Какво освежување ми е само кога ќе видам Vintage девојка низ Скопјево, одма се приметува, отскокнува од шаблонот! Браво за темава и за феминките кои сакаат нешто различно и несекојдневно. Многу ми се допаѓа овој стил но искрено не би се осмелила да облечам некои парчиња... немам доволно храброст изгледа. Имам некои парчиња во мојот плакар кои секогаш ги комбинирам со модерното или класичното за да не делувам она баш Vintage. Се наоѓаат цветни фустанчиња, кошулки, цветни холахопки и хеланки,чорапи до над колениците, чизмички со врвки, стар тексас,цветни здолништа и здолништа со висок струк итн... (кога ќе се сликам ќе прикачам некоја ваква комбинација во модни критики ) Инаку се согласувам со Росоњерка дека на мажите баш и не им се допаѓа овој стил, има исклучоци но мене мажите ми се само по класиката. Дали мене такви мажи ме опкружуваат па така мислам незнам... Ај нема да ги коментираме нивните вкусови, ние си го сакаме Vintage стилот
Зошто дури сега ја видов темава?! За жал, не можам да постирам слики од мене, зошто немам една нормална, каде се гледа целиот мој изглед, а се носам вака, во Vintage стил. Мислам дека и повеќето приметија, зошто константно оптеретувам со слики од оксворди, шеширчиња и слични такви чанти. Од месец, во месец ми расте бројот на вакви парчиња во плакарот, и за мене е вистинко уживање да носам ваква облека. За жал, од мајка ми немам многу облека наследено (пустата се дала во црвен крст, мислејќи дека поминала модата), а сега кога ќе видам, се што таа носела, јас би умрела да го имам во плакар. Сепак, не се жалам за накитот. Имам обемно наследство накит, па логично од неа ми е пасијата кон него. Да не тупам многу. Еве некои слики. И пак...Знам дека сум досадна, ама без оксвордките никаде!! За сега имам само едни ниски, и едни на средна штикла. Би сакала да ги имам во сите бои....желби... кошулки... Сукњички во главно е задолжена мајка ми да ми шие. Од оние едноставните, со ластик горе. Лесни се за правење, па ако начекам добар материјал, секогаш си купувам, и таа ми ги прави. Фармерките ги носам задолжително свиткани доле, многу тесни, или малку поширочки,освен нормално кога се во чизми. Ги сакам темните фармерки, или оние сиви како стар џинс. Омилени имам три пара и сакам во нив да си киснам. Претерав со постов, ама ја начнав темата. Следниот пат ќе се задржам на чантите и посебно на накитот. До тогаш темава иде во фаворитите.
Многу ми се допаѓа стилот, но не на секој и му стои. Треба да бидеш таква личност за да ти седне стилов. Имам блиска другарка вака се облекува, ама нејзе па и не можам да ја замислам во ништо друго - премногу добро и стои едноставно, и ако се облече обично, веќе нешто не ми штима кај нејзе Би сакала да можев да ви постирам нешто од тоа што таа носи, затоа што некогаш Вивиен Вествуд не и е рамна - но не смеам и не можам Нејсе, јас вакви парчиња имам минимум. Единствено тие кошулките си ги носам затоа што ми се удобни и ги носам често на работа. И секако, филигран едноставно обожавам! Веќе еднаш некаде спомнав дека мразам злато и сребро, сваровски, маровски и други кичести глупости кои премногу светкаат. Ама филигранот ми е прекрасен! Бидејќи необичен накит ми е фетиш, сега си нарачав во винтиџ стил да ми направи другарка ми менѓушки кои ќе изгледаат како мали гобленчиња. Коњи на поило на моите увциња. Или што и да е
Јас кога ќе видам на слики мајка ми каква гардероба имала - ми доаѓа да плачам! Ништо нема сочувано, баба ми се фрлила, нешто дала, нешто донирала, ама дома ништо не и се наоѓа. Имала многу убави цветни фустанчиња, па со некои ремени на средина, штосни сандали, некои чудни, ама интересни форми на ташни, шеширчиња, многу убави карирани кошули, панталони и фармерки - а сигурно се би ми било точно. Имам другарка што носи од мајка и гардероба, ама ја преправа, си имаат машина дома и тук таму нешто додава, нешто одзема, ама баш е штосно! Пред некој ден носеше една ептен фраерска ташна и и викам леле кажувај од кај ја купи, а она: Абе оваа 20 години е стара, мајка ми на времето си ја купила. 20 години стара ташна, ама луѓе - ниту излижана, ниту искината, чичка нова. Ама на времето мајка ми ко што ми кажува, имало квалитет, се одело во Солун на шопинг, сега цела роба е турска и кинеска
За ташната да, имам и јас ама 40 години стара И конечно и ја земав на баба ми, она сеуште си ја носеше ама редо беше да ми ја остави во наследство. Кафена е и кожна, со мали рачки ја обожавам!
Jaс некад знам да се завртам на некоја баба низ град , луѓе стварно носат некои добри ташни. И само забележете им ги чизмите. Абе 50 години ги носат и кожата е иста ко прв ден ни боја изгубила ни се излижала. Јас не верувам дека нешто нормално ќе има од нашава шкарт гардароба. Што да и оставиш на ќерката кога блузите обелуваат по неколку перења, чизми за 2/3 сезони максимум или пак 1 сезона, фармерки се излитуваат ... Ќе изумре вистинскио vintage stil некогаш
За жал така е rassonerka. Ништо денес нема квалитет, онаков за да може да истрае и да се остави во поколение. Ја гледам јас баба ми, како си ги носи кожните чанти, чевли, беретките и крзнените капи и и завидувам. Па како ме боли срце, кога ќе каже: Вие многу пари фрлате на облека, а ништо не носите.Јас повеќе од 20 години си ги носам чевливе. Ах бабо.... Кога сме веќе кај бабичките....вчера во Центар каква стокмена бабичка видов!! Со кожни чизми до колена, ама онака права кожа, се гледа стари ама зачувани. И една таква чанта, да ти се плаче од мака. Па уште крзнена лисица имаше ставено, над маслинестиот капут. Парчиња во кои можам да видам средена и некоја девојка. Сепак, на помладите поубаво им стои vintage стилот. Има некоја посебна нежност и доза на романтичност. И интересен е, се двои од шаблонот кој го гледаме секој ден. Има и доста варијации од овој стил, иако мене помешан со ептен модернистички не ми се бендисува баш...
Супер е стилот...но за жал имам многу малце парчиња и се претежно за лето... Хммм, ќе прочачкам низ плакарот на баба ми, може ќе најдам нешто интересно.
Првин, Здраво на сите,јас сум нова тука Многу ми се допаднаа некои парчиња што ги имате постирано,па би ве замолила ако има некоја од вас уште некоја убава сликичка нека прикачи... Поздрав
Мене овој стил ми е нешто многу убаво, од кошулчиња, накит па се до венчаниците. Баш стил кој што ја репрезентира женската нежност и фрагилност. Немам ваква облека или накит(освен 2-3 кошулки), нити пак имам нешто зачувано од мајка ми, ама сума сумарум кога ќе видам такво нешто, ми се допаѓа.
Ми се допаѓа стилот,прилично е интересен,разигран... Малку накит и две-три кошулчиња имам во овој стил,но ретко се носам вака.А незнам зошто Како што кажа Росонерка,кај нас моментално не ни има некој избор.По нешто може да се најде,али слабо.. А накитот
УФ, лиги ми течат кога гледам ваков накит. Не мора само да е филигран, мотивот е многу битен. Јас не носам филигран, мајка ми го крие. Несмасна сум била, сум губела се ...добро, во право е. Си носам повеќе ланчиња како медаљони, прстени со парички. и такви обетки. Битно, бакарот доминира. И тие некои земјени бои. Сега малку обетки И мора на крајот брошеви. Можеби не се носат нешто многу, ама мене ептен ми се допаѓаат Сите ми се свиѓаат! Ги сакам....