф омилениот мој стил..и девојки ве читам и ви се чудам ви се допаѓа имате дома избор а срам ви е да го носите?? Па јас би си го продала едниот бубрег за да имам оргинални винтиџ парчиња дома :P :D :D

    Се трудам колку што можам да го следам овој стил, мислам дека ми прилега а и убаво се чувствувам кога сум вака облечена некако женствено, средено а типски во исто време..нормално не е многу лесно пошто кај нас не се наоѓаат лесно вакви парчиња а уште потешко чевли и ташни да ми одговараат со комбинациите..ама бог да го поживи пазарот во Солун секогаш ме снабдува со по едно две оргинални парчиња што ми ја спасуваат цела комбинација после!! :) :D

    Еве нешто по мој вкус
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] (имам вакво фустанче мнооогу слично и најубаво ми е :D )
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Како што можете да видите хит ми е Сиена... :D
     
  7. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Што би рекла баба ми: "Модата се враќа!"

    И навистина модата се враќа.
    Не сум се осмелила да побарам нешто од баба ми, а мајка ми била некако по современа, па нема вакви парчиња од памти век.
    Ми се допаѓа овој стил, ама јас лично не го носам, не ми се софпаѓа со самата себе, не можам овде да се пронајдам.
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    И овој стил се искомерцијализира :@
     
    На Name и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Сакам и носам Vintage, само не секогаш, и со мерка. Некако ги сакам сите парчиња ама не ми иде да ги носам сите заедно, иако кога гледам девојкиве како се носат премногу ми се свиѓа.
    Може и тоа ке ми легне со тек на време, како што легнува секој тренд, само битно е да се задржи стилот.
     
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Уф секогаш сум се облекувала вака и години наназад пред сите да се здивеа по ова. А сега сите си влегуваат во филмчиња и ставаат vintage парчиња на себе сосема не соодветно комбинирани што ме вади од такт. Па боже ми сачувај комбинираат најк патика со vintage суќничка, vinage накит и рамбовка и тренерка. Па дајте ви се молам на што личи тоа? :puke: Порано беше многу тешко да се најдат вакви работи кај нас, јас обично ги купував во Германија или сама си ги шиев а сега по продавнициве врие со такви парчиња облека... Ама ајде за три месеца и ова ке пројде, нека се порадуваат малку...
     
  12. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Сорри за оф топик ама Хеланките со машнички од калцедониа дали можете да ми кажете која цена се и и дали уште ги има?мн ми се допаднаа :)
     
  13. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ееееј браво се пофали :clap: ? |( Бог да чува, јас колку што знам тука ова е тренд оваа сезона. Значи кога си се облекувала ти вака години наназад како што викаш не беше тренд воопшто баш си била аут ако си била во земјава. И ова не е првпат, туку се враќа модата од минати децении, сакам да кажам кога нашите баби се облекувале вака (не баш вака ама слично, на тоа се базира овој тренд сега). И од каде тоа дека за 3 месеци ќе пројде кога ти нели секогаш си се облекувала вака? Дај воздржи се од дигнати коментари, темава е да се постираат мислења за стилот, слики итн. а не да се фалиме кој какви парчиња има и дали некој се облакал вака години наназад и дали да сме се порадувале малце и ова ќе пројдело. Јас ако сакам ќе се облекувам вака цел живот нема врска што е моден тренд мене многу ми одговара со стилот. Ти не си надлежна да го кажуваш тоа, ќе се облекуваме вака и ќе се радуваме, а тебе на улица кога ќе те видат на чело ти пишува дека цел живот си се облекувала вака, нели ? Дај молим те и да си се облекувала и да не си се облекувала барем не биди контрадикторна од една страна викаш ај ќе пројде и ова за само 3 месеци, од друга страна цел живот се облекувам вака викаш. Одбери си став првин пред да кажуваш мислење.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Јас пак мислам дека Домино е во право. Стилов им прилега на романтични и креативни души, целата работа во стилов е старите работи од бабите, тетките, мајките... да ги искреираш за да можеш да ги носиш, сама да ја имаш таа креативност да сошиеш, скратиш, украсиш, искомбинираш... не е работата ај купи го од продавница зашо сеа освен цветно нема ништо по продавнициве па сеа ќе глумиме сите Vintage girls.
    Тоа што Домино го носела пред 5-10 год. иако тогаш било аут тоа е нејзин стил, значи таа можеби прати мнодни трендови но сепак си го задржува нејзиниот Vintage style, без разлика дали е ин или аут оваа сезона или некоја наредна.
    (не ја познавам Домино, ова го напишав чисто за да ти доловам Плавуша што е суштината во Vintage, нар според мене :) ) ;)
     
    На Lacrimosa, Jojoba, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Тоа не значи дека треба да ги става сите во ист кош тие што не знаат да искомбинираат и тие што знаат. Не мора да си го носел 100години за да знаеш да искомбинираш, тоа ми е поентата а коментарот ми дојде премногу дигнат и префриган особено реченицата во стил: Ај за 3 месеци ќе помине и ова нека се порадуваат. Ако е така секој тренд поминува минатата сезона беше леопардскиот принт пример, оваа сезона цветниот итн. Многу навредливо звучеше, стварно.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    [​IMG]
    * шминка

    [​IMG] :inlove:

    [​IMG]
     
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Сe извинувам ако навредив некој, не ми беше тоа намерата а не ми беше ни да се пофалам. Но самата тема беше дали овој стил ни е интересен, дали го практикуваме и што мислиме. А јас единствено што направив беше тоа што напишав што мислам. Тоа е се. И да, овој тренд не е од сега. Може за во Македонија е нов ама не и надвор од неа.
     
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Почит за тие што си го негуваат стилот и се уникатни во тоа.
    Ама јас незнам зошто толку се наидува на осуда на комбинирани стилови.
    И зошто цветна сукњичка по дифолт мора да значи дека е винтиџ и дека ако јас не сум се носела никогаш винтиџ не смеам сега да ја носам?
    Интересно ми е да експериментирам со стилови, нормално не да нафрлам све живо и диво во плакарот на мене,ама на пример некогаш ќе сакам пошироко да се облечам, некогаш поштосно. Е, сега работата е "Зошто ти Ашлинг се носиш така штосно,кога ти се облекуваш широко?"

    Пример оние што навистина го негуваат стилот и се навлезени длабоко во него, знаат повеќе и се смели да се облечат и вака [​IMG], што верувајте трендсетер тешко дека некогаш ова би го навлекол на себе.
    А, ова за мене не е којзнае колку винтиџ,па да се крева толкава фама [​IMG],напротив мене ми е баш интересно да видам некоја вака облечена, иако претходно се облекувала само по фармерки и маичка.

    Е,сега кога зборуваме за вкус или го имаш или го немаш.
    Тоа што Домино го опиша, тип на девојка да речам што наврела све на себе...не би требало да претставува којзнае колкава грижа бидејќи ништо лично не те допира, туку ако сака и гола да шета.. таа ќе биде attention whore, не ти.

    Така да винтиџ дезени ќе се фураат до есен максимум, после тоа можеби повторно црното ќе не надвладее.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Абе дечки, природно е во еден период да има експанзија на некој тренд.
    Во еден момент беа шалварите нели? И сите купивме и носевме. Тие што мислеа дека трендот им помина не ги носат, а оние што стварно си ги сакаат во кој спаѓам и јас, продолжуваат да си носат и да си купуваат.
    Чизмите над колена, исто. Цела зима изнаглеавме девојки, ниски , високи, пополни, ептен полни, слаби, секакви, што ги носеа. Зошто? Затоа што беа демек во тренд.

    Цветовите сега почнаа да се носат, масовно. И сите за нив се фативме да збориме. Има девојки што претходно ги носеле, а има такви што си пратат тренд.
    Мачкастите очила за сонце, се исто тренд сезонава. Јас никад не би ги ставила на мене, ама ете си има женски што пак си пратат тренд и ќе ги носат без оглед на тоа дали стојат или не.
    Долгите сукњи постојат години наназад. Сега кога пак ќе почнат масовно да се носат, ќе си исповадат сите старите или ќе потрчаат по нови.
    А ако дојде тренд готик да се носи, пола град готик ќе бидат. Така било, така ќе биде, и не е чудно.

    Немам против тоа да си експериментираат луѓето со облеката. Впрочем, сите така правиме од период во период. И јас не сум константна со еден стил, па од 12 година така да се носам. Знам еден период да сум повеќе накај винтиџ, а другпат да си терам рок кежуал варијанти. И тоа е сасвим нормално.
    Работата е тука што ние, особено во Ск. сме више-мање робови на модата. Е тоа е друг муабет, и е веќе иритирачки.
    Индивидуалноста се губи. Сите се слични, и најчесто тој што отскокнува(а реално малку се) секогаш е гледан на косо. А периодов, со експанзијата на витиџ, девојките што секогаш се носеле вака, се претопуваат во морето клонови.
    И така...
     
    На Miss-Independent, dancing.queen, soncicko и 5 други им се допаѓа ова.