Да се пофалам тетка ми ми подари вчера алка стара нејзина аууууф колку бев среќна И моите омилени прстени А иначе парчиња облека vintage може имам, ама не е финтата да имаш старо џемперче, цветно фустанче, кафена ташна... финтата е комбинацијата да ти е vintage. А немам до толку таква гардероба
Да, во право си. Не е работата да се има пр.цветно здолниште, ако се нема убава кошулка, интересни чевли , или пак било каков детал што ќе ја финишира комбинацијата, на пр. убав кожен старински ремен, или добро парче накит. Јас понекогаш знам здолништата да ги комбинирам со помодерна кошула, или па со еднобојна маичка со ракави до зглобот. Ама сепак ќе нагласам, дека деталите се најважни, и тоа не само за овој, туку за било кој стил! И секако, да знаеш да ја носиш облеката, а не таа тебе. Стил преку ноќ не се гради.
Ми се допаѓа овој стил, кога гледам постари филмови си помислувам “што не живеев во тоа време па да се облекував вака?“ Но сега не би го носела, мајка ми има зачувани облека од нејзиното време, но ако облечам ќе се осеќам чудно..
Сакам да го гледам овој стил на некои девојки. Танки, височки, слабички, со ваков стил на облекување ми асоцира на женственост, романтика, празник за очите. Но, лично за себе не го претпочитам, не сум едноставно таков тип. Ми се допаѓаат чипката, бисерите, шапки и некои парчиња накит. Напоменувам дека чевлите не ми се допаѓаат воопшто.
Ми се допаѓа ретро шминката. Изразени веѓи и усни, изразени контури на лицето, интересно нашминкани очи со многу туш. Женствено, и повторно во мода.
Уште накит!! Овој е малку помодернизиран, ама сепак е во винтиџ духот. Сакам вакви венчиња, поготово првото го сакам. Пастелните бои ми се ептен, ептен убави.
Ги сакам овиеееееееееее чизми, од лани ги сакаааааааам. Зара се. Се кладам дека годинава ќе ги нема. Зара лани ги извади негде претпролетна колекција
Ептен ми се допаѓа стилов. Едноставно се заљубив во сликивее. Штета што сите парчиња кога мајка ми била млада ги фрлила Исто хипи и хипстер стилот ми се свиѓаат. Њу Јоркер нуди интересни парчиња, па може да се најде нешто вакво. Ќе одам во Јоркер кога ќе имам малку парички и ќе си се изнакупам.