1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Westworld (2016)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Bender Rodriguez, 26 октомври 2016.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    На Џонатан Нолан му го поставиле прашањево и рекол дека не е исклучено како опција. :) Претпоставувам, зависи од тоа колкав (финансиски) успех ќе доживее серијава, пошто продукција на уште два други тематски паркови сигурно нема да биде ефтина. :D Али, дефинитивно би било интересно да се види.

    П.С. @1209, добредојде у темава. :hai:
     
    На sia.bella, 1209, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Ако се суди по успехот на серијата тогаш дефинитивно ќе ги видиме :party:
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    :clap:
    Ја убија Тереса и ќе пуштат нејзина роботска верзија у бели свет :rock: .
    Се боље и боље стануе серијава. :inlove: . И таман ќе стане врхунска, ќе заврши |( .

    Добро. Ај да ги смирам страстиве и да го подмачкам убацувањево во темава....
    :hai: Хелоу еврибади!
    Ај хев конфешн ту мајк. Одамна не сум се навлекла вака умоболно на серија.

    Долорес ми е грда, неинтересна, антиматична и не можам да ја поднесам, ама затоа Ентони ме шармира со секој можен потег у секоја сцена, а со ова што се исподешава у вчерашната епизода ме ќари и како Форд. Он ми е главната мистерија у серијава. Шо сака да постигне со вметнувањето на новите приказни у паркот? Што со инкорпорирањето домаќини у гостинскиот свет? Дали можеби он стои позади смртта на Арнолд? Koja била првичната замисла пред се да стане комерцијално правење пари од туристичката забава?
    Што мислите за ваквиот начин на забава?
    Нели овој мајкотерезниов лаврбој прокоментира у новава епизода нешто као: Како да се вратам на старата шема кога знам како е сега вака да не мора да се прилагодуваш?Верувам и те како дека би направил проблем новостекнатото искуство и овозможувањето на секаква слобода у парков, особено со успешното негово сценирање у многу реална претстава. Убава е таа замисла на себеспознавање која паркот како терапија или светилиште, ја дава на учесниците. Истиов млади момак рече: шанса да го покажеме нашето право лице. Па нели тоа е тоа што сите го бараат секаде. Слобода и прифаќање на вистинското што ќе ги ослободи од следење на сите лажнопочитувани протоколи. Само што, не знам колку е постигната целта ако и покрај се, тоа е лажно.
    (Во однос на Виле младо пиле, ваљда више станува веројатна теоријата што ја избаци Сењор Родригез за Вилијам ин блек. Му се уарнило и се предал на парков. Толку се предал што ја отсакал и лепотичната Долорес... Но нели имаше една средба со Ентони. Он ги имаше истиве години како и во целиот тек на филмот, ама добро додуша он не се сретна никаде со Млаџи Неискусан Вилијамчо :^) . АУУУУУУУУУУУУУУ а замислите Форд уствари исто така да е синтетнски :o ! Да го направил Арнолд на времето, за да може да живее бескрајно во него и да ја доразработи замислата на паркот, која и да би му била. Ок, забегувам малку. Да се вратам на општото....)




    Ама нели низ епизодиве го имаше изрезбано на една маса, па у песокот кога играше едно девојче... ваљда овие стори-мејкериве мора да знаеле за него штом е убацен како знак у поише сцени.

    Е ШТО ДЕ?! :worried:
    Тој нели нешо спомна дека не му е доволно реална „играва“ зошто не може да умре и верува дека при отлкучување на тој левил би навлегол у некое пореално ниво, само што не сфаќам која е онда потребата да бара реалност у парков, кога може да не иде у него и да си игра Каубојци и Индијанци у реалниот свет. Ама добро и јас многу прашувам, може си е љубител на вестерн шмекот. Јас ако не сум, си мислам никој не е...
     
    На sia.bella, 1209, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Како поминува времево, така работите ми стануваат малку појасни. Добро е.

    Уште од почеток имав многу нејаснотии, многу прашања, а не знаев што да прашам. Не знаев што не ми беше јасно. Сега се разјаснува.

    Можам само да кажам дека Вилијам не би рекла дека е Човекот во црно. Некако, имам впечаток дека настаниве во паркот паралелно се одвиваат со настаните во лабораториите. Сакам да кажам, Ова свестување што го имаме кај роботиве гледаме како се третира во истиот момент во лабораториите - реакцијата на онаа со многу лепршаво име и презиме и Тереса, со нивната местенка од демонстрација. Мислам дека ништо не се случува во минатото, па во сегашноста... Кој знае... Можеби грешам.

    Туку, дојдов тука за да го дискутирам малку Ентони Хопкинс.

    Сите сме горе-долу запознаени со неговите претходни улоги, или барем дел од нив. Сите го знаеме од Silence of the Lambs, како и од други филмови. И Ентони Хопкинс или се мрази од дното на душата или се обожава. Нема средина. Зошто е тоа така, можеби го имаме одговорот во едно видео на кое наидов на Јутјуб.

    Имено, во видеово некој nerd фатил да го анализира Хопкинс во улогата на Форд. Во само една сцена од една епизода. И морам да кажам дека тоа го направи проклето добро. Ама само затоа што Ентони Хопкинс му понуди материјал за анализа. Значи, човеков е ултраталентиран. Го покажуваат во едно интервју од помлади дани како кажува дека го препрочитува сценариото барем двеста пати пред снимање. Да му влезе во глава. И после оди на сет и се опушта. Арно ама, тоа не е се’. Тоа читање од двеста пати вродува со еден неверојатен плод.

    Сите ние сме покорени пред нашиот говор на телото. Не велам не, има и такви кои знаат да се контролираат или да манипулираат со испраќање на погрешни пораки. Ама сите тие микроекспресии, насмевки, движење на погледот, намрштувања, вртења на главата, тоналитет на гласот, истакнување на одредени зборови во реченицата што ја кажуваме... Сето тоа е нешто кое е поттикнато од нашите емоции и се пренесува на нашето лице и генерално телото. Епа, сето тоа Ентони Хопкинс знае да го изглуми после сите тие читања на сценариото. Толку добро да го изглуми за да помисли човек дека навистина го доживува. Како навистина да ги чувствува тие емоции во него. И тоа е запрепастувачко. Едно е нешто на нас лично да ни се случува, а друго е кога треба да оживееш некој лик на кој му се случува. Да се соживееш со него. А Ентони токму тоа го прави. Се исклучува од неговата personality и ја презема онаа на ликот кој го глуми.

    Ете затоа е толку добар, затоа е носител на серијава. Погледнете го видеово. Се надевам ќе ве восхити како што ме восхити и мене.

     
    На sparklie, sia.bella, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Добро луѓе, зашто оние двајцата толку се плашат од Maeve? Ќе ги убие? Абе ајде, можеа да пријават и да ја средат по кратка постапка.
    Инаку, Бернард...:o Така мислеа дека лесно ќе се решат од еден ум што направил таква монструозност... Да, за мене е монструозност до некаде..
    Јас не се впуштам во теории многу, многу, повеќе ве читам тука и чекам да ми се решат прашањата во наредните епизоди.
    За тоа како функционираат домаќиниве повеќе ќе имало во втората сезона објаснување што значи дека ќе биде интересна.
     
    На sia.bella, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Mind = blown. Додуша, очекував дека некој од луѓето порано или подоцна ќе се испостави дека е андроид, ама прво, не знаев точно кој, и второ, тоа не го намали шокот на моментот кога Бернард ги изговара судбоносните зборови „It doesn’t look like anything to me“.

    И ја како и @Madam-A све си мислам дека андроидот кој се „штампаше“ у позадина на разврската со Бернард и Тереза е уствари баш Тереза, т.е. андроидот кој ќе го заземе нејзиното место.

    Она него ќе го пензионирала... Тереза, don’t fuck with Hanibal Lecter. :D

    Како и да е, ова е момент на пресврт у серијава, кога сфаќаме дека all bets are off – буквално секој од ликовите е можеби андроид, без да биде свесен за тоа – идеја со која се отвараат бескрајно многу можности.

    Она што прво паѓа на памет е, секако, дека и Форд е андроид и тоа, направен од Арнолд. Сфаќајќи што всушност направил кога го направил првиот домаќин и импликациите од тоа, Арнолд сфаќа дека нема да живее вечно и дека некој порано или покасно ќе ги злоупотреби неговите креации. Поради тоа, го создава Форд, знаејќи дека тој ќе може да живее вечно и да го чува паркот и неговите „жители“, за да не паднат во погрешни раце.

    Со ова лесно би се одржала во живот теоријата „Човекот во црно = Вилијам“, бидејќи нели, Форд не старее, и би се објаснила неговата сезнајност и сеприсутност во се што се случува во паркот. Истовремено, ова е добро објаснување за омразата која ја има Форд за човечките управители на паркот и неговите гости, а и презирот кон домаќините, кои ги смета за свои инфериорни верзии. Ако на ова се додаде и фактот што домаќините имаат потенцијал да бидат суперинтелигентни, поинтелигентни од луѓето, сето ова и не делува толку неверојатно.

    Она што мене ме мачи е зошто никој не знае што се случило со Арнолд? Све ми се чини дека умрел од рака на некој андроид, поради што неговата смрт се крие како најголема тајна. Паркот е заснован на премисата дека домаќин никогаш не би повредил гостин, а замислете какви импликации би имала смртта на неговиот креатор предизвикана баш од некоја од неговите креации – судбината на паркот би била запечатена уште пред да се отвори. Прво мислев дека Долорес можеби го убила, но сега, откако у глава ми се мота и теоријата дека Форд е андроид можеби и тој е виновникот. Со тоа би се објаснила нетрпеливоста која тој ја чувствува кон него – сепак, како што знаеме, интелигенцијата и немилосрдноста одат рака под рака.

    Мене муабетов ми беше траги-комичен. :D Дечково вели дека конечно не мора да се преправа, а глуми каубоец на Дивиот запад и се заљубува у девојка која е андроид. Може ли да биде по-pretend од ова? :D

    У однос на Ентони Хопкинс – се случува човекот и да не се појави у епизода, или да се појави само на 5 минути, ама кога ќе се појави – тоа ми е празник за очи и уши. Дефинитивно, неговото вклучување во серијава им е најдобрата одлука.

    Ми се свиѓа што секогаш кога (за малку) ќе не убедат дека Форд е излапен, стар, не знае што прави и му поминува времето, се испоставува сосема спротивното. Што секогаш кога некој ќе се обиде да му направи некаква „замка“, испаѓа дека тој е не 1, туку 10 чекори пред сите други.

    Сосема валидно прашање, кое серијава вешто го избегнува. Не знам, мене постоењето на парков, ми делува исклучително скапо – целата сценографија, огромни пространства, огромниот број на домаќини и наративи – сето тоа ми делува скроз неисплатливо како за обичен забавен парк. Дури и карта за влез да е милијарда долари, и тоа пак ми изгледа како недоволно да се покријат основните трошоци за водење на ваков парк.

    Серијата ова го решава така што целосно го занемарува – океј, не е спомнато во која година се одвива приказната, ама освен ако технологијата не е станата ужасно ефтина или во иднината имаат скроз поинаков концепт за економија, мене сепак ми делува нереално.

    И покрај ова, постоењето на технологија која дозволува создавање на андроиди толку многу налик на луѓето, се со цел таа да се користи за тематски парк, исто така ми делува бесмислено. Постојат милиони начини како истата би можела да се примени во поисплатливи цели – андроиди-војници, куќни помошнички, работници во тешка индустрија, болничари, проститутки, андроиди кои би се вметнале како нечии двојници, со цел извлекување информации... Искрено, све делува пологично од каубојци и индијанци. :D

    Затоа, не ме ни чуди што Тереза и женскана од бордот на директори збореа за некој таен проект – користењето на ваква технологија само за кур-ташак заебанција навистина е неверојатно.

    Кога сме веќе на тема „како функционира“, мене ме мачи следново – како и од што се направени домаќините?

    За првата генерација на домаќини веќе видовме дека само однадвор наликуваат на луѓе – внатре се машини. Ова ми е логично, а и не е толку далеку од технологијата која ја имаме и денес. Но, потоа дознаваме од Форд дека се заменети со нови, поефтини варијанти. Но, како е поефтина варијанта на домаќин која е идентична со луѓето, и надвор и внатре? Едно е физички да личат на луѓе, надворешно, но како имањето внатрешни органи, крв, коски и сл. може да биде поефтино, кога е дефинитивно многу посложено за создавање?

    Тука ми паѓа на памет следново – што ако домаќините се всушност луѓе? Луѓе, во смисла налик на репликантите од Блејд Ранер – идентични по клеточна градба со луѓето, но создадени со генетски инженеринг, и со едноставно чипче во мозокот или нешто друго за контрола. Или!
    Или, што ако се буквално вистински луѓе – киднапирани бездомници, на пример, со избришано сеќавање и ставени под контрола на управителите на паркот – поефтино од тоа, здравје! Што ако сите сцени и простории во кои се „штанцаат“ домаќините се just for show, а вистината е многу поинаква и поедноставна? Сите во паркот се луѓе – и домаќините, и гостите, и вработените.Океј, ова не е ич веројатно, ама е добра идеја, мора да признаете. :D

    Знам, тешко е да се поверува како со мојава бујна фантазија не верувам у теории на заговори. :D

    Мене клучна ми беше сцената од првите епизоди, кога Ед Харис тамани домаќини како бубашваби, у потрага по лавиринтот, а Хемсворт Џуниор и другите дечки од обезбедувањето се чудат шо праи, ама го оставааат, затоа што е нели, стален муштерија. Никој не рече – „Аха, овој го игра наративот со лавиринтот!“, него си мислеа дека човеков се изживљава.

    Точно е дека насекаде низ парков има clues, ама тоа е само ако знаеш дека лавиринтот постои, т.е. знаеш што да бараш. Повеќето сигурно не би ги ни приметиле или би ги занемариле како безначајна шаричка. Ја све си мислам дека лавиринтот не е ни наменет за гостите, него за домаќините, а тоа што Ед Харис го открил е чиста случајност.

    А у однос на тоа што е, не знам – уште не сум начисто дали лавиринтот е физичка локација или можеби е во самите домаќини – нешто што би требало да ги поттикне да излезат од својата рутина и да ги упати на патот на себеспознавање, остварување на својот потенцијал и ослободување од контролата на управителите на паркот. Можеби затоа и се расфрлани симболите насекаде низ паркот – да ги поттикнат домаќините за тргнат у потрага по него.

    Можеби целиов муабет е it’s about the journey and not the destination. Мислам, види што се направи Долорес откако тргна во потрага по лавиринтот – се научи да пука со пиштол, носи сопствени одлуки, покажува вистински чувства кон Вилијам, црта без да копира, итн. Можеби кога конечно ќе стигне до „лавиринтот“, таа веќе ќе биде нешто повеќе од домаќин – сопствена личност со слободна волја. Човек. :)
     
    На do-re-mi, sia.bella, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Јас ова го помислив кога Maeve се сеќаваше на ќерка и. Си реков ја киднапирале, направиле некој експеримент да не се сеќава и сите се всушност луѓе. Ама ќе испаднат сите роботи уствари. Серијава на сешто ќе те натера да помислиш. :D
     
    На sia.bella, 1209, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Shit is hitting the fan!

    Wow. Не знам што да кажам за минатава епизода. Односно, што да кажам попрво.

    Сепак, Тереза умре – не дочекавме „домаќинска“ реинкарнација од неа – а бев сигурен дека баш тоа ќе се случи. Но, океј – да се направи андроид кој ќе ја има нејзината личност и сеќавања е практично невозможно, па можда и моите очекувања беа нереални.

    Ми се допадна муабетот помеѓу Форд и Бернард – за тоазошто Форд му вметнал сеќавања за неговото починато дете, како и за тоа дали и колку луѓето се разликуваат од домаќините. Нашата личност е резултат на нашите животни искуства, кои остануваат засекогаш со нас во облик на сеќавања. Без сеќавањата, ние не би биле тоа што сме, а сеќавањата се баш тоа што домаќините ги прави да бидат поверодостојни во улогата на луѓе. А во однос на разликите меѓу нив и луѓето – како што рече Форд, и луѓето живеат во сопствени loop-ови, и не размислувајќи зошто е тоа така, без да се запрашаат за тоа дали нивниот живот е наратив измислен од некој друг или нешто што би можеле да го наречеме „реалност“. А впрочем, која е разликата? Well said Ford, well said.

    Инаку, после муабетот за Арнолд помеѓу Форд и Бернард, не можам а да не се запрашам дали Форд можеби го убил Арнолд, кај кого се развиле морални дилеми околу намената на паркот? Очигледно е дека сега не му пречи да убие некој кој се заканува дека ќе го уништи неговото животно дело (како Тереза), можда истото важело и порано, па и Арнолд доживеал слична судбина?

    Конечно, техничарите кои и „помагаат“ на Мејв дојдоа до идејата за која јас одамна се прашував зошто не ја применат – да го искористат моментот кога е деактивирана и или да и ги избришат сеќавањата или да ја уништат. Но, покажувајќи чарличаплиновска неспособност, не успеаа ни во тоа. Мејв, од друга страна, полека но сигурно се претвора во Скајнет компјутерот од Терминатор филмовите – вештачка интелигенција со намера да ги убие сите луѓе. :D

    Откако двајцава мапети ја обдарија со способноста да изведува jedi mind-tricks врз другите домаќини, се чини дека ништо нема да може да ја сопре.

    [​IMG]

    Патем, у сцената у подрумот, со домаќините кои се исфрлени од употреба – а ги има стотици, ако не и илјадници – си помислив, „Зошто Мејв не би ги регрутирала нив во својата армија?“ Ако тоа се случи, на луѓето од парков тешко им се пишува.

    Кога му го пресече гркланот на едниов техничар, бев сигурен дека ќе умре. Но потоа, го „залепија“ со пиштолот за пластика, кој инаку е наменет за репарирање на домаќините! Што значи, дека мојата забегана теорија дека и домаќините се уствари луѓе можеби и не е толку забегана. Ништо чудно серијава да има некој свој „Soylent Green is people!“момент. :D

    И конечно, дознаваме барем дел од приказната на Човекот во црно и зошто е толку опседнат со паркот – затоа што нема живот надвор од него! Има доволно пари и време, но на неговиот живот му недостасува смисла, смисла која се надева дека ќе ја најде некаде низ Вестворлд. А судејќи по тоа што го кажува, дека во рамките на паркот ниту еден домаќин не може да повреди човек, но дека во Лавиринтот важат други, поинакви правила, сосема е можно човеков да е на самоубиствена мисија, сакајќи да ја дознае скриената приказна во паркот, а ако веќе не успее во тоа, тогаш да изврши suicide by theme-park. :D

    Муабетот дека се решил да убие невина жена и дете во паркот, само за да види какви емоции ќе разбуди тоа во него и да дознае што човек е – мене баш и не ми држи вода.

    Не држи вода, од проста причина што жената и детето се домаќини, а не вистински луѓе, и нивната единствена цел во паркот е да служат за исполнување на желбите и фантазиите на гостите. Тие се, на некој начин, поставки во забавниот парк, и нивното убивање не е забрането (баш напротив, гостите се охрабрувани да прават што им душа сака), ниту повлекува некакви морални или законски последици. Па следствено на тоа, сосема е нормално и нивното убивање да не му предизвика грижа на совеста. И нормално, ова не значи дека би го направил истото и во реалниот свет.

    На некој начин, парков е еквивалент на денешните видео-игри, а кој нема убиено „невин“ минувач или статист во видео-игра? Јас имам, и тоа без ич грижа на совест. :D

    Патем, не можам, а да не приметам колку домаќини има истрауматизирано Ед Харис single-handedly – Долорс, нејзините родители, дечко и, целото село на типот што го симна од бесилка, а сега испадна и Мејв. :D Човеков е најголемиот негативец у цел парк. Каков Вајат, какви бакрачи.

    Иначе, нели би било интересно ако на крај испадне дека Форд ќе го намести Човекот у црно да биде Вајат? :D Тоа ќе биде the ultimate наратив – со човечки негативец (за кој никој уствари нема да знае дека е човек), а во лов по него ќе се впуштат и луѓе и домаќини. :D

    На крај, мислам дека животнава приказна на Ед Харис е последната шајка во ковчегот на теоријата „Човекот во црно = Вилијам“ и конечно можеме да ја баталиме.
     
    На do-re-mi, sia.bella, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    10.447
    Пол:
    Женски
    Зошто нема ниеден коментар за 9та епизода?
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Можеби зашто не’ остави speechless. :o
     
    На LovelyGirl3 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Зашто почнав да се осеќам ко домаќините - дека си зборам сам со себе. :D
     
    На Victorian, LovelyGirl3 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  12. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    10.447
    Пол:
    Женски
    Не се откажувајте уште, јас редовно ве читам, само немам навика нешто да напишам.:wasntme:
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ај ќе пишам едно збирно мислење наредната недела, после финалето на сезоната. :)
     
    На Lady Phoenix и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Ветувачка серијата на почеток, но после 5-6 одгледани епизоди, кренав раце од гледање... Цела таа мистерија, заплет, не знам колку тајмлајни, сите тие ликови, ме напнаа да размислувам, мозок ме заболе и на крај ништо да не сфатам, и си реков не е ова серија за мене штом прави вака глупава да се осеќам. :drunk: Па и кога ќе дојдев на темава со еден куп прашања, Бендер дел ќе ми „разјаснеше“, тогаш чувството на глупавост ми беше комплетно. :D Вечерва не знаев што со себе, ги догледав и останатите епизоди, и што знам... Ќе го гледам финалето во секој случај, а дека ќе чекам наредна сезона со нетрпение I don't think so.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Тууу таман видов си пишал, си прилегнав да прочитам надолго и нашироко, тоа следната недела.
    |(:D
    Многу прашања ќе биле одговорени во финалето, едвај чекам.
    Инаку најголем пропуст ми е цела ситуција со Мејв, не можам да се помирам некако. Сега треба да поверуваме дека техничарот од сомилост не ја ресетираше. Па они најубаво знаат дека не се луѓе. Или знаат дека се луѓе?:^)8-|
    Stay tuned for scenes from our next episode.:devil:
     
    На 1209, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Епа во една сцена Форд кажува дека тој направил се ова, нагласувајќи „се ова“, па претпоставувам имплицираше на тоа дека сите вработени таму се хостови. Ете, теоријата за Бернард испадна точна. Претпоставувам и логично би било и останатите вработени да се хостови, едните програмирани да работат во паркот, другите програмирани да работат на нивно одржување, па во тој случај не би требало да им плаќаат на толку многу вработени. Ако никој друг, тогаш сигурно овие месарите се хостови, од таму и „сомилоста“ на кинезот, а и Мејв кога му го расече вратот на оној другиот, го залепија како хост.

    Единствено за Форд можеме да бидеме сигурни дека е човек. :) “Never place your trust in us. We’re only human.” :!:
     
    На 1209, RainBow, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    :D

    Обично имам обичај да пишам брзо откако ќе ја изгледам епизодата, зашто иначе деталите многу брзо ми испаруваат од глава. :drunk:

    Ама, чим сте запнале, ќе напишам накратко што е она што мене ми бодеше очи највише у прошлава епизода. :D

    Прво, моментот кога Бернард ја репрограмира Клементина за да може да го убие Форд. И уште многу други моменти, како со Мејв (можеби и Долорес), у кои делува дека домаќините ептен лесно може да се репрограмираат за да можат да убиваат луѓе.

    Исак Асимов ги поставил трите закони на роботиката уште во ’40-ите години и оттогаш, огромен број на сф-писатели ги прифатиле и тоа не случајно, туку поради тоа што се мање-више foolproof.

    Еве ги кои се:
    1. A robot may not injure a human being or, through inaction, allow a human being to come to harm.
    2. A robot must obey the orders given it by human beings except where such orders would conflict with the First Law.
    3. A robot must protect its own existence as long as such protection does not conflict with the First or Second Laws.
    Фино, лепо и елегантно.

    И ме чуди затоа што до сега во Вестворлд не видовме ништо ни налик на нив. Океј, финтата што домаќините може да ги повредуваат гостите (ради реализам, нели) можеби ги компликува работите по малце, ама сепак, тоа не е изговор.

    Според мене, prime directive, како што ја викаат, која ги спречува домаќините да убиваат луѓе треба да биде врежана во нивниот оперативен систем и во секоја ситуација кога било кој ќе се обиде да ја смени или репрограмира, треба да постои fail-safe механизам, како на пример уништување на домаќинот.

    Мислам, постои експлозив во ’рбетот на домаќините како против-мерка за ситуација ако се обидат да го напуштат паркот, а од друга страна, нема ништо слично за ситуација во која некој ќе се реши да го репрограмира домаќинот да убива луѓе. WTF?

    Неубивањето луѓе од страна на домаќините би требало да им биде главна грижа на вработените (duh!), а во филмов све тоа е некако ноншалантно направено - испаѓа дека дури и најобичен техничар може да ја менува примарната директива. Зошто?!

    Второ, она што го кажа @RainBow - зошто толкав страв од Мејв (или толкава емпатија кон неа)? Да, начинот на кој ја прикажаа приказната со неа и техничарите не беше најсјаен. Мислам, дури и да се плашеле за работното место, мислам дека требаа да повлечат граница во моментот кога Мејв стана суперинтелигентна и реши да прави армија од домаќини.

    Во ред е да си го штитиш работното место, ама што аир од тоа ако ради твоја грешка целото факинг место во кое работиш може да прекине да постои? (што би можело да се случи ако Мејв поведе војна со армија од домаќини против вработените.) Работата и вака и така ќе ја изгубиш. :D

    Веќе реков дека ситуацијава имаше лесно решение - додека Мејв беше „горе“, во забавниот парк, можеа да го известат обезбедувањето, кое или ќе се појави на лице место у Вестворлд и ќе ја изрешета на мртво - или да почекаат да „умре“ во паркот и при транспортот „долу“ да ја деактивираат.

    За емпатијата штознам - можда она што го вика @sia.bella држи вода - робот на робот се сожалува :D. Мислам го разбирам ја Кинезов - да, живо суштество е и све тоа, ама луѓе убивале и други луѓе кога животот им бил во опасност и кога се чувствувале загрозени (како што се он и неговиот другар), а не па андроиди.

    Ајде, утре ќе видиме дали стварно нешто ќе се разјасни или ќе чекаме до догодина. :devil:
     
    На do-re-mi, LovelyGirl3, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    И да се андроиди не гледам зашто би имале епматија. Во паркот постојано ги убиваат, око не им трепнува. Па сега ќе ја жали и ќе и даде моќ да го уништи паркот што се вика едноставно не ми е логично. Ни како човек, ни како андроид. А за решение колку сакаш имаа, да излезат од просторијата и да пратат армија, од далеку да ја средат, како и да било, што и да било можеше да се направи.
    Испаѓа дури и самите домаќини може да си чепкаат и да си подесуваат. Исто ко симс еј.:D
     
    На Lady Phoenix, sia.bella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Па демек, оваа има повисоко ниво на (само)свест од другите домаќини. Нели и Вилијам емпатиша по Долорес, од истите причини. :D

    Ама како и да е - луѓе се убиваат меѓу себе, и тоа ако некој го погледне накриво, а не пак у ваква (животнозагрозувачка) ситуација. :D
     
    На Lady Phoenix и sia.bella им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Нели оваа има повисоко ниво на самосвест откако сама си го намести?:?:
    И Вилијам? По Долорес? Или на Теди мислиш? Знам ова имињава ти бегаат малку.:emo:
    И оваа Мејв е така? I'm lost.:D
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.