Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

WATTPAD - интернет библиотека

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од thefashionbooklover, 19 јули 2014.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Историска фикција, прекрасен стил, едноставно да не ти се пушти од рака книгата.
    Се работи за феминистка во 30-те години на XIX век во Англија која додека е облечена како машко добива понуда за работа во многу елитна компанија како секретар на шефот. Е сега, тој поставува услов, таа мора да биде облечена како машко секој ден на работа.
    Сепак, работата не е толку лесна како што изгледа, особено кога мора да се справува со затворениот, ладен и строг Mr.Ambrose.

    Да не ти откривам повеќе, верувај прекрасна книга е, мене ми е омилена на wattpad. Освен романса, има и многу хумор, а и дејството е во најинтересниот период во Англија според мене.
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  2. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Ќе ја почнам кога ќе имам повеќе време . Фала на инфо. ^_^
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга ми е Captured, која е 2014 Watty Award Winner. Додека ја читав имав чувство дека веќе го имам прочитано истото, или барем слично на друго место. :D Ја завршив за ден-два без постојано читање бидејќи стилот на пишување беше лесно разбирлив. Искрено, ме држеше во неизвесност текот на настаните, иако беше можеби веќе видена приказна, ама и крајот тотално ме разочара. Дури и оној алтернативниот што го напишала авторката. Книгава е тутната во хорор жанр, ама за мене не беше нешто хорор во текот на целата приказна, можеби хорор во смисла киднапирањето и траумите кои ги има девојката подоцна.
    Доколку сакате нешто полесно за читање, ја препорачувам книгава.
    И дајте некоја препорака, каква било, само да не е некоја со ептен клише приказна. :D
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    Јас денес излегов од мракот и ја открив апликацијава :) До сега само пдф и Киндл, а ова било супер :)
    Денес успеав да прочитам една "книга" - со оглед на тоа дека и фали едитирање, лектура итн. Не знам баш дали е книга, се вика Roommates. Премногу teen за мој вкус, но не беше до толку трагично да не можам да ја прочитам :)
    Давајте предлози :)

    (Не сакам научна фантастика и врколаци и тин фикшн)
     
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller welcome to the club. :party:
    Инаку, си нашла која да ја читаш. :D Остави ги настрана тин балалајките од типот good girl, bad boy.
    Од овој сајт има една трилогија која ја препорачувам буквално на сите шо ги знам, а читаат на wattpad.
    Storm and Silence, погоре ја имам опишано, сигурна сум дека ќе ви се допадне, и тебе и на @Moonstone.17.
    И јас не ги сакам врколаците, оваа е одлична, по оваа ја препорачувам Chasing Red, ако си за драма.

    Оваа Roomates ако не се лажам беше напишана од една сексуално исфрустрирана авторка, многу плитка и глупава книга, никаква. Можеби и најлошата што сум ја почнала (не ја дочитав).
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Јас ја препорачувам Confessions About Colton книгата е целосно напишана на Wattpad но мене не ми е довршена некаден на средина сум и досега ми изгледа доста добра и интересна. Мистерија е, те држи во неизвесност, се сомневаш во сите. Има добиено и Wattys награда. Едноставно останувам без зборови на некои фрази што ги употребува авторката, многу детално и убаво опишува. ^_^
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    Па Ватпад таа ми ја препорача прва :) Оваа што ми ја препорача ја ставив во ридинг лист. Инаку ај и тука да прашам - на ватпад или во пдф, Дневникот на Ана Франк дајте :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ја имам на англиски, ако ти врши работа. Пошто е .epub фајл неќеше да ми се прикачи овде, па ја ставив на линков, можеш да си ја симнеш оттаму. :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    Ако, Англиски, Македонски, Српски, Хрватски - се` може :)
     
  10. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Колку сум среќна што ја најдов темава, искрено. Јас се дружам со Wattpad две години еве, и освен што си уживам да читам книги така, многу си го подобрив и англискиот. Неколку од моите омилени книги на ватпад:
    Storm and Silence
    The Heartbroken Heartbreaker
    Modification (оваа е Tom Riddle fanfiction, ама една од најдобрите книги што сум ги прочитала во животот).
    Perfect Addiction
    The Lonely King
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. latenightinparis

    latenightinparis Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Го обожавам Wattpad и веќе сум околу 3-4 години член. Имам прочитано премногу книги но можам да кажам дека омилена ми е Saving Elliot. Сакав повторно да ја прочитам но за жал, авторот/авторката ја избриша и повторно ја прикачува но не е completed ;(
     
  12. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    И јас ја барам Ана Франк на wattpad ама не можам да ја најдам.. Инаку ја уживам да читам fanfictons ,а и да пишувам богами:$
     
  13. Блубери

    Блубери Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Сакааам да читам на wattpad луѓе, кои ви се омилени дела?
     
  14. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    И за ова има тема:party:
    Конечно ја избришав, а член од 2012. Што се непрочитав таму, па запознавање пријатели, чекање updates, плачење, сакање, хејтање по карактери. Ми беше мое мало место онлајн и слатко гилти плежр:l:
    Али со новите промени, сите џемс од книги се со плаќање, а и немам трпение да гледам преку проблемите кој се глорифицираат.
    Tho:!: ја симнав Inkitt, слично на стар wattpad за да следам само една книга.
     
    На stranger2 му/ѝ се допаѓа ова.