Епа очигледно не може. Ок ај не ви се мешам додатно, нема везе, продолжете. Само стварно ме интересира зошто мора да се иде од екстреми до екстреми само? Детоксот вклучува повеќе од ова. И да, детоксот на течности е полезен за организмот. Не, не мора по да се пијат по 5кила на ден. И пак темава е за воден пост, посебна си има за пост на сокови.
... Иначе, нели може една за споделување резултати, една посебна за дискусија. Вака се губи смислата на темата, и темата воопшто штета.
Не, мислев една тема посебна за дискусија, позитивни и негативни страни, а една за споделување резултати, за што и беше отворена. Вака целата тема се сведува само на дискусија и надмудрувања, и се губи желба да се споделуваат резултати уопште, ко што пиша и @KittyAgnes . Оваа, или тие за џус фест, пост, како и да е.
Што рецепти за живот на вода, жити се??? На утро 2 чаши вода, за ужина 1 чаша вода, за ручек 3 чаши вода, за вечера пола од ручекот, ако во меѓувреме осетите глад напијте се пола чаша вода. Овој животов на вода ви е многу погрешен за организмот.
Ај некој што знае и е стварно информиран што е тоа, нека одговори, да знам, евентално дали да отворам тема. За лимонова мислам има, ама не знам за општо рецепти дали има.
Нема посебен рецепт. Цело време пиеш мнг вода. Не пиеш како по 8 чаши на ден туку по неколку литри. Обавезно електролити во текот на денот, дали насабајле или навечер.Тоа ти ќе си одлучиш. Ако тешко ти е станувањто сабајле и ти треба време тогаш напиј се електролити, ако навечер си премнг исцрпена и ти треба енергија тогаш електроли итн итн Исто така ако кроз денот се чуствуваш омалаксано малку сол во чаша вода ќе ти помогне. Можеш кафе да пиеш без шеќер без нишо и чаеви исто без ништо. Можеш и витамини да пиеш и магнезиум посебно....И баш тоа е тоа
Да, на тоа мислев рецепти за детокс води и чаеви, за време, или надвор од пост, јас обично дека правам.
Мојата рецепта од тренерот за детокс вода е: 2 литри вода,неколку кришки лимон, неколку парчиња краставица и стапче цимет. Да отстои најмалку 4 часа пред конзумирање. Јас си ја спремам од вечер за утре .
Спојлер: Сори Забораив тогаш да ти одговорам, стаив у букмарк, и еве дури сеа ми текна. Ова е копирано од тоа што и пишав на @KittyAgnes во лична порака Прво што ќе ти препорачам е да пиеш флаширана, или филтрирана вода, оти јас пиев вода од чешма, и фатив камен на бубрегот (ова кога ја држев најдолго, три недели, во Германија. Може тука водата е потешка, али за секој случај). Првите три дена ми беше најтешко, имав глад секако, и големи главоболки, но потоа ми беше лесно. Немав глад, но не ми се пиеше ни вода, па со сила ја пиев. Електролити, или вода со сол пиј навечер, оти можеш да добиеш страшни грчеви во сон. Кога ќе го завршиш постот, почни да јадеш супи, смути, нешто лесно, а не одма храна. Ако не ти е добро, небитно на кој начин, престани одма, ич не му ја мисли. Можеш да продолжиш со аутофагија, прогуглај. Тоа ти е она коа јадеш еднаш на неколку дена. И тука на форумов може има тема. Јас ослабнав тогаш едно 15 кила, се осеќав супер, кожата ми се исчисти, хормоните ми се средија. Само може понекогаш здивот да ти мириса, и зависно од квалитетот на водата, и да ти се таложи забен камен. После тоа иам постено уште неколку пати по една недела, онака. После почнав два пати месечно, на секои две недели, по еден ден. Едит : т. е. на Млада и Полна Месечина.
И за у вц, излегов еднаш вториот или третиот ден, и можеби уште еднаш потоа, не се сеќавам искрено. А за мочање, тоа нормално.
Почнав пак со постов на вода моментално сум 40 часа , не чуствувам глад , нивото на енергија ми е само малку паднато па да видам колку ќе издржам Одам да пешачам сега