Јас мислам дека може да се направи нешто вакво, ако не исто слично, зашто јас со моите другарки за еден роденден од наша друагрка и дадовме чаша(за млеко, чај) на која беше поставена наша заедничка фотографија. Така да, сигурно постои некое решение и ова да се направи а е навистина интересно, освен да се праша во некое студио.
Бонбони Секоја невеста со тортата дели и невестински бонбони. Обично бонбони се давале на оние девојки кои биле немажени, за срека. Денес не е повеке така, туку без разлика на возраста, полот, мажени/немажени секој се граба да земе бонбонче. Мене ова ми беше најтешкот дел, бидејки пред масата се наредени роднини, другарки и секој сака да добие, а јас не знаев на кој попрво да дадам .
Китенки Кога доаѓаат сватовите кај девојката на вратата ги пречекуваат две девојчиња, кои ги китат сватовите. Со тоа се обележуваат сватовите од страната на младоженецот. Откога девојките ке ги накитат сватовите, тие оставаат пари и си ги делат девојките меѓу себе. Невестата го кити младоженецот, свекорот, свекрвата, деверот, кумовите и старосватовите. Обично китенката се става кај мажите на палтото, додека кај девојките на раката. Како е во другите градови, дали го има овој адет или е поинаку? Тука можат да се ставаат слики од китенки
Бонбони Кога ќе дојде ред, моите сама ќе си ги правам и знам само дека ќе бидат виолетови и бели, а моделот ќе го изберам тогаш