Ете и јас сум една обожавателка на овој стил само што ретко можам да најдам парчиња облека кој датираат од тоа време, или пак она што ќе го најдам или ми е големо или пак не ми се допаѓа.
За овој стил, имам само убави зборови. Значи прекрасен е! Женствено, нежно, префинето-ми се зборови, кои целосно го опишуваат винтиџ стилот. Од модни парчиња, во мојот плакар имам една блузичка од мајка ми ја носела кога била млада, многу е убава со карнерчиња е , нежна е многу, и една маичка од некоја продавничка ја купив, розева и многу потсетува баш на тој стил и преубава е кога ја комбинирам со некое такво парче накит. Мило ми е што можам да си најдам блузички, маички, џемперчиња винтиџ, не можам а да не ги сакам. А за накит, секогаш можам да си најдам доста евтини ланчиња на Битпазар, огромна љубов ми се таквите.
Преубав ми е овој стил Иако има некои парчиња облека што не ми се допаѓаат, си носам тоа што ми прилега. (и за годините нормално)
За мене Vintage style не претставува само одреден стил на облекување туку и начин на живот, нешто што ќе те прави уникатен и посебен. Со овој стил сметам дека едноставно ќе бидеш поим за елеганција, префинетост, софистицираност... Без разлика дали ќе носиш модно парче од твојата мајка или баба, ќе пронајдеш модерна облека која имитира vintage style или пак се решиш да ја шиеш облеката, дефинитивно ќе бидете препознаени насекаде, па можеби и ќе инспирирате некоја друга девојка да започне да го практикува овој прекрасен стил. И овде не зборувам само за облеката, туку и за накитот, шминката и фризурата, но најважно од се е да имате vintage душа! Дел од вас секогаш ќе и припаѓа на историјата и романтичните приказни на нашите сакани мајки и баби Неодамна на youtube наидов на една навистина добра девојка потпишана како Veronique Auguste и морам да кажам дека навистина дава добри туторијали и совети доколку се одлучите за ваков стил.
@LanaSGirl а зошто да немаш храброст? Дали се плашиш дека општеството ќе те осудува само поради тоа што тебе ти се допаѓа vintage style? На крајот на краиштата , се работи за тебе и за тоа што ти сакаш Мој наискрен совет до тебе е доколку навистина го сакаш овој стил на облекување, постепено обидувај се да го носиш, или пак пробај да комбинираш vintage парче со модерна облека. Те уверувам дека нема да згрешиш со овој избор. Првично мислев дека само јас го сакам овој стил на облекување меѓутоа сфатив дека постојат и други кои го сакаат но едноставно немаат храброст за таков ,,смел,, чекор. Сепак не постои ништо подобро отколку да го пронајдеш вистинскиот стил на облекување и истовремено да бидеш уникатна
Ќе се обидам да комбинирам некои парчиња а да наликува на модерното полека полека и можеби ќе успеам да го поминам стравот што ќе зборуваат другитте и ќе бидам по смела. И еден ден сигурно ќе го носам стилот храбро и со крената глава .. Ти благодарам за советот
@LanaSGirl, имаш поддршка и охрабрување и од мене, како обожавателка на vintage, а и како поборник на тоа дека секој треба да биде свој и без срам да го негува стилот што му е во срце Еве ти ја за инспирација Idda van Munster, мојата омилена винтиџ блогерка Исто препорачувам и на @Briar Rose и сите љубители на овој стил да ја следат, прекрасна ми е
Eve me i mene tuka. Jas ke ja dodadam Dita Von Teese Zenava e zakon za dolna obleka, baska mnogu senzualna.
@Someonespecial ти благодарам многу што ми кажа за Idda van Munster, во право си, навистина е прекрасна!
Jas imam predlog! Ajde da gi slikame parcinjata garderoba koj gi poseduvame, a imaat vintage style. Sakate doterajte se, sakate samo parcinja slikajte. Jas sum golem fen na ovoj vid stil i imam mozda nesto sto na drugite bi im bilo inspiracija i sprotivno.
Потолно се согласувам, фризурите се преубави Освен подолга коса,многу симпатично стои и на пократка коса...
@toogood тоа всушност е одличен предлог! А дали освен гардероба, може да постираме и слики од накит? Би било навистина симпатично...
Sto imas postiraj. Moze i vintage radio, lampa, masina za kucanje.... Sto imate, a mislite deka e interesantno postirajte. Rabotava e vo zabava da se stavime. Jas utre ke nastapam.