Едноставно го обожавам! Но морам да признам дека не се облекувам така. АКо сте љубители на винтиџ следете ја девојкава Idda van Munster има прекрасен и уникатен стил.
Hey vintage lovers! Неодамна открив една дизајнерка Lena Hoschek која мислам дека креира vintage инспирирана облека. Дури и Lana Del Rey носела таков фустан од дизајнеркава... Еве и дел од облеката од Lena Hoschek... Повеќе облека може да видите на страницата http://shop.lenahoschek.com/online-store.html Незнам за вас, но мене лично многу ми се допаѓаат овие винтиџ инспирирани парчиња Што мислите вие?
Каде да најдам во Скопје предмети за поклон, во бохо стил, рустичен? За другарка ми се Може да се обетки, или некој украс за во соба функционален
Ми се допаѓа многу винтиџ стилот но не се облекувам така. Кога бев средно имав различен стил од другите, емо, па метал, и сите зјапаа во мене затоа што се двоев. Не го сакав тоа зјапање па постепено се изедначив со толпата. Некогаш ставам посмела шминка и дури и тогаш се соочувам со туѓи љубопитни погледи, а камоли да имам ваков стил... Со оглед на тоа што ретко кој така се облекува, знам дека многу внимание би привлекла, а тоа не ми е баш пријатно.
пред некое време дознав дека во бугарија има vintage сесија, те облекуваат во некој фустан како од 20ти век, или на пример како викторијанка или кан кан девојка, те средуваат и ти прават комплетна фотосесија и освен тоа и албум ти даваат од сесијата, па ме интересира дали знаете и кај нас да има вакво нешто
Мене ми се допаѓа премногу овој стил на облекување (поготово здолништата и фустаните) , навистина е тешко да се најде облека низ продавнициве , познавам една жена што ги порачува фустаните од Англија.. Имам желба да си земам еден фустан , ете да го облечам баш за роденденот на ќерка ми , што мислите за овие два