Ако гледаме реално на работите, многу ретко кој во Скопје, има затерано некој стил сите го менуваат и тоа е сосем нормално. Е сега се зависи од човекот, што му се свиѓа и слично, ама како нема 90% од Скопје да носат цветчиња, кога само тоа има по продавници???? Јас лично, си практикувам винтиџ затоа што мене лично ми се свиѓа, затоа што имам прекрасни парчиња од баба ми и мајка ми, и затоа што си се пронаоѓам во него. Некои стилот го подразбираат само како начин на облекување, а некои како култура и стил на живот.
Јас верувам во тоа дека стилот е одраз на тоа што го носиме во себе, нешто што не може да се искаже, туку се покажува. Различни луѓе, различни стилови, различни ставови. И тоа го прави светот шаренолик и убав. Работата е ти да ја носиш облеката, а не таа тебе. Ти да ја избереш, а не изборот да ти е наметнат. За жал во нашата земја, каде што изборот е ограничен, сведен на минимален, тешко дека некој може да си отскокне и да се покаже баш како што сака. А ако додадеме на тоа и стандардот наш, би требало сите да се шетаме со едноставни бели памучни маици. До толку сме за никаде.
Домино јас те сфакам што сакаш да кажеш. И мене ми е криво што секакви носат винтаџ, само затоа што е модерно. А да знаат па да го комбинираат убаво, да не ти е криво. Сатенска кошула и марама со флорал принт е ајде де разбери се. Некоја што има претензии кон бугарската мода и што се облекува како к*рветина, ќе виде дека е модерно чипка, висок струк и цветчиња и ајдеее и она ќе сака да биде модерна. И тоа плус, по панаѓури и по пазари ќе најдеш имитирано винтаџ облека. И повторно сите ќе одиме како униформи, епа ќе одиме... Пошо ретко кој има стил и кој знае како да се носе.
се сеќавам кога се отвори темава 90%викаа јас не би се облекла вака никогаш асега цел град е винтич..ретко во скопјево да видиш некој кој има стил што отскокнува од толпата ... нажалост
Мене од овој стил ми се допаѓаат некои парчиња облека ама не се.На пример овие што се фустанчињава цветни ми се баш слатки некако интересни ама некои ми се баш бабски...
Ми се допаѓа стилов, има интересни парлиња облека, а и некако необично ми делува. Лежерно а сепак впечатливо.
Во последно време се повеќе и повеќе ми се допаѓа винтаж стилот. Но не би се носела комплетно винтаж, на пример би носела само некоја таква маичка со фармерки или сукњичка или пак обратно. Еве, некои ствари од винтаж стилот не ми се допаѓаат дотолку, зашто се ептен бапски, еве да речеме некои делови од накитот. Маичките и сукњите ми се ок, и фустаните така-така. Единствено обувките не ги мерачам многу-многу. А што се однесува до мене и мојот сопствен стил, јас баш и не следам некои модни трендови, добро ми се десило да купам некоја карирана кошулка (им беше ептен модата пред некој месец) ама не дека тоа било моден тренд, туку зашто навистина ми се допаѓале а и да бидам искрена не ни имало некој многу голем избор за нешто друго, а особено во нашава Македонија. Да, има некои девојки што навистина сакаат да се разликуваат од толпата и да носат нешто поразлично и уникатно (на пример јас) но како што напоменав, тука и нема некој голем избор па што сакаме да носиме а и во прашање е и финансиската состојба на поединецот. А за предрасудите, искрено тие никогаш не ме ни интересирале. Секогаш сум се носела различно, најчесто сум носела широки и долги блузички со интересни натписи и беџеви, големи дуксери (машки да речеме) , па паѓале по некои чудни погледи на мене, често сум менувала стилови се додека не го пронајдам вистинскиот (што сеуште го немам баш најдено) но не сум се ни грижела за тоа. Сепак, во тие години сум, кога го пронаѓаме нашиот вистински стил па во меѓувреме експериментираме и со други, во мојот случај, рок, рап, можам да речам и винтаж во некоја мала мера.. Инаку, да се вратам на темата. Од винтаж ептен ми се допаѓаат маичките и џемперите, ама никако не можам да најдам во Скопјево нешто такво. Маички - да, до негде ама џемпери па и не баш. Накит мислам дека лесно можам да најдам ама како што напоменав погоре, не ми се допаѓа. Но, морам да потенцирам дека мене ми се допаѓа винтаж стилот комбиниран и со други стилови, еве со рок да речеме. Ќе постирам и неколку сликички.
Преубав стил според мене,многу ми фаќа око.Се повеќе се применува кај нас и е тренд,но не секој знае да го погоди
Стилот е ок ама ЦВЕТНОТО е мноооооогу грд принт без навреда на нешто селско ме потсеќа. Ова е само мое мислење секој си има свој вкус
го практикувам стилот многу вакви парчина ми се наогаат во плакарот па и некои од мама што носела супер се
Го практикувам долго време,и на некој начин ова стана многу битен дел од мојата личност.Гледам дека сега кога конечно е пак во мода можам да носам што сакам без да те загледуваат со чудни погледи низ градов како да се прашуваат што бара 21 годишен заглавен во стил од осумдесетите. делови од овие парчиња се секако-Голферски(карирани)панталони,US Polo маица со препознатливите амблеми,Рагби маици исто со многу амблеми,Тексас Јакна по можност без ракави што на маица во V стои ептен супер,да не ги заборавиме Ray Ban Wayfarer и најбитниот дел,подолга коса која залижано е носена (само по потреба,но ретко) инаку се носи разлетана!!! Се обидов да го доловам мојот стил,слики од нет не ставам за да го доловам моментот,вие женските имате стил и имагинација што не се сомневам сите што го сакате овој стил имате веке претстава како изгледа машки член во овој стил )) ама па,малку не има,ке се препознаеме на улица
Почитувам Винтаж стил, но не се. Ги разгледав сите страни на темава и сватив дека од некои парчиња просто ми се лоши а некои ми се толку драги и приврзани за срце. Малце ме иритира што и до овој начин на облекување стигна МОДАТА но тоа е што е.Едино што налетав овде по сликиве е мешање хипстерски стил и винташ стил. Јас ко што знам има голема разлика помеѓу тие два стила. Значи Винтаж е да се облекуваш отмено, а не во скинати фармерки и џемперчиња со сако, тоа е хипстерски. Најповеке овој стил го почитувам како стил за уредување дома, а потоа како стил на облакање. Дефинитивно ми се допаѓаат цветни дезени на тапети и мебел.