Гледам дека нема тема за оваа козметика , па реков да направам Wet n wild производите се доста популарни меѓу блогерките и јутјуберките , но за жал се уште ги нема нивните производи во Македонија. Јас на почетокот ги порачував од ибеј , а од пред неколку месеца ги донесоа во Грција во парфимериите во мојот град (имаат свој штанд) Исто така читам дека пред некое време ги донеле и во Србија и Хрватска ( во ДМ ) па се надевам дека и во Мк ќе ги донесат Дали имате нешто пробано од оваа козметика? Како ви се допаѓаат производите? Јас најпрво што пробав е се знае - нивните кармини од линијата Megalast lipstick. Кармините се мат и нијансите копии на MAC кармините. Имам околу 6-7 нијанси дома а планирам да ги земам сите. Долготрајни се , пигментирани , сосема мат Сенките исто така им се прекрасни. Имаат моно сенки , и палети (внатре со по 3 , 5 , 6 и 8 сенки) Имаат и глитер светки за очи и тело. Јас сум презадоволна од нив , исто така се доста пигментирани Ја имам и портокаловата маскара со влакнеста четкичка , убаво ги крева трепките и остава убаво црна боја но не прави нешто друго посебно на моите трепки. Не сум нешто задоволна Го имам и овој гел ајлајнер , убав е и водоотпорен , но бидејки не користам често гел ајлајнери си седи во фиока
Ја знам козметикава од Америка, и таму беше најевтина козметика од сите на пазарот (заедно со e.l.f.). Штандовите вообичаено беа наредени според цената, оние од повисока класа понапред, а поевтините поназад, и штандот на Wet n Wild беше последен. Го кажувам ова не како критика, туку дека никогаш не би дала по $5-$6 долари за еден кармин од eBay, кога таму редовната цена на еден му беше $3, а често беа и на акција за $1.50. За $5-$6 можат да се најдат доста добри кармини и на нашиот пазар, можеби и со подобар квалитет, а без да ги чекате по еден месец порачани од интернет. @koritsaki, колку е цената на кармините во Грција? И покрај кажаново, кармините MegaLast се одлични, особено за цената по која јас ги купував. Имам околу 10, и сите се прилично мат и долготрајни, некои помалку, некои повеќе, во зависност од бојата. На сликава погоре ми изгледаат многу сјајни, не знам дали таква е сликата или девојката има ставено и сјај, ама според мене се многу повеќе мат. Пакувањето им е малку незгодно, за ова имам пишувано и во друга тема, карминот секогаш малку ѕирка над капачето, не можеш целосно да го завртиш и да се повлече, па често се „потфаќа“ кога го затвораш. Капачето е направено од лесна пластика, па неколку ми се имаат скршено, а еднаш едно не се затвораше добро и ми направи белја во несесер. Можда па ова зашто не сум многу внимателен човек генерално Кога ќе го погледнам постов вака, повеќе звучи како негативна критика, ама навистина не е, само мислам дека луѓево премногу се потресуваат за карминиве тука каде што ги нема, а навистина не се big deal. Во ред се, ама и мат кармините на Golden Rose на пример се слични на овие и се многу супер, а цената им е пониска. Освен кармините, од козметикава имам и неколку лакови за нокти, и се исто така добри. Се надевам дека ќе ги донесат производиве кај нас, ама со соодветни цени
Кај нас кармините се по 4 евра , порано беа 6 но им дојде памет и ги намалија А инаку знам во Америка дека се толку , кај нас многу ги креваат цените за жал , и не само кога станува збор за Wet n wild. За пакувањето се согласувам - треба да се внимава кога се отвара / затвора карминот зашто капачето лом се прави. А пакувањето изгледа многу евтино ама ок Лаковите не сум ги пробала , а не сум забележала дали ги има
Додека ги порачував од нет од овде ги земав , цената им е 5 евра со бесплатен шипинг. http://www.ebay.com/itm/WET-N-WILD-...hash=item1e97081156:m:mD6vSXLsrm8ESmahoy2ln_g
Може тука да ги коментираме нивните производи. Ме интересира дали се донесени палетите со по 8 сенки? И која е цената? Баш ми е при крај оваа која ја користам многу одамна (Comfort Zone) и би сакала да си ја обновам пак.
Супер баш се радувам што ги донеле wetnwild во ДМ , ем се евтини ем квалитетни. Ако некоја ги проба овие 2 работи нека пише овде зашто поготово за eyelinerот ме интересира дали е водоотпорен сакам да го пробам , ама џабе да не го зимам ако не е убав
Ако некој оди деновиве, нека провери дали ја има и нека пише цена, на официјалната страна цената е $ 5,99 а кај нас не би требало да е повеќе од 400 денари. Моментално ја користам Катрис ХД, ама ми треба и потемна нијанса, би и дала шанса на оваа пудра.
Ovie molivi se preubavi .Samoostrecki se , meki i dolgotrajni. 3$ se tuka kaj sto ziveam, a bi trebalo vo DM da ne gi pokacuvaat cenite mnogu . I ovie mat tecni karmini bi gi pofalila isto .Dve boi imam koristeno i seuste koristam (prvata i tretata) i bas se dobri ! Ne mi ja susat ustata kako nekoi drugi ,a i vo kombinacija so gornite molivi se super.
Ја има,само што ја купив денеска, 435 денари е мислам. Донесени се и хајлајтерите тие се околу 330. Има неколку видови палети со сенки,единечните сенки се донесени,маскари,лакови,кармини. Има избор. Со нијансите малку слабо стојат,ама како за почеток е супер.
Пишав порака на официјалната страна на ДМ, ми одговорија дека овој бренд може да се најде во филијалите во ГТЦ, Веро центар, Тафталиџе, СП во Ѓорче и во Куманово.
Најбитно прашање - каде има најголем избор? И кармините што ги постирала погоре mirandaa, ги има ли кај нас? Би одела во одреден ДМ само за тоа, па да не биде џабе патот.
Јас бев во верото и таму ги имаше и кармините и моливчињата што ги има миранда постирано. Али јас решив да не земам, некако не ми фаќаа око боите
@kim.k Дали ги имаше течните светкави сенки ? И кажи ми како стои пудрата со нијанси ? Јас на youtube ги барав нијансите на моливчиња, не ми се свиѓаат. Можда ќе земам утре некое потемно од љубопитност. Од хајлајтерите земам обавезно само се мислам меѓу blosom glow и precious petals.
За каква кожа е пудрава? Јас ги разгледав само кармините (прекрасни бои, 175 ден парче) и палетите со сенки. Од хајлајтерите не ми се допадна ниту еден, пренападни за мој вкус. Единствено тој во стик ми се допадна, ама не видов цена, брзав.
Не знам како ја рекламираат, јас имам сува кожа и задоволна сум од пудрата. Денес ја носев од 12 часот до 18 и сосема солидно се покажа. Многу лесно и рамномерно се нанесува,има средна покривност, не ја чувствував тешка/ниту дека ми ја затега кожата. Не ми ги истакна сувите делови на лицето иако веќе кон крајот на денот ми беше собрана во мимична брчка околу устата, малце беше тоа и со тапкање/размачкување лесно се корегираше. Одозгора супер се нанесуваат другите продукти. За цената е стварно супер пудра. Само кај нас нема многу нијанси донесено и прво кога ја нанесов ми се виде многу светла за мене,ама во текот на денот оксидираше за нијанса. Нешто што многу ме нервира е што нема пумпица и со шпатула се црпи од внатре. Едитирав да допишам дека на носот ми беше ``излизгана`` пудрата па морав тоа да го корегирам. Ама тоа ми се случува скоро со сите пудри,веројатно дека не ставам таму многу зошто не ми делува природно лицето ако нанесам многу пудра таму.