Морав да напишам коментар за и мене да ме спомнат во таа колумна што се спомнува во секој пост на дотичната колумнистка. Леле топ супер возбудена сум Али вајда зашто не е уште сигурна за изговорот и не сака да го признае поразот па изгледа ќе има колумната англиски наслов. Што е сигурно сигурно си е. Како и да е пораз не се признава, не. Може другата колумна за идната недела да ти е Мојата тврдоглавост, како идеја еве ти. Е така ај и јас еден фустан ќе ставам, таман за до колумната сликичка да има поздрав4иња и бацуФки
Aма ептеМ ми се бендисва фустанов особено оној дел од него каде што ти не си видела дека некој рече ок може моја грешка е. Е тој дел најубаво е скроен на него. Бај Д Веј еве позз и од мене за тебе
Сите тие цветни дезени, уникатни акцесоари, кројот на фустаните прават да го обожавам винтиџ стилот. Штета што по дома немам баш многу парчиња со ретро шмек.
Можеби и оној во кој најповеќе се пронаоѓам, особено Vintage накитот,имам неколку парчиња кои ги обожавам,а и неколку што ги имам направено сама со рециклирање на најразлични делови од се и сешто...
Ах лав ит! Штета само што мајка ми нема од порано останато некои вакви парчиња, па морав нешто да купувам Ми се допаѓа премногу стилов, посебно накитот и сите тие старински мотиви
Сакам да го потенцирам моментот дека vintage не претставува единствено рсасполагање само со цветни дезени и не го опфаќа единствено дијапазонот на облека! Затоашто од претходниве pages гледам само цветни дезени а, vintage is much more than just that.
Ми се допаѓа стилот, посебно цветните дезени. Имам само едно фустанче, сино со розеви и потемно сини цветови . Само еднаш за на свадба го имам облечено, но ова лето сигурно ќе си го носам.
Стилов (како и повеќето други) почна да биднува силуван од фанатиците по мода, па го најдов клипчево и баш ме потсети на муабетите кој од каде ископал некое парче гардероба. (И јас спаѓам во овие, само не сум до толку забегана ) http://www.youtube.com/watch?v=65VgCh2F ... ure=relmfu
Стилот е прекрасен , но во мојов град некој да се облече вака кога ќе излезе низ град ќе го гледат како од Марс да е дојден. Таков ни е менталитет јбг. Иначе стилов е стварно океј и многу ми се допаѓа, баш би сакала да се носам вака но во некои други прилики кога би имала можност да бидам уникатна во стилов , некаде надвор од земјава наша мила.Сите тие работи облеката,акцесоарите,обуквите што се направени по инспирација на модата од 20сетите,30сетите,40сетите едноставно ги обожавам.Тие кроеви,модели,дезени уффф..
Има една блогерка која го негува овј стил и знае да го носи: http://carlymaddox.blogspot.com/ Спојлер http://3.bp.blogspot.com/-M5XYkEkwTeE/U ... g+copy.jpg
Кога сме кај името, зависи како го читаш. Винтаж мислам е на Француски ако се чита, а Винтиџ на Англиски. На Македонски и нема некој превод-старински, ретро... фала на пажња, пријатно. Спојлер п.с. го обожувам стилов и често го практикувам. Имам разни облеки дома, некој ден ќе сликам и ќе постирам дефинитивно http://en.wikipedia.org/wiki/Vintage_clothing - Дефиниција..