се јасно ама цените им се ненормални да не речам неприфатливи за наш пазар а и тие да може се професионални не викам не добри с ефотографиите али многу некако добија на цена !!! ги бираат клиентите и тоа прашања од типот каде ја сиевте венчаницата каде е свадбата , а тоа хотел е или обичен ресторан алоооооооооооо
Не сум знаела дека и они те бираат тебе Треба само да си земат пари и ич да не им е гајле кај сум ја шиела венчаницата и со каква кола ќе ме возат. Бог да чува!
Затоа ако бев со намера да се омажам во животот сакав да се сликам св Наум Охрид.Заради целиот тој шмек романтичен.Можеби и најубавото место во Македонија.Идеално за фотосесија, посебно делот од езерото што е зад црквата св Петка.Прекрасно. Битен момент е местото на кое е создадена фотографијата т.е. самата позадина.И квалитетна камера се разбира.
Малку претерано Најубавите фотки,конкретно од мојата свадба,се оние спонтаните,а не местените од типот на пољупче,погледче,прегратка,потпирање на дрво ,зиркање од грмушки и слично Зависи од тоа човекот колку има осет да улови спонтани моменти.Дали во играње,дали се гледаме со маж ми,дали мајка ми ме гледа со насмевка,дали сестра ми ми става кармин,дали сум седнала на столче изморена додека ги пречекувам гостите па чекам нов да влезе,пијам вода во играњето ете такви некои фотки,кои ги имам во мојот фото албум.Фотографии каде од еден наш поглед,сосем случаен,а кој фотографот го доловил,се гледа нашата љубов.Мене една таква фотографија ми стои во рамка,а не од оние наместените. Не сакам ништо лошо да кажам,зошто секој си има различен вкус,ама сето она тегнење-мажот на една деверушите на друга,или буткање на кола,а младоженецот ја вози ми е ептен НОНСЕНС,нити ми е убаво за гледање
Туку што го разлистав последниот албум на нашава Љубам, луѓе перфекција, ќе ја замолам ако сака и ако има право дозвола од младенците да ги користи, да постави неколку да ги видите. Фантазија, и Љубам, да не беше другар ми толку убиствено добар фотограф, дефинитивно ти би била избор бр. 1 за мојата свадба, иако не би било чудо да те побарам, не знам што да кажам, фотографииве се лудило.