Јас обожавам девојки кои тераат различен стил од другите. А овој стил премногу ми се допаѓа. За жал ми се наоѓа тук тек некое парче од мајка ми, а и сум купила фустанче во тој стил. Инаку за накитот имам обетки филиграни, и од тие обетките на времето што се ставале само на ушите, без да се стават во дупчето. Знам понекогаш да се облечам со убаво фустанче како од 50-тите искомбинирано со црни долги ракавици, некако поблиску ми е до мојот готик стил.
Браво, браво, браво за темава ! Го обожавам стилов и често пати знам да си го фурам, ми пречи тоа што низ униформираново Скопје ме гледаат малку како изрод За жал мајка ми не чува многу од својата облека кога била на мои години, па имам само неколку нејзини парчиња, обично сама си правам некои парчиња, најчесто блузички или купувам материјал што ми се допаѓа или стари маички сечам, кинам, шијам ) Накит се наоѓа низ Скопјево, но облека многу малку
Прекрасен стил, необичен за наши простори и уникатен нормално. Но, незнам дали би била способна вакви парчиња облека да искомбинирам сама јас Еве уште некои сликички.
1209, твоето мислење ми запна за око, велиш се согласуваш со мислењето од Лилит и дека не го сакаш стилот, а даваш лајкови за истиот во категоријата Мода и стил Еве на пример мене ми имаш дадено лајк за овие слики. Ова не е vintage? плус и цветно е. Не ме сфаќај погрешно, ама некако ме збуни.
Добра тема! ГО ОБОЖАВАМ СТИЛОВ! Во последно време само прибирам нешто од кај баба ми од плакар И накит некој од неа.. најубав има! Од мајка ми ништо неможам да најдам све исфрлила уште мелечка коа сум била, се модернизирала жената (а по слики кога гледам, баш убави парчиња облека имала ) .. Во продвница ако видам нешто Vintage обавезно го купувам! Не дека не сакам модерна гардероба, но овој стил ми причинува посебно задоволство. А посебно убави комбинации излегуваат кога ќе се искомбинира нешто Vintage и нешто модерно! :up:
Точно Ла чика тоа сакав да го појаснам. Не шетаме како баби, туку комбинираме винтиџ и модерно Ах и јас кога ќе видам слики од мајка ми се нервирам што не ја чувала облеката, очилата посебно- ептен убави имала
Еееее Ла-чика и мајка ми исто ама затоа јас ќе имам на ум и ќе си чувам се Особено ми се допадна делот со комбинирањето на vintage со модерно, и јас го имам истото мислење Сеси кога сме веќе кај очилата, ми одеше да го утепам татко ми зашто фрлил Карера хаха
A да дополнам мене од vintage омилен ми е накитот ("чудно" нели ). Го обожавам, е тој можам да го комбинирам со секоја гардероба. Преубави се саатите, клучевите, бисерите, прстени, филиграни, среброто ... И има разлика од старомодно до старомодно. Некои како блогерката Енди http://www.stylescrapbook.com имаат старомоден-модерен стил, а некои исклучиво старомоден бабски како што викате А се согласувам дека машките не би го сакале стилов, барем мене дечко ми ако вака му се облечам ќе се пресмее сигурно Ама има и мажи со старомоден стил.
Јас за мене си кажав, сакам кога е мешан со модерен стил. Росонерке, иста девојка ни се допаѓа, и јас вчера ставив од неа линк само од фб, некако блогот не ми се допаѓа најмногу. Се надевам дека ќе успее да отиде во Париз како што и е сонот- навистина има преубав стил. А накитот е перверзии А зошто машките да не го сакаат стилот? Немојте сега со стереотипи- сигурна сум дека ќе им е поубав винтиџ отколку фолк ѕвезда стил
Да надополнам и јас... Енди - one of my fav ! Еве нешто, што јас би носела.. И од накит... Посебно ми се допаѓа тоа што кај овој стил преовладува цветен дезен, го обожавам..
Сесија знам дека Енди ти е омилена, неколку девојки го имаат пишано тоа на форумов. Ама Енди е една од најдобрите блогерки, таа има еден куп гардероба, млад дизајнер е, стилист е, добива подароци од светските брендови, е таа има еден куп облека за vintage стил Него не ми беше финтата wow и мажи носат старомодна облека, нормално е ќе си одговараат со девојките од овој стил. Само не е фемина машки форум па да ставам повеќе слики, доста се 3. Иако тие ми се посмешни мора да признам А сум видела низ Скопје такви мажи, иако чудни погледни добиваат. Секако и жените би добивале такви погледни, уникатноста е впечатлива секогаш, посебно класичен старомоден стил. Овој мешан со модерен ми е предобар Ај ќе ставам уште некоја vintage комбинации
сметам дека и најужасните парчиња доколку правилно ги искомбинираш можат да изгледаат убаво (и спротивно се разбира, ама не е тоа темата), иако јас не су се облекла до сега со некои цветни блузички, фустанчиња и сл, ама затоа од мама сум искористила додатоци, како накит и чанти, посебно чанти(нив ги имам дома во изобиство од мама, најмногу се зачувани, па сум ги искористила во некои прилики)
Уфф и мене ми се допаѓа многу стилов винтаџ + модерно = перфект! Баш ми е необичен ! И да морам да си се пофалам ама мајка ми све чува и имам еден куп гардероба 80's ( ама сесга и по сликиве ќе си ја искомбинирам hell yeah ) Еве неколку од мене
ми се допаѓа стилов ама јас лично не би се облекла вака...на секогфо не му стои се...затоа девојки пазете што облекувате и како комбинирате..поззз
Јас со мојов специфичен вкус,не знам дали воопшто сум за било која тема што содржи МОДА во насловот Ај еве да ви презентирам што отприлика мене ме бендисува од овој стил
Има интересни парчиња, кои може да се склопат и да изгледаат супер! Сепак, јас многу многу не сум по стилов :geek: Некако нема да бидам јас ако се облечам вака... Секој си има различен стил и вкус, ама мојот дефинитивно нема ништо Vintage во него А зошто е тоа така, е тоа не знам
Росонерке, ме пресмеа Не реков дека ми се допаѓаат машки со тој стил, туку не ми е јасно зошто девојките со винтиџ стил да не им се убави на машките Сега мислам дека се разбравме :geek: А јас си сакам машки со урбан стил Квинче, алал да ти е, ти завидувам- јас морам да шијам