Алал да ми е што не ти го пратам животот и сум те прочитала во друга тема? Океј, алал да ми е. ¯\_(ツ)_/¯
Абе не прашувај не гледаш се понаша дрско за едно обично прашање. Се си е на нејзина одговорност во животот што и да прави, нејзино тело нејзин проблем ако сака и 2 месеца нека не јаде, можеш на дете да му кажеш да го посоветуваш на возрасен човек може сам да си носи одлуки и трпи последици.
Е добро де те запамтила, што ако ти постави прашање? И јас не се замарам, ама ете сум те запамтила и јас дека таму пиша, скоро и тоа во активна дискусија. Иначе добро прашање, бременост и пост, на вода поготово само, хм?
Јас не ве запамтувам, не знам ниту дали сте трудни ,ниту мајки ,ни какви проблеми имате и не ме интересира Не можам да поверувам во што е претворен форумов едно лично мислење не може човек да напише од едно здружение што сте тука Мое мислење , имам право на мое мислење и ? Јас пишувам едно здружението оди кон друга тема Алоо олабавите малку
Ок сега почнувам да мислам дека стварно лажеш, си лажела за ова. Како и да е твое си е, и не ми беше тоа поентата. Како и да е прашањето беше општо, не за тебе лично наменето, сакаш учествувај сакаш не, само не драми и не досаѓај додатно.
Јас не досадувам ти ми реплицираш , значи ти досадуваш Кажав заради здраствени причини морам да намалам со исхраната бебето е одлично те поздравува ќе ти пуштам и слика да го видиш штом те интересира толку (пази досадуваш) патем мене ми е галје дали мисли некој дали лажам овде на анонимен форум
Очигледно не е баш паметно, според нејзината реакција, пошо јас само ја прашав дали е бремена со надеж дека ќе објасни како функционира нејадење во таа состојба, дали е препорачано од доктор, дали ќе влијае позитивно или негативно, и такви ми ти работи, ниту пристапив со осуда ниту реков немој да правиш така. Нејсе, потсвеста и несигурноста кажува доволно.
Не ти е форумот крив. Ако не сакаш да те прашуваат не пишувај , ако не сакаш да те коментираат и не толерираш, не пишувај. Има едно право слобода на говор, и секој може да го користи, а ако тебе обично прашање од културен карактер те иритира тогаш во тебе е проблемот не во форумот и другите.
Колку што знаеме не е дозволено ова бидејќи на бебето му се потребни нутриенси. Ама добро твое тело, твое бебе, твој избор. Сигурно никој не мислеше со лоша намера. Со самиот чин мама, ти си второ место, се додека во тебе расте друг живот за кој одговараш ти. Ти до сега не си ја средила килажата, па тек од сега…
Јас не прашав нешто , си кажав дека постам 3 дена и толку заради здраствени причини и да со доктор ја следиме ситуацијата пошто имам многу висок холестолор(покачени маснотии) и ми прави проблем , а и имам и висок пулс друго што те интересира вака? Ова вашето е претворено како малтетирање на форумов , знаете кој што пишел кога како што , све , јас немам намера да ве анализирам и да чепкам низ форумов по вашите мислења Не мислам дека вака беше порано низ форумов
Висок холестерол е нормален во бременост. Ниту еден доктор не би те советувал да постиш за време на бременост, особено вакви строги диети. Во Виена толку се глупи докторите, или измислуваш?
На прашањето што мене ме интересира лично ништо, јас го искритикував твоето понашање. А тоа дали ти ќе јадеш или нема да јадеш , и што си се консултирала со доктор и он што ти кажал е лично твој проблем, ти ќе го раѓаш детето и ти сносиш одговорност за него истото.
Да, нивоата на триглицериди и холестерол се покачуваат во бременост. Тоа нема врска со исхраната, туку самото тело произведува повеќе холестерол за нормален развој на бебето. Тоа секој доктор го знае и никој не терапира висок холестерол кај трудници. Уште помалку да ја тера да пости со вода. Што значи прикриваш вистина за нешто. За што, сама себе се лажеш.