Мислам дека сум единствениот на кој серијата не му е по вкус... едноставно не ми влезе под кожа, не е онака како што јас очекував дека ќе биде. Зорле ја гледам.
Да се приклучам на фан клаб. Тим Буртон, не очекував ништо помалку. 10ка од мене! Инаку не ми се допаѓа Гомез, ама намерно таков го одбрале за серијата
Серијата сама по себе не е ништо ново и иновативно, но глумата на Jenna Ortega е извонредна. Исто така предобри ликови и глумци, а дискретната комедија ја направи серијата уште поинтересна. Како дете што порасна со Хари Потер, можам да кажам дека Wednesday ми ја долови најблиску атмосферата на филмот и ме врати во детството. 8/10 -за глумата и носталгијата.
На почетокот ми беше некако ептен детинеста. И морам да кажам дека Гвендолин многу ми личеше на Клер од Аутлендер, да не знаев ќе мислев она е. Џена одлична за улогата, супер ја долови. Спојлер Другото беше многу проѕирно со тоа што демек негативците беа претставени ко очигледни негативци и со самото тоа се знаеше дека не се тие, а тие демек позитивци беа предобри за да бидат реални и со самото тоа се знаеше дека се вистинските негативци, за мене барем. Предобра беше nothing else matters и одлично вклопена, музиката генерално придонесуваше за атмосферата. Неколку моменти ми се издвоија, Спојлер кога Енид се претвори во волк баш во моментот за да ја спаси Среда, и така бестрашно се џитна на чудовиштето. Другиот момент беше кога Тајлер го покажа вистинското лице и од невино, шармантно момче, се покажа психопатот. Глумата тука му беше маестрална. Мортиша не ми се допадна, како што кажа некој погоре, премногу заоблено лице, ја памтам по острите јаболчици. И Гомез исто некако не беше погоден, Фестер требаше да е малку поодвратен, не за џабе е Фестер. На крајот, не беше лоша, забавна беше, ќе ја гледам и втората сезона.
Да не се повторувам и јас со истото, во кратки црти да кажам, се е перфектно, само Мортиша нема врска со Кетрин Зета, си треба жена повисока, со тенки половини, облини, шпицесто лице со истакнати јаболчници. Кетрин Зета е too cute за да биде Мортиша. Ептен ја згрешиле и за на изглед и за глума не ми е баш Мортиша вајб. Шознам, можеби намерно така избрале.. Не мислам оти некој ја глумел или ќе ја глуми Wednesday подобро од Џена Ортега, совршено вклопена во ликот!
Тим Бартон ми е од детските симпатии, природно серијава ја бинџнав и ја обожавам. Многу луѓе коментираа дека крајот беше предвидлив. Мене не ми беше. Многу лесно паѓав во стапиците на дефокус. Ликовите ми се добри. Приказната ми се допадна. Брзо се гледа, а сепак остава впечаток. Џена Ортега ја знам "од дете" на Никалодион, и мило ми е шо ја гледам да свети во друга улога. Исто како Ејден процвета во Umbrella Academy, а ист почеток имаа со Џена на Ник. Накратко ептен се радувам ко ќе видам млад актер шо го знам од улога претходно кога бил мал, и после го гледам како растура. Warms my heart.
П р е м н о г у ми се допадна серијава, сите некако ми беа погодени во улога и plot-от многу интересен, едвај чекам да излези втората сезона. Пријателството меѓу Вендсдеј и Енид ми е едно од омилените нешта во серијата, Енид ми е најомилен лик (си најдов дури џемпер многу сличен како еден од тие што ги носеше ) и сцената кога конечно се прегрнаа со Вендсдеј најмногу ме допри. Читам по коментари луѓе ги "шипуваат" двете и стварно се надевам дека нема тоа да се случи оти не мора баш сѐ да се романтизира, премногу се потценуваат вистински платонски/пријателски врски.
Ја изгледав серијата и многу ми се допадна.Гледам ќе има и 2ра сезона.Едвај чекам Искрено не очекував таков крај,напнатост,смрт,Тајлер,таа црвенокосата.Уау премногу нешта што ме изненадија Омилени ликови ми се Xavier и Enid.Многу ја сакам Енид бидејќи секогаш е добронамерна кон Среда. @Amellie13 може ли да ми кажеш кој џемпер и од каде?Фала.
Спојлер Многу ми е сличен, во Вајкики во Битола случајно го сретнав последен беше тука, на другарка ми и викам види го колку Enid vibes ми дава, ме убеди да го пробам и го зедов. Дури отпосле сфатив всушност колку сличност има. Ко тинејџерка се осеќам ама многу на мерак ми е, иако малку кус за мој вкус.
Леле штета што е Битола.Јас баш после ќе одам до Вајкики и ќе видам да не има некој ваков или сличен барем Прекрасен е Ти благодарам
Изгледа ликот на Xavier нема да биде во втора сезона, можеби ќе го глуми некој друг, уште не се знае, наводно бил обвинет за сексуално насилство. Чудно како некој ќе се прослави и ќе се појават такви што мора да го оцрнат
Супер ми беше серијава. Ја изгледав цела сезона во еден ден, нема кај мене еден ден - една епизода или гледам или ич не гледам. Џена е топ и стилски ептен ми се свиѓа- black is my happy color Читав погоре некој си купил исто џемперче како Енид, јас па сите алишта од Венсдеј би ги зела Според мене требаше поубави машки актери да најдат, ни Ксејвиер ни Тајлер не ми се убави ич Сепак крајов некако беше очекуван и клише, Спојлер главната улога се заљубува во бед бој кој е всушност чудовиште кое патем изгледа ептен ко од детски цртан излезено, а од друга страна добриот дечко кој е заљубен во неа не го приметува. И стално овај добриов бил претходно во некоја си врска која не била то-то шо би се рекло, па сега доаѓа некоја нова во која се затрескува до бесвест. Типични тинејџерски, средношколски драми ко во филмовите порано шо ги гледавме. Исто имавте погоре спомнато за ликот на Пагзли ептен е софти, не знам со која цел само Венсдеј ја направиле онака мртва ладна, а другиве од семејството хајпнати до даске. Сепак едвај чекам втора сезона.
https://screenshot-media.com/culture/toxic-masculinity/percy-hynes-white-allegations/ Имаше секаде, што ќе се случи, не знам.
Не е важно тој шо праел. Важно е дека некој се пожали. Бу-факинг-ху. Ако е невин ќе се докажи. Ако не е ќе се соноси со последиците. Јбг.
Не мислам дека е вистина, на твитер и тик ток имаше околу тоа. Само што, ајде да се надеваме на позитивни вести.