1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Westworld (2016)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Bender Rodriguez, 26 октомври 2016.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Неее, оваа (или Мејв :D) беше самосвесна и претходно - нели имаше флешбеци, сеќавања и чуда, скриени цртежи од „касапите“ и сл. Сама си ја „подеси“ само интелигенцијата. :D

    Да, мислев на Вилијам и Долорес, не на Теди. Ич не ме бива за имиња, точно, али овие ги запамтив. :D

    Збунувачки ми е и на мене, а можам да замислам како дискусијава би му изгледала на некој што од страна ќе се убаци у темава. :drunk:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Ама чекај сега, Вилијам си е човек, што има врска што емпатишал слеш симпатишал?
    Оваа да, имаше флешбеци, ама не дека беше емпатична, туку си стана себична троа. Како ги испука сите што и беа на патот. Емпатијата не е валиден аргумент сепак, може да заклучиме, дали бил човек или не техничарот, тоа е тоа. Мислам. :D
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Океј, мислам дека сфатив каде не се разбравме. :D

    Еве го моментот:
    Ти со ова најверојатно мислеше „Зашто андроидите би имале емпатија?“, а ја го сфатив као „Зашто луѓе би имале емпатија за андроиди?“

    Така? Се надевам. :D

    Иначе, мене поентата ми беше дека Вилијам, кој е човек, и Кинезот-техничар за кој исто рачунам дека е човек (until proven otherwise :D) развиле одредена емпатија кон домаќиниве, т.е. барем оние кои покажале некое ниво на самосвест, надвор од зацртаниот шаблон на наративот - како Мејв и Долорес - бидејќи се премногу налик на интелигентни, живи суштества.

    А што се однесува до емпатијата на домаќините, тоа е особина која им е однапред програмирана, како и многу други. :)

    Еве го personality chart-от на Мејв (некој добар и напатен човек се потрудил да направи screenshot :D), и тоа пред да си ги смени карактеристиките:
    [​IMG]

    Како што се гледа, емпатијата и е 9 од можни 20, што значи - не баш емпатична. :D Башка што таа само си ја зголеми интелигенцијата (bulk apperception) и си ја намали болката, другиве и не ги чепкаше многу-многу, така да стварно не знам зашто Кинезов очекуваше дека таа ќе си го одржи зборот. :D
     
    На do-re-mi, sia.bella, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Даааа, конечно, така мислев. Се надоврзав на @sia.bella која рече дека мисли и техничарите се андроиди, па затоа беше работата.

    Инаку мене поентата ми беше ако претпоставиме дека техничарот е човек, дури и да види дека Мејв е различна од другите, он веќе знае што има под фасадата. Тоа ми е чудно. Не ми е веројатно толку лесно да биде убеден, да си ја загрози работата, а и целиот парк. А ако е андроид, а работи таму сигурно не би му ја ставиле високо емпатијата, не би имало никаква потреба за тоа, особено пак со тоа што работно место му е такво. Значи пак, зошто би имал емпатија?

    А за Вилијам е многу нормално, гледа пред него човек, размислува како човек, значи мора да е човек нели? If it walks like a duck, talks like a duck... :D
     
    На do-re-mi, Lady Phoenix, sia.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    17.155
    Пол:
    Женски
    Maybe he has a crush. :inlove: :D

    Претпоставувам дека се тоа е масло на Форд, не се сеќавам во која епизода кажа дека тој знае СЕ за своите вработени, повторно тоа СЕ нагласено. Почнувам да мислам и на тоа дека цела таа супериорност на Мејв има врска со неговата нова приказна. Секогаш е не чекор, 10 чекори пред другите. Верувам дека е така и со ова.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Мене па, емпатијата на луѓето кон домаќините не ме чуди (океј, зависи и од човекот :D). Мислам, луѓе чувствуваат емпатија и кон животни, а камоли кон нешто што изгледа и се однесува како човек.

    Во однос на тоа што е „под хаубата“ - па, и за човекот точно знаеме што има - клетки, ткива, органи и телесни течности, па сепак луѓето ги доживуваме како личности и индивидуи, т.е. како нешто повеќе од збир на нивните составни делови. Не гледам зашто истото не би можело да важи и за домаќините.

    Иначе, тоа е интересно прашање, кое можеби баш и не е за оваа тема - што е она што човекот го прави да биде човек? Ако е самосвесноста и интелигенцијата, како што мислам дека повеќето би рекле, која е тогаш вистинската разлика помеѓу луѓето и домаќините? Би можело да се рече дека разлика нема. :)

    Впрочем, целиот парк (и за вработените и за гостите) функционира врз премисата дека домаќините се, на некој начин, инвентар, статисти, нешто што го пополнува просторот во паркот и што му дава елемент на веродостојност. - но, во ниеден случај свесни битија Но, откако ќе сфатиме дека емоциите на домаќините - среќа, радост, страв, болка и сл. не се само програмирани одговори на дадена ситуација, туку нивни реакции, емоции кои тие вистински ги чувствуваат, секој човек би се замислил дали е во ред она што се прави со нив или не.
     
    Последна измена: 4 декември 2016
    На do-re-mi, Victorian, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Којзнае, се е можно.
    Ова со скриншотов супер што го направил некој, не пратам до детали, го немам тој луксуз.:worried:
    А ако техничарот има емпатија зашто е оваа е свесна држи вода до негде. Ама поверојатно е и веднаш штом се појави нерегуларност да се пријави, а не да се чека до овој степен да дојде.
    И да, зависи до човекот. Јас не можам уште како луѓе да ги гледам. Без разлика што им се враќаат спомени, крај краева ќе измислат нов софтвер, ќе отстранат се што треба да се отстрани и пак ќе бидат тоа што биле. А тоа не е луѓе.
     
    На sia.bella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Се расприкажавме на крајот од сезонава. :D

    И човек ќе добие мозочен удар или ќе му направат лоботомија и ќе ги изгуби сите сеќавања, ама пак е човек. :D Можеби не истиот човек кој некогаш бил, но човек nonetheless.

    Пази, не викам дека не си у право - и ја донекаде го имам истото мислење.

    Муабетов ми е колку сме ние као луѓе антропоцентрични и пристрасни - ембрион е човек, фетус е човек, некој со ментален хендикеп е човек, личност без сеќавања е човек, клинички мртов пациент е човек. :D

    Мислам, карикирам, ама поентата ми е дека според многумина, една личност треба да ужива во човековите права и кога сеуште не е ни родена, и кога е ментално заостаната, па и кога е brain-dead, т.е. без мозочна активност.

    Од друга страна, други интелигентни суштества, како приматите, китовите, делфините (па и гавраните) и многу други, уживаат само мал дел од правата што ги имаат луѓето - а најчесто, немаат никакви. Иако, во одредени случаи, како на пример, во споредба со клинички мртов човек - било кое животно е поинтелигентно и посвесно од него. А сепак, предност секогаш им се дава на луѓето.

    Тука ми е паралелата со домаќините - ако тие се свесни за себе и својата околина, имаат свои желби, соништа, стравови, чувствуаат радост и среќа, тага и болка - кои сме ние да кажеме дека не се живи и дека не треба да имаат никакви права? Можеби не се луѓе per se, ама се некаков облик на интелигентен живот.
     
    На do-re-mi, RainBow, sia.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Очекував многу работи од финалето на сезонава, но сепак многу од стварите, иако ги предвидов, пак ми дојдоа неочекувано кога се случија. :D

    Штом видов дека епизодава трае саат ипол, знаев дека ќе добиеме одговор на многу од прашањата кои не мачеа цела сезона и навистина – така и беше. Ама сепак, и покрај се, доста работи останаа и неразјаснети.

    Ај да фатам со ред, пошто иначе ќе се изгубам во мислите. :D

    1. Вилијам = Човекот во црно. Теоријава испадна вистинита, иако не бев некој голем нејзин фан. Но сепак, интересно беше да се видат причините за трансформацијата на можеби најемпатичниот и најмалку суров гостин (Вилијам) во човекот кој стана страв и трепет за сите домаќини (Човекот во црно). Не е ни чудо што жена му се самоубила, а ќерка му го мрази – уште од својата прва посета, тој се заљубува во Долорес и на некој начин, во светот надвор од паркот живее само физички, додека срцето засекогаш му останало заробено во магијата на Вестворлд.

    Ја дознавме и целта на неговата потрага, the next level, како што го викаше тој – свет во кој домаќините ќе играат по сопствени правила, а не според сценарија напишани за нив. Мислам дека на тоа и се должеше насмевката од крајот на епизодата кога домаќините се појавија од шумата и еден од нив го застрела. Конечно, му се оствари најголемата желба. :D

    2. Лавиринтот. Сепак, лавиринтот не е некое физичко место, туку се наоѓа во умот на самите домаќини – арно му викаа на Вилијамчо – the maze isn’t meant for you. :D

    И конечно ја сфаќаме поентата на Арнолд на развивање на свеста кај домаќините со помош на принципот на бикамерниот ум. Идејата била гласот на Арнолд, кој им дава „инструкции“ на домаќините, со текот на времето да биде заменет со гласот на самиот домаќин – налик на тоа како кога човек размислува во себе и си го слуша сопствениот глас во главата. Кога би ја достигнале таа фаза, тогаш домаќините несомнено би биле свесни суштества, целосно налик на луѓето.

    Лавиринтот уствари бил the ultimate Turing test.

    3. Смртта на Арнолд. И ова предвидување ми се оствари (барем делумно) – Арнолд умира од раката на Долорес, иако не како што мислев, туку според неговите инструкции. Арнолд сфатил дека она што го направиле со Форд не се само обични машини, туку нешто повеќе од тоа – живи суштества, или барем зачеток на свесен живот. Откако го сфатил ова, ја превидел мизерната судбина која ги очекувала домаќините и се решил да го исече проектот во корен – со тоа што ќе ја натера Долорес да ги убие сите домаќини, него и на крајот, самата себе.

    4. Намерите на Форд. Конечно, ни го разјаснија и ова. Форд всушност не е душман на домаќините, напротив, нивниот најсилен (и единствен?) сојузник. Форд сфатил дека Арнолд бил во право за тоа дека домаќините се всушност зачетоци на свесен живот, но сфатил и нешто што Арнолд не го разбрал на времето – дека за домаќините да ја достигнат сопствената самосвесност (или крајот на лавиринтот), потребно е да создадат спомени, особено болни и трауматични сеќавања, бидејќи тие се суштината на она што го обликува карактерот на секој човек. Но, пред се, дека за овој процес е потребно време. Форд им овозможил на домаќините да „запомнат“ фрагменти од нивните претходни животи и траумите кои ги претрпеле, со помош на т.н. reveries, и на тој начин помагајќи им самите да дојдат до сопствената свесност и да станат „живи“, интелигентни суштества.

    Reveries се на некој начин подобро решение отколку домаќините да се сеќаваат целосно на минатите животи (освен очигледната причина, што менаџментот на паркот не би дозволил да се остават претходните искуства во меморијата на домаќините) бидејќи, како што дознаваме, неколкуте домаќини кои го започнале патот низ лавиринтот, на крајот од сознанијата до кои дошле го изгубиле разумот. Вака, целиот проект започнат од Арнолд, а довршен од Форд, можел да се одвива во тајност, без знаење на никој друг во паркот.

    И не само тоа – се открива уште еден дел од намерата на Форд. Имено, нели на Бернард му кажа уште пред некоја епизода дека луѓето на домаќините ќе гледаат како на закана и ќе се обидат да ги уништат по секоја цена (исто како што сме ги уништиле и неандрталците, ако ви текнува на муабетов). Очигледно, Форд смета дека војна меѓу луѓето и новиот интелигентен облик на живот е неизбежна, па се решава на домаќините да им ја даде предноста во елементот на изненадување и првиот чекор.

    Што се однесува до неговиот нов наратив – дознаваме и за него. Се вика Into the Night, а насловот е доста соодветен со тематиката, која вклучува убивање на сите луѓе во паркот, бунт на домаќините и најверојатно, all out war со човечката раса. Into the night, indeed.

    А да, ќе заборавев.

    5. Долорес е Вајат.

    6. Постојат и други паркови освен Вестворлд. Веќе реков дека во оригиналиот филм Вестворлд е само еден од вкупно три тематски паркови – Romanworld и Medievalworld. У сцената со бегството на Мејв гледаме дека влегуваат во друг дел од паркот, со иницијали на вратите SW и со самураи (Samuraiworld?). Што значи, постојат и други „теми“. Но, ништо повеќе за нив не е објаснето.
     
    На do-re-mi, Sanjichka007, RainBow и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Све е ова фино и убаво, ама крајов на сезонава ме остави со исто толку прашања колку што и имав на почетокот – само што сега, прашањата се за други работи. :D

    1. Што се случи со Лук Хемсворт? Типот беше онесвестен од Ghost nation во претходната епизода и веќе не го ни видовме ни чувме. Јес да не беше којзнае колку битен лик, ама неговото исчезнување без никакво дополнително објаснување барем мене ми делува неприфатливо.

    2. Зошто Арнолд не и рече на Долорес да го убие и Форд? Ако веќе сакал да го уништи проектот Вестворлд во самиот зачеток и се решил тоа да го направи така што Долорес ќе ги убие сите домаќини, вклучувајќи се и себе, и самиот Арнолд, зошто го оставил едниствениот човек за кој знаел дека, прво, не ја дели неговата емпатија кон домаќините и второ, ги има техничките способности да го продолжи проектот без него? Дали срце не му давало да убие друг човек или можеби го потценил Форд и сметал дека без него нема да може сам да го продолжи проектот, не знам – ама, у секој случај, тоа што го оставил Форд жив мене ми изгледа као голем пропуст у остварувањето на неговите намери.

    3. Дали домаќините се навистина свесни? Мислам на сите останати, освен Долорес, за која е очигледно дека стана самосвесна (размислува самостојно, без гласот на Арнолд and all). Но, што е со другите? На пример, дознаваме дека „будењето“ на Мејв и нејзиниот план за бегство и регрутирање на други домаќини всушност не е нејзин, туку е претходно програмирано сценарио во нејзината меморија. Таа пак, со помош на жутљакот, ги репрограмираше останатите домаќини кои и помагаа.

    Мислам, и самиот Бернард у муабетот со Долорес рече дека имало неколкумина како неа низ годините, кои го започнале патот кон своето освестување, но во меѓувреме се мрднале од памет. Поентата на ова ми е дека освестувањето или „будењето“ на домаќините е сложен и комплициран процес, нешто до коешто Долорес едвај успева да стигне, после повеќе неуспешни обиди. Дали навистина и другите домаќини магично се освестиле во истиот момент, или се едноставно програмирани да и помогнат на Долорес, како што беше случајот со Мејв?

    И нели е малце чудно и премногу коинцидентно што будењето на Долорес совршено се совпадна со свеченото отварање на најновиот наратив на Форд?

    4. Дали жутљакот кој и помагаше на Мејв е домаќин или човек? Океј, знам дека Мејв му рече дека не е домаќин, ама па потоа му рече и дека е ужасен како за човек – што требаше да биде комплимент. Но, се прашувам – бидејќи однесувањето на Мејв не беше случајно, туку програмирано, најверојатно од страна на Форд, дали тој би си дозволил целата работа да биде препуштена на случајноста, односно на емпатијата и желбата да помогне од страна на еден обичен техничар?

    Би рекол дека не. Мејв беше клучен дел од планот на Форд за уништување на паркот одвнатре и не верувам дека било што би препуштил на случајноста. Ако на ова го додадеме и фактот што колегата на Кинезов го залепија со ласерчето наменето за домаќини, не е неверојатно дека и тие двајцата биле домаќини, кои едноставно ја одиграле својата улога во целото сценарио.

    4. Дали она што личеше на крвав крај е навистина крајот на Вестворлд? Океј, за ова немам баш многу солидни аругменти, but hear me out. Пред да го видам крајот на сезонава, у себе си развив теорија дека Форд ќе ги искористи домаќините (типував на Мејв конкретно, но ете, може и Долорес) за да го убие целиот борд на директори, кои нели сакаа да го отпуштат, за потоа тоа да го припише на glitch кај еден или неколку домаќини, на нив да им ги избрише сеќавањата, и да продолжи да си „владее“ со паркот, happily ever after. И очекував следната сезона да почне како ништо да не се случило – со нови гости и истите домаќини, секој во својот loop, повторно. Признавам, кога испи куршум у глава, теоријава веќе не ми беше толку издржана – но, уште не се откажувам од неа. :D

    На што ја базирам теоријава, освен на претчуство и мојата бујна фантазија? Прво, на моментот кога Форд му вели на Бернард дека му претстои уште многу патење во животот – нешто што ја го сфатив као навестување дека слободата (менталната и физичката) сеуште се далеку од него. Второ, на фактот што, како што реков, процесот на будење е сложен и тежок и ретко кој домаќин може да го истрпи без да го изгуби разумот. Впрочем, само за Долорес сме сигурни дека успеала во ова – другите домаќини и помагаат, барем според мене, само затоа што Форд ги програмирал така.

    И, што би можеле да очекуваме во наредната сезона, во универзумот на Бендер? Има неколку можности. Или смртта на Форд да е исценирана и тој навистина да се врати на чело на паркот, и понатаму работејќи во тајност на освестување на домаќините. Или да има направено домаќин-сурогат за самиот себе, кој ќе застане на чело на паркот (можеби има домаќини-реплики за целиот одбор на директори, кои ќе ги испрати во надворешниот свет како нивни двојници). Можеби Бернард, за кој никој друг не знае дека е домаќин, ќе го заземе неговото место.

    Што навистина би можеле да очекуваме од втората сезона, на страна од мојата луда теорија? Целосна војна меѓу домаќините и луѓето, во паркот и надвор од него (ова ми е најмалку веројатна опција). Или можеби целосно неповрзна приказна со онаа од првата сезона, сместена во некој друг парк – оној со самураите или можда некој трет?

    Со оглед на тоа што втората сезона е закажана тек за 2018, ќе имаме доволно време за нагаѓање. :D
     
    На do-re-mi, Sanjichka007, sia.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    17.155
    Пол:
    Женски
    Добро финале, дел од работите се разјаснија, повеќето теории испаднаа точни и повторно еден куп прашања. Тоа е тоа што генерално не ми се допаѓа во филмовите кај браќата Нолан (Мементо, Престиж, Интерстелар, Inception), после гледањето на сите тие филмови да имаш повеќе прашања, отколку одговори на работите што се случувале. Таа нивна потреба преку повеќе тајмлајни и преку нараторот да ја раскажуваат приказната, навраќајќи се одново и одново, објаснувајќи што, зошто, како... На почеток се тоа ме импресионираше, ми беше баш иновативно, за да после ми стане иритантно. Така некако ми беше и со серијата, развлечена до немај каде, гледајќи репетиции на нешто што 10 пати претходно го прикажале... Мислам многу битен момент за повторување беше паѓањето на конзервата на Долорес, што и во последната епизода мораше неколку пати да потсетат на тоа. |( Ај, доволно мрчев за Ноланови, да почнам со епизодата.

    Ќе почнам од Форд. Во текот на цела сезона, како што кажав погоре, е не чекор, неколку чекори пред одборот, така беше и овој пат. Знаеше дека ќе биде исфрлен, па совршено ја испланира својата нова приказна која во ниту еден момент не беше посветена на Долорес/Теди како што им беше презентирана на присутните, туку на тоа што следеше потоа за време на наздравувањето и неговиот морбиден говор. Претпоставките дека хостот кој се прави подалеку од очите на сите најпрво, дека е на Тереса, потоа на Елси, мислам дека паѓаат во вода. Претпоставувам дека тоа беше негова копија, дека всушност Долорес ја стрелаше копијата на Форд и се надевам дека него ќе го гледаме и наредната сезона.

    Теоријата за Man in black т.е. Вилијам потајно посакував да не е точна, иако се водеше кон тоа. Баш и не ми се допадна тоа негово разоткривање и трансформација на добриот Вилијам into asshole, некако избрзано ми беше, без никаква драматичност, како ради реда. Но, ми се допадна оној кадар на крајот, кога го става шеширот на глава како Вилијам, а ја подига главата како Man in black. Во секој случај, тој е еден од најдобро изградените ликови во серијата, всушност еден јаден и трагичен лик, лик на кој животот во суштина му поминал во потрага на некое подлабоко значење на паркот, барајќи некој опасен предизвик, игра, па дури и по цена на животот. Токму тоа и го добива после 35 години и мило ми е што го оставија жив за во втора сезона, не само затоа што е добар како лик, туку и изведбата Ед Харис е маестрална, за во случај да го нема Хопкинс понатаму.

    За лавиринтот, за Долорес и Арнолд, убаво напишал Бендер. А неговите прашања и мене ми се мотаат бо глава, заедно со уште неколку други. :?:

    Што всушност се случи со Логан, а и со Елси?

    Како Форд успеа така лесно да репрограмира стотици роботи, а никој тоа да не забележи?

    И најбитно прашање, нормално, што ќе биде сега со паркот после еден таков масакр на десетици богати луѓе, жени, деца? Логично би било проектот да е запрен, а паркот затворен, но што ќе гледаме тогаш во втора сезона? Видовме самураи и други чуда, па можеби во наредна сезона ќе гледаме нов тематски парк различен од оној Вестерн.
     
    На do-re-mi, RainBow, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    Хах, вчера случајно изгледав една епизода од оваа серија, беше 4ри саатот ама сакав да гледам уште, одлична е! се надевам станува се подобра и подобра понатаму...
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Јас од кога пишувам пост, заборавив веќе што се случи и што сакав да кажам.|(
    Ми се допадна како фино се си скоцкаа и објаснија. Причата со лавиринтот и спомените беше ептен на место.
    Се изначитав после колку clues имало за се и сешто, облека, лого, ова-она, нормално, јас ништо од тоа не фатив зашто и пола сцени ми се случуваше да пропуштам. Не дека и мене серијава не ме направи да се чувствувам троа глупаво:emo: туку навистина, не внимавав доволно. :D
    Ништо, сакав да се надоврзам, ама избледе веќе чувството, знаете сите како е.:doh:
    До втора сезона нема ни да се сеќавам дека постоела ваква серија. Oh, well...

    Патем, ајде, да, жално е луѓе се, се сеќаваат на се што им се случува. Ама да не ги направел Арнолд такви немало да се сеќаваат. Значи? Human, but not human.
     
    На sia.bella, Victorian, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Хелоу луѓе, се заразив и јас од серијава. Ја почнав пред 2 дена, досега сум на 6та епизода и стварно е мајндфак :D
    Ептен ми се допаѓа концептот, а уводната шпица им е маестрално направена, едно огромно браво.

    За целата приказна најверојатно ќе имам повеќе коментари откога ќе изгледам се до крај, вака уште многу работи не ми се јасни.

    Оној Човекот во Црно ми е толку крипи, и кога и да го видам сакам да му прострелам куршум низ чело :D
    Долорес ми е исто таква, а и прилично антипатична. Од целиот парк, таа е единствената за која со сигурност можам да кажам дека не е човек(дури и да испадне спротивното). Во однесувањето е како прав андроид.
    Од друга страна, Мејв ја обожавам,ѕверка е,направиле одличен избор со глумицата.

    За луѓево надвор немам некое посебно мислење, освен за Ентони Хопкинс кој е ненормално талентиран и глуми со секое делче од своето тело. 2 секунди да се појави на екранот,доволно е да се смени целото мислење за епизодата.
    Ми се свиѓа и Бернард, чувствувам дека крие многу работи и сакам да дознаам повеќе за неговата приказна.
     
    На RainBow, sia.bella, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.973
    Пол:
    Женски
    За серијава реклама нигде не сум видела, туку од досада ја најдовме на нет со дм и ај само 10 епизоди се као па ќе ја изглеаме. А ја го сакам Хопкинс, па највеќе ради тоа се надевав дека има големи шанси да е добра. Ја изглеавме цела сезона во 2 дена. :D
    Првата епизода ми беше ептен досадна, |-) ама дадов шанса на втората и другото е историја. :D

    Некој од вас имаше пишано дека веќе постои сценарио за 4-5 сезони, имате ли некоја информација дали е почнато да се снима 2ра или ќе биде скоро?

    Јас ќе ви се придружам со коментари во следната сезона (која се надевам ќе ја има за брзо). :D Теории (на заговор) имам многу, ама за тоа потоа. :)
     
    На Bender Rodriguez и Victorian им се допаѓа ова.
  16. Пилот

    Пилот Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Втора сезона дури во 2018. :(
     
  17. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Таман дотогаш ќе ја изгледам :rofl:
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.973
    Пол:
    Женски
    Лелееее треба цела година ли да чекаме? |( Ќе треба пак да ја изглеам оваа сезона, пред да ја почнам наредната за да бидам во тек.... :|
     
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.297
    Ја изгледав серијава, и само не ми е јасно дали гостин може да убие гостин?:|
     
  20. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    Кога излегува новата сезона?