Па јас каде што живеаам само во ДМ , ама не сум сигурна за Шатци одамна не сум била , па така не знам да ви кажам.
Да, Јас го имам користено и сите бронзери им се со светки и имаат мислам сатенски сјај ,но не она како на хајлајтер туку многу поприродно и имаат и спф 15 колку што знам. Ако сакаш глитер ок,ама ако сакаш матт прескокни го и може да земеш тоа за контурирање палетата одлична е нијасата и за контур и за бронзер.
Ти благодарам на одговорот Не ми прeчи воопшто доколку има малку светки со оглед на тоа што до сега ги имам користено перлите на авон. Дали се нанесува лесно ?
Здраво девојки, од пред скоро време гледам дека доста производи од wet n wild се достапни на овој сајт https://www.ecom.mk/product-category/ubavina-убавина/lice/ Дали имате нарачано од тука?
@Alisa22 , @Dream-Girl , @christinnn Ја пробав палетата.Боите се преубави. Задоволна сум. Спојлер: Неколку на раце
Видоа евтина,па сите ја купија. Јас кога ја купив од таму само 3 беа. Прееска бев во ДМ Тафталиџе по други ствари,видов дека имаа само 2 останати. Се надевам дека пак ќе ја донесат во секој ДМ.Преубава е.
Имам три палети сенки и сите бои се соединуваат во оваа новата на вет. Ќе бидам во огроомно искушение да не ја купам, поради неа ќе ми фаќаат прашина старите сенки.