Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

WATTPAD - интернет библиотека

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од thefashionbooklover, 19 јули 2014.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Јас поезија не сум читала досега на wattpad, ќе ги прочитам овие што сте ги ставиле тука.
    Не сте свесни колку ми е мило што почнавте да читате од оваа апликација. :hug: Едвај чекам да ја почнете Storm and Silence, сигурна сум дека ќе ја обожавате. :inlove:
    Едит: Моите класици чекаат ред, едвај чекам да ги прочитам, ќе почнам со P&P, сестра ми ми рече дека штом можам да ја читам Storm and Silence, ќе можам и оваа. Секако, ќе биде потешка бидејќи е со вистински викторијански стил. Ама сигурно е многу поубава на англиски.
    Следна ми е Џејн Ер, а можеби и Островот на скриеното богатсво, за лектира ми е, не знам дали е дозволено на англиски да се читаат. :?:
    Не знам дали приметивте, на книгите има и коментари, мене ми се многу интересни, има некои луѓе што знаат баш да те изнасмеат низ пасусите. :D

    @Ketchup @Someonespecial (а и другите, оставете кориснички имиња во темава), она што ви фаќа око ставајте во reading list, за да можеме да се следиме кои книги ги читаме. :wasntme:
     
    Последна измена: 31 декември 2015
    На Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Sledete ja one girl, devojceto super pisuva na srpski
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Ја завршив Storm and Silence. Дефинитивно најдобра книга што сум ја читала на wattpad. :inlove:
    Ќе ја коментирам во соодветната тема бидејќи е од верификуван автор.
    Има и продолжение, но има излезено само една глава од него. За жал, тоа не е добро на wattpad, книгите се пишуваат глава по глава. :(Останува да си чекам секоја среда нова глава. :D
    Да ја прочитате книгава обавезно. :!:
     
    На Victorian и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    @Lella, guess what kind of news I've got for you? ^_^
    Ја завршив денеска Storm and Silence, веднаш го почнав и продолжението. Многу ми се допадна книгава, пред сè заради временскиот период во кој е сместено дејството, а и начинот на кој е опишано викторијанското време, посебно оној софистициран сарказам што е присутен цело време. [​IMG]
    А и авторските белешки на крајот на секое поглавје се врв... абе предобар е авторов :bow:Штета што сега продолжениево сè уште го пишува, па ќе треба да чекаме за нови поглавја :lol:
    Ја препорачувам на сите што ја користат апликацијава... @Ketchup, да ја прочиташ и ти обавезно кога ќе имаш слободно време. :D
    Фала на препораката Лелче :hug:
     
    На Ketchup и Lella им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial Еееј, кога ја заврши жити сè? Мене ми требаше многу повеќе време, поради јазикот веројатно. :D
    Баш си велев да те прашам до каде си деновиве и ете... Многу ми е мило што ти се допадна, да знаеш. Е сега, со душа ќе ги чекаш средите како мене. :lol:
    Ама Роб бил многу зафатен и изгледа само еднаш месечно ќе имало апдејти. :( Ама не знам колку е точно, засега редовно излегуваат секоја среда, пу пу. :D
    Сакам да си ја имам в раце книгата, ама ја нема за испраќање до Македонија, а неодамна излезе во paperback. Штета. :)
     
    На Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  6. MacaMarchy

    MacaMarchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Обожавам да читам на Wattpad, пред да си легнам читам и кога ќе станам читам, буквално сум на некој начин зависна од него. Порано читав Fanfiction сега не баш, сега читам Teen Fiction, Humor, Werewolf, Fantasy итн. Ако сака некој предлог за книга нека ми пише ако сака некоја од оваа категорија. Ако морам да издвојам едни од омилените ми се Bad Boy isn't my type, Strictly business, Pretty bad things, Living high school to the fullest, My College life, The girl he never noticed итн.
     
  7. Bibliophile

    Bibliophile Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Супер што сте отвориле тема за Wattpad. (y)
    Една од омилените авторки(аматерки) тука ми е Scarlette Drake. Најтопла препорака до сите да ја ѕирнете нејзината приказна The Persistence of Memory, мене лично многу ми се допадна! Доби и награда на The Watty Awards претходната година.
     
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Еј, супер, се активираа повеќе членови. Јас моментално ја читам The Cell Phone Swap. Интересна е, ама почна да ми здосадува, а и немам време за читање периодов. :) Ќе ги додадам вашите книги во Reading List.
    Мои предлози: Storm and Silence (Historical fiction), The bad boy's girl, My Wattpad Love (Teen Fiction)
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  9. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Дури сега видов дека има тема за wattpad:D Веќе 3 години ја користам апликацијава.Одлична е за оние кои се почетници во пишување и за они неоткриени таленти.Претежно книгите се на англиски јазик ама се почесто се сретнуваат и на другите јазици.Освен самостојни и необјавени книги се сретнуваат и дела од познати автори иако првобитната цел не е тоа.На почетокот читав без престан нон стоп ,сега дневно проверувам дали имам updates и читам околу 2-3 книги , и имам уште многу кои ми се во library и чекаат се надевам ќе ги прочитам некогаш.Немам специфичен жанр ој го читам ама дефинитвно се се врти околу teen categories од поомилените ќе ги спомнам :
    Artgirl (продолжение на Mailboy)
    Coffees with Luke and Audrey
    Paper Sails
    како и многу други .Инаку да се надоврзам имам слушнато а и прочитано многу добри работи за Storm and Silence ама лично ја немам прочитано (може тоа ќе се смени во иднина)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Paper Sails ја меркам одамна, ама многу малку прегледи има и не доби watty па затоа и не ѝ обрнав внимание. Сега ќе ја додадам во reading list, ќе чека ред. :D
    Инаку, да си ја прочиташ Storm and Silence, нема да зажалиш, верувај ми. И јас читав вакви жанрови, teen fiction и многу ми се допадна, иако е historical fiction. :)
     
    На teddi и Ketchup им се допаѓа ова.
  11. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Јас си ја користам апликацијава веќе две години и ја обожавам! Одлична е, со огромен избор на секакви книги, за сечиј вкус.
    Имам пролитано многу, но ќе ги издвојам:
    The girl he never noticed
    Upon a time
    Recompense ( fanfiction)
    Овие многу ми се допаднаа.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал што секое второ мислење на темава е од мене, но дојдов да препорачам една книга:

    Chasing Red, јас сè уште ја читам, стигната сум на малку повеќе од половина и засега се држи доста добро, иако авторката малку претерала со кулминацијата, сепак, тоа е нешто поразнично на wattpad, каде што секој конфликт веднаш се решава.
    Со оглед на тоа што книгите многу често забушавуваат и ми здосадуваат уште на првите 10 глави, оваа ми е многу интересна.

    Анти-препорака: The Cell Phone Swap, едно мноогу долга, досадна, клише измишљотина која ќе беше во ред да не беше пишувата по калапот на wattpad (good girl, bad boy) и да не беше инспирирана од Ангелски повик на Гијом Мисо.
    Ги содржи сите оние глупави ликови како на пример: наивната душичка како главен женски лик, the fuckboi што ги врти сите женски како главен машки лик, the hot brother на главниот женски лик кој е over protective и ултра забавната другарка на главниот женски лик која сите „мораме“ да ја посакуваме во нашите животи.
    Генералниот впечаток на оваа книга ми беше кобни и досадно долги глави кои ги читав по еден саат едната. Не ја читајте книгава.
     
    На HappyGirl:) му/ѝ се допаѓа ова.
  13. HappyGirl:)

    HappyGirl:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Обожавам да читам книги на Wattpad. Досега имам прочитано околку десетина книги, а најубава досега е Becoming Beautiful. Воопшто не е слична на повеќето книги на Wattpad кои се, како што кажа @Lella погоре, good girl, bad boy. Ја препорачувам на сите. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. S.ataneR

    S.ataneR Нов член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ne mi odi angliskiot bas najdobro :sweat: pa da mi preporacate nekoi knigi na srpski/hrvatski posto gleam na makedonski nema...
     
  15. HappyGirl:)

    HappyGirl:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Книги на српски/хрватски многу ретко, скоро мислам и да нема. :| Зошто не пробаш да читаш некоја на англиски, па доколку наидеш на непознат збор, едноставно да не провериш што значи? Јас иако одлично го владеам јазикот, научив многу нови зборови на wattpad. Пробај, нема да зажалиш. ;)

    Дојдов да ја препорачам книгата Just A Friend, од серијата на книги Will I Always Be... Ова е првата книга од серијата, авторката ја најави и втората со наслов (Will I Always Be) 3000 Miles Apart (ако ја имате прочитано првата книга насловот ќе ви биде јасен), но уште нема напишано ништо. Сепак, ја препорачувам првата, приказната е супер, малку клише, но одлична за читање. Верувам дека и втората книга ќе биде супер. :)
     
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Со Wattpad се запознав летото 2015та, кога познаничка за време на летовањето спомна за апликација која ја има на телефон и ѝ овозможува да чита книги, па дури и да пиша свои, кога сака.
    Од тогаш па наваму постојано читам, и на листата и во архива имам преку 350 книги од секакви жанрови и писатели.

    Како мој избор ќе ги издвојам Ластор книгите, пет вкупно сега засега. Серијалот започнува со "The odd miss Lastor", а потоа следуваат "Lost in a Reverie", "Forget me not", "The heir" и "All of me".

    Фасцинирана сум од сите книги, иако сосема случајно се "докопав" до нив. Се сретнав со strong language каде што нема правописни и граматички грешки и сите книги се баш тоа- книги. Ова прво го издвојувам затоа што за мене најбитно е како книгата е напишана и едитирана, а на wattpad се среќаваат "книги" кои не се достојни да бидат наречени ниту обични литературни творби според тоа како се напишани.
    Очигледно писателката знае како да си ја врши работа. Одлично осмислени теми, сцени и ликови. Те води низ делото како низ сценарио и многу лесно можеш да се соживеш и навлезеш во суштината доколку го сакаш тоа.
    Чисто информативно, писателката е насловена со Pen With A Mouth или Romana Clef.

    Само не би пепорачала да ги прочитаат личности кои пред сѐ не располагаат со јака психа, и како второ, не се open minded. Ова сето можеби звучи филозофски и изгледа како непотребно напишано, но ако некој сака да ја сфати поентата, мора да ги исполнува критериумите од погоре.
    Зошто? Затоа што доаѓате во судир со нарушени психи, насилство, обиди за самоубиства итн., работи кои не секој има способност да ги апсорбира и "свари".

    Има делови кои нема да му се допаданат на читателот, како и во секоја друга книга, но тие се занемарливи во споредба со пораката која ја праќаат.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Леле луѓее,па не знаете колку сум среќна што @Lella ми ја покажа темава,а јас досега си мислев нема ич луѓе од Мк што читаат на wattpad:lol: Јас сум толку опседната што глава не кревам од телефонот..Дека и јас пишувам 4-5 книги па апдејтнувам и сл.. Инаку мои предлози се: Me and my stepbrother,The intern(Cristiano Ronaldo's fanfiction али фејв ми ее и The end of summer:inlove::inlove:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    И јас си читам книгички на апликацијава. :inlove: Има доста интересни и добри книги иако се аматерски (така да ги кажиме). За After одамна слушнав дека ќе се снимало и филм името на Хари дека е променето во Харолд и писателката Ана Тод разговарала со Daniel Sharman (Teen Wolf) за тој да биде главниот лик, ама нема новости во врска со тоа. Јас само првата книга ја имам читано After и сакам да прашам дали е објавена како книга и дали ја има некаден низ Македонија?
    И некоја препорака убава книга трилер/мистерија измешано со романса?
     
    На Olitomboy12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Јас се опседнав со Rob Thier, да ви кажам каков After, какви бакрачи, тој е царот на wattpad. :D
    Му ги прочитав трите дела од Strom and Silence, иако последниот уште се апдејтира. Исто така, ја прочитав и Black Diaries (колку што има излезено), исто така одлична книга.
    Јас му предвидувам прекрасна иднина на Роб, верувам дека ќе стане познат писател. Навистина има неверојатен талент. И иако е Германец, англискиот го владее подобро и од самите english-speakers. :D
    Уште трите дела од The Robber's Knight ми останаа, ама некако не сум расположена за нив, а и првенчиња му се изгледа. :D
     
    На stranger2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Мене верзијата на After што е на Wattpad по не ми се свиѓа од верзијата што е во книга претворена ги имам симнато тие верзии што се продаваат како книга и доста се подобрени во јазик во се. Омилена ми е. А од другите во последно време немам нешто прочитано оваа што ја кажа ти Storm и Silence што книги се?