Со оглед на тоа што се нови во сите треба да ги има истите производи,јас бев во Гтц попладнево,пудрата што ја бараш е како што ти пишале погоре 435 денари.Ако има некој повеќе инфо за неа нека сподели
Колку се кармините и геј алајнерот? Ќе тркнам до Веро Центар. Сакам да земам гел и маскара се надевам не се со астрономски цени. Инаку стиснав на линкот кој го постави @koritsaki но за жал ми вели дека веќе не е достапна козметика на и-беј. Не знам што се случува со страната.
Кармин не си купив од единствена причина што мислам дека капачето ќе се прави лом и ќе ме нервира. Многу глупаво пакување.
@crimson да , јас имав 2 кармина на wetnwil од тие со капачето и лом се правеше од карминот. Јас поради тоа не ги сакам баш @buba4e89 тој линк ми е ставен од оддамна и можно е веќе да не постои страната. Ама не е битно важно ги донесоа wetnwild во Мк
Не издржав, сепак се вратив и го купив Ама знам дека ќе ме нервира, многу мразам кога ми е размачкано некое пакување.
Воопшто не е практично пакувањето, а она за подесување е многу нестабилно, се клати ко камбана. Како и да е, прекрасен избор на бои има, ќе земам уште деновиве. Патем, ако можеш пиши впечатоци од руменилото и од лајнерот. Руменилото која нијанса е? Мислам дека би ми одговарало и мене, бојата е одлична.
Еве го, mellow wine е нијансата. Ама во живо не е толку јака бојата ко на сликава. Ќе пробам се вечер, па ќе пишам впечатоци За гел лајнерите немаше тестери, па на слепо ја земав бојата, ќе видиме што ќе испадне.
@crimson ако , сепак боите се убави кај овие кармини ми се допаѓа што иако не се од оние сувите - мат , се трајни и не се лепливи на усните а да и за ајлајнерот ќе пишеш каков ќе е
Лом се прави капачето и многу грдо изгледа мислам естетски, грда е пластиката, а се расипува и механизмот што го носи нагоре карминот па така еден ми заврши во ѓубре.Тие посветлите нијанси јас што ги имав(think pink, just peachy) многу ги истакнуваат линиите на устата малце како потешка формула имаат.Ако ви е мерак пробајте ги, стварно убави нијанси имаат ама обичните Голден роуз велвет мат се со стопати подобра формула од нив.
Само што во Тетово веќе со месеци нема ништо од новите производи..буквално ништо Инаку ме интересира дали има туш со мека четка?
Моливчињата се премногу меки и кремасти. Хајлајтерите се премногу нападни ама купив не издржав многу ми се свиѓа пигментацијата. Сакав и пудра ама никако не можев да најдам нијанса или темна или светла ми беше. Таман се решив за една нијанса во гтц ја немаа... Сега одам во Веро со надеж дека ќе ја најдам.
Цените пристојни се или името ќе го плаќаме. Ми треба портокалево руменило, па ете си викам од wet and wild да си купам
@crimson колку го зема руменилото? Ептен ме бендиса нијансата. Ама викаш не е толку темно/јако... забележа ли дали има потемна нијанса?
Има потемни нијанси, јас вчера гледав ама на толку избор не можев да одберам набрзина. Ќе разгледам некои рецензии, па ќе видам кое ќе го купам, Мислам дека беа 300 и некој денар или до 300. Не се скапи, а фино изгледаат. Штета, баш купив ново (и прекрасно) руменило од Trend it up. Тешко да одолеам и да не земам ново.
jas na stranicata na dm ne zabelezav da ima nesto objaveno inaku cesto gi sledam pa taka si pravam koncept na pazarenje. inaku od youtube mi padnaa vo oci senkite
Појма немам за сенки, не видов. Јас ја земав најсветлата нијанса, не ми текнува колку имаше ама за твојот тен ќе најдеш
@Mishela моментално сум без руменило. Па една сенка ја користам за таа намена. Ама ептен ме бендиса нијансата. Јас дека бела, чинам појако би стоела на мене.. Ова со розе подтон.. па да набавам уште едно со жолто-песок нешто подтон... Ама обично руменилата, бар оние добрите држат цена, па се изненадив за ова.. ама ќе го пробам во секој случај, нијансава ме фати неподготвена. Оффффф топик. Сакав пред некој ден да се консултирам со тебе за крема на Балеа, те читав во темата ја препорача, ама те немаше онлајн па решив секако да ја земам на проба. Мислам дека се презаситив од нивеата.