1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Westworld (2016)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Bender Rodriguez, 26 октомври 2016.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    На пролет некаде, отприлика мај. Едвај чекам.
     
  2. s.T.e.F.i

    s.T.e.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    2.689
    Пол:
    Женски
    Втора сезона 22 Април can't wait..:D
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Излезена е епизодата, ставив да се симнува и задолжително четиво последните постови на @Bender Rodriguez како recap на прва сезона.:!:
    Не сум ја заборавила серијава, ми оставила поголем впечаток отколку што мислев.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Еве фино видео за потсетување на првата сезона, за посенилните фанови (како мене :D).

    Сепак, поминаа скоро 2 години. :)

     
    На Madam-A и RainBow им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Впечатоци за првата епизода од втората сезона на Вестворлд – It doesn’t look like anything to me. :D

    Искрено, не знам што очекував после експлозивното финале на првата сезона и после речиси две години чекање, но очекував нешто... повеќе. Иако, ако се земе во предвид претходно кажаното, се сомневам дека било што ќе ги исполнеше моите (нереалистични) очекувања.

    Првата епизода е прилично straightforward (со неколку моменти како исклучоци), па не би да ја коментирам – повеќе би сакал да зборам за потенцијалното значење на некои ствари у иднина, плус некои мои теории и нагаѓањa. :)

    1. Што се случува со бунтот на домаќините?

    После драматичниот крај на првата сезона, во кои (изгледа дека) домаќините преземаат контрола врз паркот, втората сезона почнува не претерано ветувачки за нив – купишта тела на домаќини има насекаде, платеници на Делос се насекаде и убиваат домаќини на прилично драматичен, егзекуторски начин. Долорес и Теди се во некој свој филм и се упатени кон непозната локација, а Мејв се обидува да ја пронајде ќерка си по секоја цена, не интересирајќи се премногу ниту за другите домаќини, ниту за луѓето.

    Што се случило?

    Последниот „наратив“ на Форд – освестување на домаќините и востание против нивните робовладетели – изгледа како да е осуден на пропаст од самиот старт. Домаќините не се организирани на ниту еден начин, повеќето од нив не се освестени, а оние кои се – Долорес и Мејв – не изгледаат особено загрижени за тоа што ќе се случи со бунтот на домаќините. Долорес дури и убива други домаќини(како што гледаме од снимката на убиениот Мохиканец) – what’s up with that? Додуша, Долорес му зборува на Теди за освојување на островот, па и целиот свет, меѓутоа не изгледа како да презема некои чекори во таа насока, барем не во моментов.

    Имајќи ја во предвид пресметливоста на Форд и неговиот attention to detail, како и тоа со колкава прецизност го оркестрираше бунтот на домаќините вклопен во неговиот финален наратив, ми изгледа прилично неверојатно дека би ги препуштил работите на случајноста, дури и по својата смрт. Така да, не можам, а да не се запрашам – Дали сите настани на кои бевме сведоци во новава епизода се всушност испланирани од страна на Форд? Дали домаќините сѐ уште функционираат според неговиот master-plan? Дали сѐ што се случува е всушност внимателно изрежирано од Форд пред неговата смрт?

    2. Дали Форд е навистина мртов?

    Ако судиме според најновава епизода – да – го најдоа неговото тело, во бајаги распадната состојба. А и ако судиме според праксата на HBO да ангажира познати глумци за да ѝ тргне некоја серија, а потоа ги убива (сетете се на Шон Бин и GoT), изгледа дека црно му се пишува на Форд. Но сепак, ова е Вестворлд и практично сѐ е можно. Што ако Форд успеал некако да ја префрли својата свест во тело на домаќин? Или едноставно направил домаќин кој би ги имал неговите особини и карактер? Или можеби е сепак жив, а телото кое го видовме е на „биоразградлив“ домаќин? :DФорд е дефинитивно доволно егоманијакален за да целосно ги отфрлиме ваквите можности.

    3. Што прави Делос со ДНК податоците од посетителите на паркот?

    Делос веќе се етаблираше како бајаги шејди корпорација во првата сезона, но сега работите стануваат уште позаплеткани. Дознаваме дека дечките од Делос се спремни да ги осудат на смрт сите гости на островот без око да им трепне, ако цената за тоа доаѓањето до податоците кои се сокриени во еден од домаќините – стариот Абернати. Освен тоа, дознаваме и дека Делос прибира ДНК податоци од сите посетители на паркот, како некоја верзија на Фејсбук од иднината, со цел да... Па, не е експлицитно кажано, ама претпоставувам дека идејата е да се направат веродостојни копии (со ДНК, со све) од моќните и влијателни луѓе кои го посетуваат паркот и да се заменат со „домаќини“ во вистинскиот свет.

    Истовремено, дознаваме дека и Бернард може да отвори врата кодирана со ДНК, што значи дека и домаќините можат да имаат свој DNA signature, идентичен со оној на луѓето, со што повторно се отвара прашањето – Кој сѐ е робот, а кој всушност е човек во серијава? The possibilities are endless.

    Сѐ на сѐ, не претерано возбудлива прва епизода, но од друга страна, Вестворлд е slow burner серија, а сега сме сѐ уште на самиот почеток.
     
    На do-re-mi, LollySky, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Новајлии примате? : ))))
    Јас само што почнав да ја гледам првата сезона и изгледав две епизоди. Ми се допаѓа, сакам ваков тип на серии.
    Прерано е да дадам некакво мислење, па само ќе продолжам да гледам.
     
    На Lady Phoenix, RainBow и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Флоки од Викинзи кога го видов. :inlove:
    Мене ми беше океј првава епизода, не беше спектакуларна, ама не беше досадна.
    Нели Мејв надвор тргна штобараше внатре, не ми текнува или? @Bender Rodriguez?
     
    На DzingrlakaDzikica и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @RainBow

    Ако се сеќаваш, еден од големите пресврти на крајот од првата сезона беше откритието дека „освестувањето“ на Мејв всушност не било вистинско, како она на Долорес, туку било scripted од страна на Форд (ова го дознаваме кога Мејв си го гледа сопствениот код).

    [​IMG]

    Идејата на Форд била Мејв да замине на копното и да се инфилтрира меѓу луѓето. Потоа, којзнае што имал спремено за неа. :D

    Вториот пресврт во истата епизода беше кога Мејв се реши да се врати назад од железничката станица, за да ја најде ќерка си. Ова е во директна спротивност со кодот на Форд и, на некој начин, го претставува моментот на нејзиното вистинско „будење“. :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Во вторава сезона нема многу преработки на популарни песни или мене ми се чини? Пријатно се изненадив во првата сезона кога слушнав песна од Radiohead на пијано, а и Paint it Black звучеше ептен јако во сцената кога Хектор и екипата го напаѓаа борделот.
    На видео на јутуб дознав дека во сцената во Raj world ја свиреле Seven nation army на индиските инструменти, да не слушнев од друг никогаш немаше да приметам.
    Сепак, и без преработките, Ramin Djawadi создаде прекрасна музика за серијава која стопати ја преслушав пред да испадне втората сезона.:inlove:
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и Mishela им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    A Heart Shaped Box? :nod:

     
    На do-re-mi, Mishela и Joi им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Серијава некако напорна ми стана, почнав без ентузијазам да ја гледам. Како да и се изгуби поентата.
     
    На LollySky и 1209 им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.853
    Пол:
    Женски
    И мене исто, не можам да се натерам да ја гледам 4та епизода првите три ми беа баш безвеза. Вчера се мислев колку серии упропастија со новите сезони кои беа доста добри со првите...како Хендмејден, 13 рисонс...безвеза.
     
    На LollySky и RainBow им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Ја пуштив еве 5тата, ама до 6та минута 6 пати ја стопирам. Сѐ ми е како префорсирано, како да сакаат толку многу да биде заплеткано што едноставно станува одбивно. И што е со минутажата, 4тата епизода саат и 6мин траеше ми се чини, демек не можат да се задржат во временска рамка поради комплицираната приказна. Можат и тоа како да скратат нешто.
    Штом ми дошло до времетраењето се гледа дека ми опаднал интересот.
     
    На LollySky и 1209 им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Аууу последнава епизода, врв! На толку досадни епизоди оваа беше одлична. Вилијам е еден од најинтересните ликови и требаше ваква епзиода.
    И минатата со индијанецот не беше лоша.
    Убаво се расплеткуваат/заплеткуваат настаните, мрднаа малку.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    По малце ми е криво што гледам дека речиси целосно се изгуби интерес за серијава, но претпоставувам дека 2 години е едноставно премногу чекање за многумина. :)

    Јас лично не сум воопшто разочаран од втората сезона на Вестворлд, а еве и зошто:

    Прво, целокупната приказна, сите loose ends оставени од првата сезона, и многуте прашања кои произлегоа од почетокот на втората, беа елегантно разрешени и одговорени. Крајот на втората сезона нѐ остава само со прашања за судбината на главните ликови и што следно ќе се случи со нив, но генерално, сѐ останато беше задоволително објаснето и одговорено, што, барем за мене, е права реткост кога е во прашање серија од ваков тип.

    Дознавме сѐ за планот на Форд, за ликот на Бернард, за Долорес, за Мејв, за лошите момци од Делос и нивниот таен проект, за самиот Џејмс Делос, детали за животот на Вилијам, дознавме што е The Valley Beyond.

    Ми се свиѓаше појавувањето и на други паркови – епизодата со Шогунворлд беше одлична – ми се допадна паралелата во наративот и ликовите измеѓу двата паркови, ми се допаѓаше развојот на ликовите на Долорес и Мејв, во дијаметрално спротивни насоки; Долорес – од спасител до villain, Мејв, од обичен host до семоќен ентитет, налик на божество. Ми се свиѓаше и приказната на The Man in Black и неговото сѐ поголемо сомневање во тоа што е реално – моментот кога ја застрелува ќерка си мислејќи дека е host и следниот момент, кога буричка во сопствената рака, обидувајќи се да дознае дали и самиот е host. Ми се допадна приказната со Индијанецот, кој всушност бил првиот освестен домаќин, дури и пред Долорес, а ми се свиѓаше и замислата за The Valley Beyond, како своевиден рај за домаќините и дебатата дали животот во истата би бил лажен или не.

    Особено ми се допадна концептот дека би можеле вештачки да креираме нечија личност, свест, само врз основа на неговото однесување во различни ситуации. А исто така и објаснувањето зошто трансферот на човечка свест во тело на домаќин бил безуспешен безброј пати – затоа што програмите со кои се обидувале да ја кодираат човечката свест биле пресложени. Всушност, секој човек може да биде опишан со релативно едноставен алгоритам, кој го раководи неговото целокупно однесување. Луѓето немаат навистина слободна волја – ако се најдат илјада пати во одредена ситуација, илјада пати ќе реагираат исто. Нашите постапки се несвесни и предодредени, а нашата свест ја користиме за да си ги оправдаме, рационализираме и објасниме истите пред самите себе – теорија интересна речиси колку и бикамералниот ум.

    Што се однесува до мене, серијава можеше комотно да заврши со вторава сезона – некако сѐ си имаше соодветен крај. Ова го велам особено затоа што читав дека интересот за серијава опаѓал, башка и била премногу скапа, па сега третата сезона ќе се снима со далеку помал буџет, а никако не би сакал тоа да биде на сметка на квалитетот – и не зборам за специјалните ефекти, туку за сценаристите, актерите и режисерите.

    А башка и кој ќе чека уште две години? :D
     
    На do-re-mi, Joi и RainBow им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна и мене финалето, пријатно ме изненади колку не беше комплицирано. :D Добро, си беше малку, ама не до толку колку што можеше да биде.

    Од прашања што ми остана во мисла е во кој тајмлајн се одвиваше последната сцена со Вилијам? Зошто беше во истите алишта, со истата крвава рака?
    Инаку, како што читам по нетов има доста разочарани луѓе. Ама стварно малку ја отупеа.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ааах, да, речиси ќе го заборавев моментот со Вилијам. :)

    За оваа post-credits сцена може доста да се шпекулира.

    Очигледно е дека Вилијам, барем во одреден момент, е сместен во тајмлајнот со Долорес и Бернард, пред Долорес да ја уништи The Forge и да ја поплави долината и пред Бернард да ја застрела. На Вилијам му е повредена раката, но сепак станува и тргнува по нив двајцата со лифтот. Иии... повеќе не се појавува до крајот на епизодата. :D

    А во post-credits сцената, Вилијам излегува од лифт (дали е истиот лифт кој води до The Forge?), наидува на пост-апокалиптична руина од Вестворлд и се среќава со својата ќерка, која го носи до фино уредена соба (слична на онаа во која беше сместена роботската верзија на Џејмс Делос) и му вика дека го тестира за fidelity, индиректно кажувајќи ни дека Вилијам е исто така робот.

    Но кога се случува сето ова?

    Искрено, повеќе пати низ сезонава, после сите куршуми кои ги прими Вилијам и сиот ќотек кој го изеде, се прашував дали всушност и тој е робот, затоа што сето тоа ми беше малце премногу за 70-годишен старец. Од друга страна, го гледаме како ја застрелува ќерка си – дали навистина ја убива? Дали таа навистина беше робот, како што тој се сомневаше? Или сепак некако успеала да преживее, а во post-credits сцената да е навистина таа, во некое идно време? Сепак, делот од паркот кој го гледаме делува прилично руинирано, како да поминале години и години, а таа и Вилијам изгледаат практично исто. Океј, Вилијам е робот, но што е со неа? Дали еден робот помага во креирање на друг, тестирајќи го за fidelity, како што претходно беше случајот со Долорес и Бернард или таа е неговата вистинска ќерка?

    Но, постои и друга, поинтересна можност.

    Имено, кога Долорес и Арнолд си ја „аплоадираат“ свеста во The Forge, таму наидуваат на вештачката интелигенција која раководи со неа (отелотворена во Логан), а го наоѓаат и Џејмс Делос, кој живее во одреден облик на перпетуална симулација. Дознаваме дека е можно да се тестира вештачката верзија на одредена личност (во случајов, Џејмс Делос) во милиони различни симулации, сѐ со цел пореалистично и поавтентично да се долови неговиот карактер и потенцијалните одлуки кои би ги донел.

    Кога разговарав со еден другар за сценава, неговата теорија беше дека сѐ што се случува во вторава сезона всушност е симулација во The Forge, креирана со цел создавање на вештачка верзија на умот на Вилијам. Со други зборови, ништо од она што го видовме уствари не се случило во реалниот свет.

    И иако делува целосно невозможно, признавам дека кога ќе ги погледнам работите од тој аспект, доста ствари прават логика. На пример, Вилијам целиот свој живот го посветил на приказните во паркот и разотривање на тајниот наратив за лавиринтот. Во вторава сезона, желбата му се исполнува - дури и Форд му се обраќа лично неколку пати преку различни домаќини, велејќи му дека сега во паркот има специјална приказна, само за него. Второ, Вилијам го мрази паркот и домаќините, затоа што не се реални, туку само илузија на реалноста. Во втората сезона и таа желба му се исполнува – не само што луѓето можат да бидат повредени и убиени во паркот, туку и домаќините стануваат навистина свесни, добиваат слободна волја.

    Сѐ на сѐ, изгледа како доста голем дел од приказната од втората сезона да е custom made за Вилијам, речиси како да е негова лична симулација. :D

    Јас лично не би одел толку далеку за да речам дека ништо од втората сезона не е реално, но мислам дека можеби делумно теоријава ќе испадне точна. Можеби вистинскиот Вилијам (човекот, де :D) им подлегнува на раните од некоја епизода во сезонава, а остатокот од приказната за него кој го гледаме е всушност симулација и fidelity testing за неговата AI персона.

    У секој случај, останува да видиме.
     
    На RainBow, do-re-mi, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Третава сезона е одлична. Не трепнувам додека гледам. Ја гледам четвртата епизода, а излезени се пет до сега. Малку ми е каша попара кој како и зашто, ама воглавно го пратам главното дејство. :D
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.