Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Water Fasting - Строг 30 дневен пост на вода

Дискусија во 'Диети' започната од KittyAgnes, 29 јануари 2024.

  1. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    57.218
    Пол:
    Женски
    Помодарство на секое ќоше, диети со рестриктивни намирници исто така, нутриционисти и тренери недоучени едн тон...

    Зошто побогу еден месец не би јаделе??? Пост како пост без храна и вода може на дневно ниво ама ова цел месец??? ај не се зафркавајте нема ништо здраво во тоа...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Ова за за соковите е многу точно и јас го читав истото пред некој ден, а токму влакната во овошјето го превенираат ова нагло ослободување на инслуин, колку што разбрав. Освен тоа, се работи и за прецепција на цедениот сок како пијалок, не како храна и уште повеќе и повеќе пиете, додека јаболко, две, портокал ќе ве направи полни и сити и не внесувате дополнително.
     
  3. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.077
    Јас ова го научив од книгата Metabolical, таму баш опширно и детално објаснето што се случува со влакната од овошјето, со шеќерот, како влијае на инсулинот и на црниот дроб итн.
    Јас пак пијам цеден сок понекогаш, стварно е превкусен, ама не се лажам дека е здрав или дека нешто добро му правам на организмот.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    kakvi benefiti ima? citas covekot umrel na 50/51 god
    kako mozete da im veruvate na glupostite po net sto citate
    dali si normalna ?
    i brat mi ima problemi so tezinata doktorot mu rece da jade 5/6 pati na den no po malku i nikako da ne gladuva
    mozokot bez hrana se susi a ovaa za benefiti zboruva ?
    jas mislam deka ovaa tema e stetna za lugeto i ne smees vakvi idei da davas , forumot go citaat i luge koi ne se registrirani i smetam deka treba da bide izbrisena a ti glupiraj se sama doma no ne steti na drugite
    i neka dobijam ban mislam deka ne si normalna
     
  5. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Неедуцираноста огромни штети прави. Постојат нутритиенти во храната кои се есенцијални за организмот и негово правилно функционирање, здравјето е најбитно!!
     
    На theowndemon и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.274
    Допаѓања:
    76.330
    Пол:
    Женски
    Да бе јади бутај се што не треба... збедели се, после слабеј со вода само. Лудост. Здрав начин на исхрана и физичка активност и цел живот ќе сте и здрави и витки. Нема брзо да ослабнете, ама здраво ќе ослабнете и ќе ви стане животна навика. Ако толку не ви се вежба, бар често пешачење. Вака ќе ослабеш страшно брзо, со огромна штета на организмот... и после пак ќе се вратиш на старите навики...
     
    На Skyler, Glowy, ToksycznaReakcja и 5 други им се допаѓа ова.
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Баш така.
     
    Последна измена: 1 февруари 2024
    На mariz и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Јас имам држано 21 ден пост на вода , одамна тврдам дека шеќерот е најголем непријател на човекот
     
    На Gosh и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  9. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.077
    Сакаш да споделиш искуство? Љубопитна сум.
    @KittyAgnes како оди?
     
  10. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Моментално иде вака, на повеќе од пола сум да ја завршам првава недела.
    Screenshot_20240203_015415_Zero~2.jpg

    Се чуствувам добро, немам некаков side effect и си ги терам секојдневните обврски и сум физички активна. Поради емотивно незрелите и некултурно набиени коментари (јбг балкан) немам некоја желба да постирам, но сепак ќе чекам да завршам една цела недела и ќе дадам детален искрен опис како поминав. (Заедно со детали на мојата информираност, идни подготовки, бидејќи деф. не лежам само и чекам фастов да заврши и на останатата професионална поддршка што ја имам)
    Се читаме наскоро :)
     
    На TamaraSJ, Justicija, see.emily.play и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.984
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно од кога си јаде прејаден да речеш леле ќе пијам само вода 30 дена, ај ќе те прашам 4тиот ден.
    Тие што кажуат издржале 10 12 14 дена е зошто сигурно бар имаат за тоа време конзумирано нешто ниско калорично па не го сметаат за јадење.
    Абе 21 век, нутриционисти, фитнес тренери, абе се ви е на дофат и упорно се оди по најлошото или таблети за слабеење или екстремности па коа ќе ти надојде таа волја за бинџ после толку долго време од лишење на храна ќе се чудиш зошто 20 кила плус си качила.
    Сметајте калории и теретана и кога ќе изградите солидна мускулна маса ќе можете да го зголемите внесот на калории.
     
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.623
    Дајте статистика колку умреле од вода пиење, а колку од такозвани диети држење и чаеви за просеравање пиење?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.077
    Те разбирам.
    Спомна дека на друга платформа ќе го документираш процесот или нешто погрешно памтам?
     
  14. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Да да пиши ми порака ќе споделам, само таму го постирам целиот мој процес не само постењево, ова е само почеток, бидејќи планот е пост, па пола месец мнг внимателен refeeding и на крај градење мускул односно личен тренер и теретана и нормално целосна lifestyle промена со сосема нов пристап кон исхрана. Пак ќе кажам дека сум категорија 1 obese и имам мнг различен жив. стил од секојдневното македонче. Се решив да не постирам тука веќе, се надевам дека повеќето ќе се едуцираат и ќе видат дека имаат повеќе опции да пристапат кон еден проблем и секако дека би го подобриле начинот на комуницирање и би го контролирале импулсот на емотивни реакции( што се долични на 5 год деца.)
    И да, нема да се вратам на старата тежина и да можно е да се истрае комплетно без да мамиш :)

    сите кои ги интересира нека ми пратат порака, ќе постирам на друго место (english lang.) и таму ќе има и слики со прогрес
     
    На NoirSerpentine и Gosh им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Да можеше и ти да го контролираш твојот импулс за јадење немаше да сме тука, ама еве не.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    За секудна се осетив пак дека сум во основно :D
    Мала шала :) За жал не знаеме се што се случува во нечиј живот и што го довело да стигне до тој степен нели? Ви посакувам убав ден и секое добро :l:
     
    На Didajo и Gosh им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Јас искрено ти посакувам успех во целта и здравје. И ме интересира прогресот со постов, ама ако си решена тука да не споделуваш, океј, твое право. Ти ја отвори темата и треба да имаш цврста самодоверба, да не дозволуваш коментарите да те тераат да бегаш и да се криеш, напротив ако сметаш дека доаѓаат од неедуцираност, тогаш едуцирај. Веќе кога ја отвори темата, де.
     
    На do-re-mi и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  18. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Глеј го тоа вака ако 98 посто се негативни реакции, немам мотивација да продолжам тука да постирам бидејќи ова е сепак...мк... Зачленета сум на други форуми и комуницирам со луѓе од европа и америка (приватно и професионално), каде имаат мнг различен пристап кон изразување и проток на информации. Знам дека јас ја почнав ама јас сум само една од многуте кои можете да ги најдете по нет кои имаат мнг успешни приказни со water fasting. Само сакам да го доведам животот во ред и си го ценам мирот а луѓево конкретно во темава се премнг токсични. Мојата самодоверба се истакнува преку начинот на кој што комуницирам ама нема по секоја цена да го трошам времево меѓу луѓе кои се недолични и го користат форумов како твитер.

    Како што кажав кој сака нека пише порака, ќе може да го следи мојот прогрес

    Фала мнг за добриов коментар ги ценам вашите зборови :l::l::l:
     
    Последна измена: 3 февруари 2024
    На NoirSerpentine, Gosh, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, не знаев дека само тебе ти е дозволено перфидно да навредуваш на темата.
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.651
    Допаѓања:
    39.389
    Пол:
    Женски
    да бе токсични луѓе кога некој ќе ти каже факти...аман од зборов