Сноу-квин ќе ти биде ли тешко да ми дадеш идеја за лижавчиња срце, глеам дека имаш доста избор, јас имам набавено некои ствари ама не сум одбрала што конкретно ќе им правам па сум во фаза на прибирање идеи ПС: Во темата за бидермаери имаш ставено некои опции што ми се допаѓаат па би сакала да ми пишеш за која цвеќара се работи ,ако не ти е тешко!
^нема да ми биде тешко, пиши одприлика што сакаш какви детали, па ке ти помогнам. А можеш и преку ЛП ако сакаш.
^^ LoOnyd, еве една слика од нашите лижавчиња (овие црвените со машната). Доколку сакаш некој поромантичен стил би можела да ги направиш на пример со ружичи (гледам ружичките се популарни меѓу невестиве ) Може и со суво цвеќе. Или со тул и чипка, или па со свилена машна во боја по избор, па може и во две бои да ви бидат, едни за гостите од кај невестата другите од кај младоженецот. Можеш на конец да нанижеш различни монистра и со тоа да ги врзеш. Лижавчињата се баш згодни за експериментирање со украси. А и за послужување можеш да смислиш нешто нестандардно. Можеш многу интересно да ги набоцкаш на нешто, некој убав послужавник што и понатака би можела да си го користиш. Еве неколку идеи. http://webshop.alakaart.be/modules/gall ... lollie.jpg http://www.theperfectwedding.nl/blog/wp ... uiloft.jpg http://www.imadedinner.net/wp-content/u ... hoto-1.jpg Јас не се замарав со корпи и такви работи (според мене тоа се сосем тривијални и непотребни ситници, но тоа е друга приказна). Си ги понесов лижавчињата во метална кутија и на типот од ресторанот му побарав некој голем сад. Ми донесе една убава здела, стаклена четвртаста ама спирално извиена, ги истурив внатре и чао пријатно.