Девојко ова е брз пат до развивање растројство во исхраната, упати се на психолог. Ова е далеку од здрав начин на размислување.
Тоталено нездрав начин на слабеење. Ништо нема да се постигне, само може голема штета да се направи на органите.
Види, не викам дека не те разбирам, и ова не е вистина, и дека и сама вака не сум се чувствувала и не сум споделувала ствари баш од истите причини. Само верувај баш и тој "проток на информации" не е секогаш полезен. Мене лично не ми беше поентата да додавам на таа "токсичност". Како и да е ако и колку сакаш да споделуваш твое си е. Еве сега те прашувам ако сакаш да се дообјасниш каков ти бил режимот на исхрана претходно, што планираш после, зошто на пример се одлучи за овој, не на пр. детокс на течности(со џусеви/смудија односно внес на нутриенти) И постот на вода може да биде полезен, но ако се прави со вистински причини и начин. Искрено мене лично ако е само за губење килограми, а не првично здравје, ми е turn off (било каква диета/пост не само овој) . Еве и еден апел да се стишаат страстите, не мора секогаш баш за се да се надмудруваме и сме цинични со македонски зачин. Ама и ти не ги сваќај сите коментари/критики како "негативност".
Мене ми се очисти кожата , хормоните ги воведов во ред ,све си беше супер Ако ви се јаде јадете си и не солете памет колку е штетна
А ослабе конечно, задоволна си моментално? Се доведе комплетно во ред пошто викаш и на хормоните поволно влијаело? Знам често држиш диети и се занимаваш со оваа проблематика и баш вака на екстреми се решаваш. Ако толку полезна била зашто тогаш уште се фрустрираш за килажата и бараш начини да ослабеш?
Не само на органите.. на мозокот, на хормоните, па се до репродуктивниот систем. Некои работи после тешко се опоравуваат... па колку и да има бенефити ова, се додека има ГОЛЕМ БРОЈ ризици за здравјето.. не би се нафатила да го правам. Особено ако сум и млада девојка, која понатаму планира и да раѓа.
Јас се убедувам да се ставам на пост среда и петок и верувајте ова ми е тешко, а не нешто повеќе. Секоја како мисли така, ама ова мене ми е алармантно некако, загрижува фактот дека е само вода..
Најдолго 3 недели, повеќе пати по една недела, побеќе пати 3 до 4 дена, и на секои две недели по еден ден задњиве година дена...
Ок малку инфо повеќе за целава работа бидејќи реакциите се бурни, добив неколку пораки ама и јас требаше да дадам повеќе детали на време. Part One: Team effort Целиов фаст не го правам сама, туку така еден ден ми текна да почнам од што ме мрзи да вежбам и сакам да ослабнам. НЕ! Интезивно истражување и спремање 3 месеци унапред, заедно со консултација на медц. лице, професионален тренер и нутриционист! Барање повеќе мислење и споредување на фастов со 24 часовна поддршка на лекар, плус со поддршка на сопругот! -Спремањето подразбира - 3 месеци намалување постепено на исхраната, постови, откажување постепено на меси производи на млечни итн. Докторски преглед, крвна слика, хормони, инсулин проверка, холестерот итн инт Сите можни работи (мојата историја) се додека не добив ЗЕЛЕНО светло дека јас сум одличен кандидат за оваа работа.Значи не е секој за оваа работа особено не ако имате одредени заболувања. Part Two: Now is the TIME Овој фаст немаше шанси да го почнам ако не бев лабава овој месец со обврски, работа и итн инт. Живото ми е бизи, сега гледам дека ако не го искористам овој месец кога имам време да спијам кога сакам, да се успорам максимално, да посветам екстра внимание на моето здравје мислам дека сериозно никогаш нема да имам време за оваа работа, а фастов не се прави ако трчаш по деца, трчаш по работа и други милион обврски. Едноставно не се препорачува Part Three: Obese category 1 Не мора да имаш над 200 кг за да бидеш прогласен за обис. Јас за жал стигнав да бидам категорија еден и тоа си носи мнг здраствени проблеми, од боли во стапалата, до тешко спиење итн итн Да не навлегувам во детали, ако треба да смалите мала килажа, не е ова за вас воопшто. И да, не се прави ова за убавина и за да ослабнам само. Part Four: Addiction Не може генерални совети да очекувате да делуваат на сите луѓе бидејќи сите сме различни. Само треба да скратиш од ова, да внимаваш на ова и на ова и да идеш да вежбаш. НЕ! Значи треба ние да се познаваме и си бидеме максимално искрени со себе и серионо да си го чуваме здравјето. За жал јас спаѓам во addicted personality. Не можам да изедам само еден ред чоколата, не можам да изедам 2 кришки леб итн имам сериозна зависност со шеќер и не можам тоа да го заменам тие работи со рецепти од природни состојки (кисел леб, домашни благи) бидејќи тие ги прејадувам... И на крај како со секој наркоман, изворот на сите тие штетни работи го пресеков скроз, после 3 дена не ни сакам да пробам повторно некои од тие работи и МОРАМ мнг да се чувам од нив. Исто е ако на алохоличар му кажете, почни помалку да пиеш и не зимај ништо жестот, стави се на пиво...Не бива нели? Part Five: Education Пак да ве потсетам месецов имам време да се РЕ-ЕДУЦИРАМ и да се спремам комплетно за моментот кога ќе заврши фастов. Секој втор ден зборување со нутриционист, спремање листа на продукти кои СМЕАМ да ги јадам, да се научам да читам правилно состав на храна, кои состојки да ги преферирам итн итн. Читам и книги на темава, слушам podcasts и си ја преиспитувам целата моја историја и начин на исхрана. Ментално го менувам мојот пристап кон храната, за да не се случат неколку опасни работи после фастов и за да си го чувам здравјето после фастов. Си го ПРЕАДАПТИРАВ и домов за да функционира во моја полза се ова (да посебно место за моја исхрана во фрижидиерот итн) Пак, мнг сум зафатрна цело време и немам толку енергија да посветам на овие работи ама овој месец бидејќи распорерод ми дозволува го искористувам максимално ова време! Не чекам да заврши фастов и да се вратам на старо. Part Six: Stop Најбитното, немој по секоја цена, откажи се кога сакаш! Дури и само 1 ден фаст му е полезно на телово. Мислам дека горе доле опфатив се што се однесува со панот и како тече работава. Кога ќе имам повеќе време ќе пишам бенефити и искуство Извинете за некои грешки се брзав додека пишував
Па ти токму тоа го правиш со фастов. Имаш зависност ама не ја решаваш зависноста, туку пробуваш да се правиш дека ја нема. И ако не знаеш како да се справиш со неа, утре пак ќе се вратиш после фастов. Ко што алкохоличар нема да го спасиш ако му го криеш алкохолот, така и ти нема да се извлечеш од зависноста со нејадење. А пристапот кон храната ментално ко што си пишала вака не се решава. Добар ментален пристап знаеш што е? Имаш контрола и организираност што да јадеш за секој оброк па ете да речеш денес јадев здраво ама не е страшно и ред чоколадо. Или изедов пица, ама ете вечерата ќе ми биде нешто похелти. И ако толку може човек да функционира само од масното ткиво, оти да не се препорачува и за "растрчани" луѓе? Оти сепак не ти дава толку енергија нели? И пишав пред некој ден, увек храната се гледа само како енергија, калории итн. Витамините и електролитите не се енергија, не дебелеат и слабеат па шо ги фермаш.
Воопшто не ти верувам дека вистинско медицинско лице, односно доктор ти дал зелено светло 30 дена ништо да не јадеш. Еден месец без храна е нешто за кое се завршува во болница, ама ти си добила амин дека тоа е океј? Ахам да. Освен ако не е некој онлајн самопрогласен доктор алтернативец. Тогаш, откажи ги нагло само шеќерите. Зошто го откажуваш тоа што е есенцијално за живот само заради твојата зависност од јаглехидрати? Буквално иститот ефект ќе го добиеш, со таа разлика што ако нагло откажеш само леб и чоколадо не си го ризикуваш здравјето и животот.
Како се осеќаше во тие 3 недели? Имаше болки во желудникот и цревата? Како "излегуваше" во веце? Имаше главоболки? Може малце детално прашувам, ама ме заинтересира. Викендов го гледав "Society Of The Snow" (што е според вистинска случка снимен) и таму почнаа да јадат луѓе после една недела нејадење ништо. Затоа ме интересира што осеќаш после толку време на невнесување ништо, поготово во стомакот како ти е.
Хело, мал но голем (за мене) упдејт. Недела дена фаст завршено! Продолжуваме напред. Неделава беше доста интересна и поминав прилично добро. За жал стартната тежина не ми беше 77 како што мислев, туку 80 кг. Сеуште бев активна, пешачев по саат, саат ипол секој ден, обврски бркање, пиење стрикно Пролом вода 2 литри најмалку, електролики секое утро. Ако ми станеше тешко да изгурам вечерта, ставав малку хималајска сол во чаша вода и одма ме креваше. Ми се исчисти лицето и таму моментално имам најголеми промени, подбрадокот го снема, образите се намалија, заликувам на старата ја (најмнг се радувам за подбраокот) Си го средив сонот, односно квалитетот на спиење и кога си легнувам (имав мнг лош распоред) Облеката што ми пукаше пред недела дела, сега можам удобно да ја носам. Не смалив број ни под разно ама барем облекава шо веќе ја имам олабави. На кратко ја изгубив целата water weight, сега моментално а и понатака очекувам дека поспоро ќе ги губам кг и ќе видиме како ќе иде. На кратко деновиве Ден еден - Се е ок, ништо страшно се контролирав немав проблеми цел ден, цревата кркореа малку ама тоа е тоа. Ден два - Малку тмурен ден. Интензивни главоболка и огромна желба за шеќер (зависност) Ми дојде да го прекршам фастов ноќта, за малку ќе го направев тоа. Заклучив дека треба порано да си легнувам. Ден три - Тука веќе, нема идење во вц по you know what, мада имав прилично мнг гасови. Тешко заспав, вртење во кревет... Ден четири - Тука приметив дека подбрадокот го снемува, лицето потечено ми се опорави. Добивам пак желба за благо (значи не општо нешо да каснам конкретно само благо) Изгурав и се радувам што го завршив 4тиот ден. Ден пети - Кожата мнг сува и сабајле тешко станувам. Ми се допаѓа кафето без шеќер сега и чаевите ми имаат поинтензивен вкус. Не чуствувам глад. Ден шести - Супер, не чуствувам глад, имав доста обврси, ги завршив лесно. Малку трчање навака натака ама поминав супер. Ден седми - Исто супер, не чуствувам глад. Битна работа е со сите овие активности ги правев успорено, значи внимавам мнг на тоа. Станувам споро. пешачам споро итн итн, и си прилегнував кога и да се почуствувам уморно. Обавезно попладне поспивав по саат време и обавезно пешачев толку. А да и обавезно знаете сите витамини, магнезиум посебно, и пијам еден сируп од doctor Woltz. Еве ја графата како паѓа тежината без бројки, значи ова скоро се е water weight затоа е толку континуирано слабеењето. Така да исто толку брзо се враќа оваа тежина. Исто така се припремам секој момент да го откажам ова, значи имам спремено храна специјална за после фастинг која ќе ми помогне да го зачувам овој reset на телово и нема да ми создаде проблеми (значи да го популирам метаболизмот со нови позитивни бактерии и други бенефити)
Тенксссссс Ако не се чуствувам добро, уште сега ќе прекинам, тоа секогаш стоеше како правило број еден Првичната цел беше 30, но следејќи како губам кг и со оглед на тоа колку брзо се врати во нормала телово мое, проценуваме дека 15 до 20 дена ќе биде сосема доволно. Ама ќе видиме...
Веќе 4 години наназад цедам и пијам по 2л некогаш и 3л сок, секој ден, не поминал ден без цеден сок, шеќерот ми е одличен