Јас ја користам фото фокус од кога се појавија во мк, пре пре добра, незнам сега со нијанси како се ама јас најдов идеална за мене и не ја манувам. Моментало 7-8 шишенце користам денес купив нова и во новиот дм во кисела вода ми испадна 277 ден. А редовна цена е 400 и нешто. Такадауште утре мислам дека има таму попусти, кој е заинтересиран нека иде таму.
@CrAzZyYy мене ми е многу убава, ама како што се смалува количината и реагира со воздухот и ѝ се менува формулата. При крајот веќе поприлично ужасна ми станува. Затоа сега не ја купив пак, решив на друга да дадам шанса, ама изгледа пак ќе и се вратам. Камо да беше со пумпица.
јас некогаш си викам камо да беше на пумпица, ама некогаш и ми одговара да ти ка/ам искрено , неможеш да претераш, зимаш од шпатулата колку сакаш, другото враќаш, Не занам дали има можност да се купи и пумпица дополнително како за МАЦ пудрите. Иначе да и јас го приметувам тоа дека кога ми е при крај менува боја , и менува текстура , ми се собира под очи и околу устата, но многу споро ми се троши така да не ми е тоа голем проблем, Исто така на почетокот малце ми сметаше мирисот, кога гледав по блогеркиве, не верував дека е стварно толку ужасен, незнам зошто не поработеле малце и на тоа, Но се на се , ја обожавам
И јас да се умешам малку за пудрава хахах Ја имам неколку месеци, ја користев онака 2 3 пати во неделата по неколку часа, по 1 час ми се собира околу устата и над неа изгледам како да имам мустаќи многу грозно се собира и под очите и на капаците ми се мрси. Еве денес ја ставив во 10 сабаеле оти друга што имав ја потрошив. За 4 часа во сите линии ми се собра, некако не ми впива на лицето како што треба а и светев како лампион, а до 8 вечерта да не ви кажувам каква бев..
Мене не ми мрда, а и не ми просијува ја сетирам со камена или пудра во прав, ама имам и суво лице, ни Т зоната ме ми е мрсна, можеби и поради тоа.
Што се случи со нивната козметика? Ја имаше во DM, а пред некој ден разгледував и низ повеќето дрогерии штандовите им беа речиси празни.
Некој од производите ги нема подолго време, хајлајтерите во прав и големите палети сенки. Можеби од фирмата кај што ги набавуваат ги нема и не им носат роба.
Па да, токму за хајлајтерите и за сенките. Сакав да земам уште по некоја палета и уште еден хајлајтер ама ги немаат. И тоа не само низ скопје, туку и низ други градови..
Видов дека има понуда во Дм, сет од палета сенки, хајлајтер и кармин, па ме интересира кои се нијансите? Дали има различни паковки и како се комбинирани?
И јас имам две од тие палети, особено оваа боја обележана на сликава во секоја варијанта ми се вклопува. За тие пари сенките се топ.
Од wen n wild највеќе задоволна бев од овој conceal . Штета што веќе го нема мкд.исто и од лаковите ептен се добри .