Чекај, бремена и ќе бидеш на пост со вода? Без разлика какви здравствени проблеми имаш и колку килограми си се здебелила, ниту еден проблем нема да се реши за 24 часа пост со вода. Може само да си направиш уште поголем проблем и да си наштетиш себеси и на нероденото дете. Постојат и други начини на кои може да припазуваш на здравјето. Храни се здраво, имај помали оброци но почесто, пешачи, пиј вода и ќе биде. Најбитно сега треба да ти биде да ја истераш бременоста, после терај поригорозни диети ако сакаш.
https://open.spotify.com/episode/2cBzk0I8nFwYp1TJFsqLwc?si=rBCJCq40S32DGrJGkBl_-Q Многу интересна епизода околу постење само со вода, зависно од проблемот што го имаш трае периодот. Кој знае само колку е сето вистина, допрва ќе праат вистински студии.
мнг интересна епизода и се согласувам со мнг работи кои ги кажа иначе баш деновиве се вратив на фастинг со вода. Сакам 2 недели да истерам ама ќе видиме, сега за сега идам со истиот план, недела по недела, веќе пола недела помина Сакав само да постирам резултати од килогирамите од последниот фаст до сега како ми се движат Не ги вратив (сите) килограмите Покачените кг кои ги гледате се +3/4 кг плус кои технички секогаш се враќаат после фаст бидејќи се water weight (затоа и се првите кг кои најлесно се губат како што гледате сега дека пак се вратив на фастинг ете го дипот на крајот) искрено гледав да јадам балансирано но не внимавав скроз, си имав лабави денови а килограмите само варираа плус 2/3 и пак доле бидејќи гледав да сум физички активна и редовно си пешачам по саат време На пола пат сум до идеална тежина, ќе видиме како ќе иде, one step at the time
Јас сум во тимот „против“, наречете ме токсична, балканка, ма како сакате! Ова е изгладнување за телото без разлика дали ќе го наречеш со некој друг збор. Зборува дека е под лекарски надзор, а јас би прашала дали била некогаш на психолог? Каде е психолошкиот надзор тука? Некои членки погоре веќе спомнаа нарушување во исхраната, не го спомнувам прва тука, но и јас не можам да не помислам на тоа. Прво на тоа помислувам уствари кога ќе слушнам за некои ригорозни диети или некои необични видови на однесувања поврзани со исхраната. Симпомите на нарушувања во исхраната се најразновидни и можат да се движат од прејадување до изгладнување, но освен менувањето нагло на тежина се карактеризираат и со: - еден абнормален однос кон храната и јадењето воопшто, - преокупираност/загриженост со својата тежина (и/или облик на телото) и тоа што се јаде, која често води и до - промени во социјалните навики, - низа психолошки симптоми, како на пр. извитоперена/нереална перцепција на своето тело, која вклучува и погрешно толкување на стимулусите и сензациите кои произлегуваат од сопственото тело (како на пр. дека чуството на ситост во желудникот дека е одвратно, непожелно чуство или што викаше една - ако те копа желудникот од глад, тоа е убаво и треба да се истрпи што подолго). Освен нејадењето храна што е главната тема овде, членката самата спомена и други нешта што може да се вклопат во ова што го набројав погоре. Одам по истиот ред: -И во минатото имала нездрав однос кон храната, во смисла на прејадување со одреден тип храна, што таа го нарекува зависност од шеќер. Прво, зависноста од шеќер доаѓа откако ќе почнеш често, па и секојдневно да јадеш повеќе шеќер, а не обратно. (како и секоја зависност значи не настанува сама од себе, прво мора да пробаш). Односот кон храната е одраз на нашите емоции кон себе (како психофизичка единка). Така да секојдневното посегнување по благи храни (или кон почесто јадење било каква храна иако не си гладен, воопшто) е честопати компензација за некој внатрешен психички проблем кој не бил соодветно адресиран и решен. Наместо кон ригорозна диета која исклучува не само јх, туку и храна воопшто, можеби требало да се бара решението во себе и фокусот да се насочи кон внатрешното. - Фокус на надворешното, на физикусот, на килограмите, до ниво на студија - со графици, крвни слики, спремни цитати, примери, студии, па тоа ќе се објавува на интернет, можеби утре и како успешна приказна. Ове е многу повеќе од следење заради (само) контрола... - Социјалните ангажмани и се уредени околку нејзината исхрана, зошто во спротивно не може да се издржат физички. Самата напомена дека диетата не е за луѓе со деца, семејство, што значи за сите што не се изолирани од други луѓе.. Инаку би требало тие да се прилагодат на нејзе и нејзината диета, за што биле нејзините информирани навреме... А напротив, нормалната перцепција за храната е дека таа е онаа која ни дава енергија за да можеме нормално да сме активни, нормално да се социјализираме, работиме и да правиме што ни се прдне. Со други зборови таа е само горивото, помошното средство. Не треба таа да ни го диктира денот, нашето однесување и однесувањето на другите. - И последно: Хипогликемијата која настапила вториот ден од нејадење и чуството на глад која нормално се јавила, ја толкува како симптом на својата зависност од шеќер, (читај болест и нешто ненормално), а не како нормална телесна реакција на глад која настапува зошто два дена не му даваш храна на телото. Тоа што помислува на благо, а не на друга храна при гладување може да е баш заради хипоглекимејата, или зошто едноставно таа храна дава инстант енергија. Обично луѓето што имаат ED тоа го негираат. Изговорот е многу пати дека се хранат здраво, внимаваат на своето здравје и затоа се тие диети или претерано вежбање или кое и да е проблематично однесување. Многу често и самите имаат чуство на вина за своето однесување, па кријат дека не јадат и сл. Бидејќи сме усовршени во маскирање, денес тоа чуство на вина се прикрива со обратното од криењето - јавно споделување на режимот на исхрана. Секако сето тоа етикетирано со други социјално поприфатливи термини од терминот „изгладнување“, како „здрава исхрана“, „грижа за себе и своето здравје“, „постење/fasting“ итн, и во прилог со студии кои или не се заосноваат на научен метод и long-term studies или се во зародиш и со нејасни заклучоци (како случајот со рекордерот во постење споменат погоре). Јавното споделување нуди и не само маска туку и поддршка, што е многу битно за да се надмине таа психичка борба, слаба самодоверба или некој конфликт што се крие во себе и да се издржи себемачењето. Поддржувачи ќе се најдат секако, а оние кои ќе се обидат да предупредат за опасноста ќе бидат оценети како токсични, демотиватори, примитивни и неинформирани балканци и ќе бидат нападнати или избегнати. Проблем е ова, колку побрзо си признаеш, подобро за тебе. Телото памти се што му правиш и треба да најдеш одржлив животен стил и исхрана. Додека си млад можеш да поднесеш одредени психофизички шокови ама тоа не е доказ за успех. Гледајте малку долгорочно.
За твое добро и пишав, како и за доброто на оние кои овде ќе те читаат и ќе го повторуваат тоа што ти го правиш. Ама ова е многу повеќе од едно „мислење“ зошто изгладнувањето има последици по здравјето на луѓето и може да доведе до смрт. Човек може да издржи без храна од 3 недели до 70 дена и тоа е факт, а не мислење. Еве едно видео што многу срочено, хронолошки покажува што се случува со телото во тој период: Дури и да издржиш гладување, не значи дека понатаму нема да имаш здраствени проблеми. Еве само два од можните ризици за здраствени проблеми кои може да се јават кај луѓе кои гладуваат (и се спомнати во видеото): - слабеење на срцевиот мускул кој води до престанок на работа на срцето (cardiac arrest) - изненадна смрт која се случува кај третина од луѓето што гладуваат заради некое растројство во исхраната. Секако ова не е единствен кардиоваскуларен проблем кој може да се развие. - панкреатитис - воспаление на панкреасот, кое истотака може да води до смрт И од двете причини имам прерано изгубено драги луѓе. Ниту младоста ниту тоа што им беа здрави другите органи не ги спаси. Знам како им беше, особено на тие со панкреатитисот и знам колку се мачеа. Не вреди тој ризик за да намалиш кг или да отстраниш бубулици. Има подобри и поздрави начини.
Вака јас ќе го почитувам вашето, очекувам и вие моето. Јас сум под медицински надзор и знам што точно правам и им верувам на професионалците во мојот живот. Ваква општа проценка базирана на профилов не оства убава слика за мнг битната професија психологија, но сакам да верувам дека сте имале убави намери па ете се пишале. Ве оставам на раат, фала уште еднаш сепак ова е деликатен процес кој сега сега се води во одлични околности а и верувам во иднина ќе биде мнг поприфатливо овој начин на слабеење. Една препорака барем слушнете го подкастот постиран погоре. Секое добро
@Cosmic Girl се сложувам од психолошки аспект, вредно е да се спомене и е дел од темата поврзаноста на психичкиот аспект и пристап, да, клучно! Но! Кога има релативно ниска свест за ова, (доказ цела категорија "Здравствени проблеми" и" Диети" овде на форумов) вакви коментари се контерпродуктивни и не помагаат, и на база на, генерализација, и да, не(доволна)информираност. Нарушувањата во исхраната додатно е посебна тема сама по себе, и не знам дали има тема, ама како и да е треба да има, ако се земе стањето и се што моментално се нормализира како "нормално" денес на ова поле. Сега, настрана примерот на @KittyAgnes која ја отвори, темата е општо за пост на вода. Со прав и здрав пристап (психо-физички) постовите, па и на вода, поготово денес, каде се конзумираат токсини на секојдневна база, можат да бидат, и се продуктивни за здравјето(што и треба да му биде примарната намена). И може на пример и тоа да се вклучи, и биде фокусот на дискусијата за промена.