Хелооо Еве ме пак, завршена и цела втора недела фастинг. Не се секирајте, не ми се исуши мозокот, ниту органите, ниту завршив во болница ни на психијатар Мала шала Епа луѓе ме стигнаа и мене обврските особено последниве 3 дена каде немав време да одмарам како што треба туку бев цел ден на нозе трчање навака натака, па одличивме денес да го завршиме фастов, со муабет дека секогаш можам да го продолжам кога сакам ама моментално не е изводливо. Да, мислев дека месецов нема да ме стигнат сите обврски ама згрешив. Го завршив фастов со бистра супа од говедски коски и едно варено јајце. Лично не ми се верува дека поминаа 14 дена откако немам јадено и ептен сум задоволна со себе како издржав, испадна дека не е толку тешко откако ќе ги изгураш кризните почетни денови и самото тоа дека имав тим позади мене ми даде мнг сигурност. Повеќе не припаѓам во obese 1 категорија, ама сум неколку килограми плус и тие ќе си ги симнам школски. Е сега еден од бенефитите кои ме изненади е колку чисто и остро размислував и колку бев смирена. Иако бев прилично физички успорена умствено бев мнг остра и ептен станав свесна за голем број на стимуланти кои сум ги користела кроз денот и како ми влијаеле на мојата смиреност. Исто оваа драстична промена ми овозможи да го сменам односот мој кон храната и кон самата себе. Инсулинот среден, кожата средена, облека собира, и вооружена со ново знаење и пристап кон исхрана! И ова морам да го кажам, од 4 ден па натака нема идење во вц нели по you know what, епа ептен се изненадив кога на 10 ден, 11 и 12 јас сепак бев по you know what. Просто не ми се веруваше дека телово има што уште за исфрла Битно целиот впечаток е дека мнг брзо се опорави телово откако му дадов пауза,па и да го продолжев фастов ми беше дозволено максимум 20 ден. Еве ја графата каде веќе втора недела гледаме стабилизирање на кг и после тераме кон уште намалување
Ако не е премногу лично, дали беше вклучен и духовниот аспект во процесов, дали ти се зајакна молитвата, изоштри духовниот вид?
@KittyAgnes agnes само вода пиеше? Дека спомна и кафе мислам. Чаеви, ѓумбир, цимет нешто? Ова исто може да потпомогне во хемијата на мозокот и смиреност, како и заситеноста.
Да, очигледно и од таму смирението Се разбира се вратив на читање на билбијата и други световни книги. Се си е поврзано според мене. Ако сакаш пиши ми порака Едно кафе сабајле без шеќер (еден ден испив 2 и киселини страшни ми се десија) И навечер чај од нане без ништо. А кроз ден и навечер пролом вода.
Извини шо ти влагам у муабет но немој Пролом вода да ја пиеш како нормална вода. Пролом вода има мн натриум и магнезиум и не се пие 1 до 2 чаши на ден.
Колку кг симна со фастов од 2 недели? Спомнуваше обрвски итн, во работен однос си или онака обврски? Од ендокринолог совет да праам фаст да јадам само еднаш дневно, ама се мислам ќе паднам, нема да издржам, нагло станувам често по децата, плус имам сон сврзан 4 саати едвај Волку екстемно не се ни обидувам
И во раб однос (од дома) и општо обврски (надвор од дома ) Не е страшно да правиш O.M.A.D (гуглај ќе најдеш резултати убави) ама не може туку така ендокринолог да ти препорача а да не ти ги знае обврските, колку спиеш и мал милион други фактори за твојот живот и колку ти е изводливо тоа. Плус зависи и колку килограми имаш вишок и секако ако веќе ти препорачува треба и да те спреми (за да не се плашиш или да не знаеш што да правиш во случај на вртоглавица ... итн) Можеш во најмала рака да пробаш еднаш во неделата и да видиш како ќе се чуствуваш и после да си го следиш телото. Не е страшно да се проба, ако пиеш доволно вода и ако оброкот ти е протеински богат (месо, млечни производи и зеленчук, пауза прави од лебови и слично што може да ти го качи инсулинот) и во вистинско време на денот да јадеш. Па после види дали можеш 2пати во неделата. Не се секогаш изводливи овие работи кога имаме обврски ама вреди да пробаш. Ќе ти пишам порака за кг
@KittyAgnes, јас сум underweight, слаба според многумина, но постам одвреме навреме по ден, два, два и пол и супер се чувствувам, но ако се решам за подолго, може ли да ми кажеш еве како полека се враќаше на исхрана. Секако, засега не сум решена на еден месец пост, но еве за подолг период, какви совети доби, што применуваш, како не би дошло до дуење и желудочни болки. Однапред благодарам.
Не сум стручно лице да делам совети, имав тим позади мене и сите препораки од нив беа специјализирани само за мене, мојот метаболизам и животен стил и за мојата прекумерна тежина. И секако јас лично ова не го препорачувам на underweight човек воопшто. Да повторам бев obese категорија еден. Од понатамошни дискусии сериозно нема потреба и немаш потреба од строг пост
Ама забележувам низа позитивни ефекти. Вишок вода исфрлам, посмирена сум , поприбрана во умот, со подобар фокус и посконцентрирана. Мислам дека ми влијае позитивно и во однос на анксиозноста. Секако, не сум била над 3 дена, е сега на моменти сум многу поспана преку ден, а навечер пак се будам во повеќе наврати. И чувството на контрола е предобро, барем за мене.
јасно само имај на памет дека со правилна квалитетна исхрана и со активност можеш истово да го постигнеш. Да не навлагам во детали но телесната хемија и умствениот склоп на обис човек (кој се бори со себе и килограмите) и со човек кој е премнг слаб е драстично различна и иако постојат овие бенефити, не значи дека им се препорачуваат на сите луѓе. Секое добро
@BlackNight Колку време сакаш да постиш? И од што ти се состои обично исхраната? Зошто не пробаш прво да качиш неколку кг со здрави намирници(не знам колкку си underweight)па потоа да ја одржуваш килажата, односно паралелно со неколкудневни детокс постови на течности ? Иначе како иде сега Кити пост-постот, со исхраната што конзумираш? @KittyAgnes
Иде полека и стабилно ама пак со мнг труд Ко што гледаш кг се стабилизирани и неделава после постов немам качено. Има повеќе фактори кои морам да ги имам во предвид сега. На пример во кое време да јадам, колкава порција, колку споро да јадам, залак по залак, како да препознаам кога сум вистински гладна итн За исхраната - строго домашно приготвено месо и зеленчук (месо печено или во сопсвената маст или со путер, никако зејтин ништо пржено), без пецива или таков тип на јаглехидрати. Јадам и јајца и малку урда. И секаков тип на домашно направена пробиотска храна - моментално пијам кефир и јадам ферментирана зелка. Си го следам телото да не ми се надуе или потече (порано имав често такви реакции) сега за сега се е ок И најбитното морам да јадам кога вистински сум гладна, да имам контрола додека јадам, порциите да се мали/средни и да завршам порано со јадење за телово да има време да си се опорави. И активност. Сега почнав со мерење на степс, почнав со 10,000 чекори деневно, целта е да се стигне до 20,000. па ќе видиме понатака
Бидејќи не станува збор за бројката и не сакам да тригернам некој да си помисли дека ова е брзо решение за таа негова бројка, која треба да ја симне. Здравје можеби за неколку месеци ќе објавам слика before and after
Па никого не го тераш со сила режимов да го држи ,како и секој режим се губат кг зависно од персоната , пак не можам да те сватам зашто не кажуваш колку кг симна
Ги имам во предвив претходните коментари, дека ги тригернала темава некои луѓе затоа подобро приватно Кој сака отворен муабет тука сум за пораки
Сосема случајно налетав на објава од групата на фб здравје од природата од Фадил (кој претпоставувам повеќето го следиме на фб) и воедно ова е 9 ти нутриционист кој истото го пишува како и останатите нутриционисти, ама секако не се попаметни од @Angie1432 и @Ajronmen еве објаснете зашто не е така, чисто да не се брукаат нутриционистиве де, не за друго....