Китенки,бонбони,корпи,машни... Какви беа вашите детали(китенки,бонбони,корпи), колку долго траеше изборот?Можеби сами ги правевте или ги нарачавте и колку ве чинеа? Еве неколку слики (инаку мои изработки,но првата слика морам да потенцирам е идеа на другарка моја јас само и помогнав за нив)
Eве уште неколку работи кои сум се потрудила да ги направам (можеби на некого ќе му послужи како идеа)
китенки, бонбончиња и декорации на чаши Какви бонбончиња имавте на вашата свадба? Од каде ги нарачувавте ? Дали ги правевте? Како изгледаа вашите китенки и дајте некој интересен предлог за декорација на чаши? Навистина имам јака дилема што со овие ситници. Ајде давајте ваши предлози
китенки, бонбончиња и декорации на чаши Овие бонбончиња се од свадбата на сестра ми, таа несакаше класични бонбони туку нешто што ќе им остане на гостите за спомен а исто така и со тортата делеше бонбончиња со украс со младоженци, но тие само за девојките
^ Браво Снежна кралице Инаку,јас на ФБ побарав неколку страни,кои имаат убави декорации од китенки до бонбончиња,им пишав порака и преку меил неколку ми пратија ценовник.Планирам да имам поубави од поскапите бонбончиња,ама помалку не за сите гости,и по можност по еден гербер убаво издекориран на масата со убави салфетки.Машните на хотелите во ресторантот се златести и бордо,јас ги одбрав златестите и планирам да ги искомбинирам со зелена боја,темно зелена,зошто драперите се зеленкасти исто и лустерите. Инаку сеуште во потрага по идеи
Па сакам да е нешто интересно..нескојдневно, со весели бои и да не е многу тешко за изработка зашто сакам сама со другарка и со мајка ми да ги правам. Е сега незнам дали тие се викаат прстени или држачки за салфетки ама на ова мислам... За подлогата знам ќе ја направам со сатенски лентинчи, ама незнам одозгора што да ставам да биде поинтересно
девојки би сакала да ве прашам дали сте виделе да се продаваат некаде само срцињата од овие бомбончиња, бидејки се прилично скапи а треба да поделам околу 300 може и повеке (за сите гости) па да си ги направам сама. Поздрав
ова се китенките за младоженецот старосватот и деверот и за на рака има за старосватицата и кумата јас сакав од природно цвеќе преубави беа
Јас почнав со правење на бонбончињата , не е многу тешко ама си сака време, туку сега ми текна и китенките да ги правам, зашто во делта прес ми делуваат прескапи за материјалот кој е користен, исто и во мавровка проверив (20 денари нај евтиното со едно конче свиткано како машничка ). Материјал има на женски пазар ама не ми се оди пак таму, едвај истрпев претходниот пат за бонбони кога идев, таа нивна језива музика од секоја страна, нецивилизисани будали, ќе те изгазат. Да не знаете каде на друго место можам да купам материјал за китенки, ружички, ленти и сл.? Зар само на женски пазар има Слика-откако ќе ги направам
Мислам дека нема на друго место дека кога ние правевме за сестра ми само таму најдовме се што ни треба, па ајде за свадба се работи ке истрпиш малку
Плетени корпи за бонбони да не знаете каде има, ама не накитени, сама сакам да ги накитам, на бит пазар не најдов, на зелено нема,на женски пазар најдов некои китени без врска. Да не знаете каде има? Инаку во кеса од Тинекс ќе ги ставам
Оооо тенкју, на нив не ми текна. Ама д куесчн ис нау како да отидам сега до таму. Морам да смислам некоја варијанта, зашто пешки од бит пазар не ми се иде. И сите патишта накај брачана тераат, а јас не љубам натаму да одам