Ќе ти прилега ваква корална нијанса, колку што те имам видено по фотографии - ќе ти даде малку освеж. Ќе ти предложам и некои други во содветна тема, но од Wet n Wild можеш да ги разгледаш достапните нијанси, имаше една преубава малку потемна со мал седефаст финиш. Штета што не се сеќавам на називот, ама мислам дека многу би ти одговарало тоа. Ако наидам на него ќе пишам.
Ги има ли кај нас и која цена се? Ако нркој ги користел да ми каже дали се добри. И дали имаат бел гел ајлајнер?
@Emotional123 јас имав златно и сребрено од овие светките , првиот слој кога го нанесов беше ок , но потоа почнаа да се лепат секаде светките , да се копираат на горниот капак , едноставно не стоеја убаво на капакот. Дали беше до базата , дали треба да земам база специјална за светки така не сум пробала земи пробај сигурно се евтини
Да, ги има во ДМ во Веро, за другите места не знам. А за цената ја видов, ама не се сеќавам баш, околу 200 ако не се лажам беа...
Дали некоја ги има користено гел лакчињата ? Конкретно ме интересира дали стварно имаат толкав сјај и дали на рака изгледа дека е како гел или како обичен лак? На пример со гел лакчињата на Голден Роуз не се постигнува толкав сјај, мислам првите неколку саати е ок, а после тоа како обичен лак изгледа. И цената ако знаете ?
Да ги има, 125 се. Имаат кремаста текстура, кога ке се нанесат не се пигментирани како во пакувањето, нерамномерно се нанесуваат и се собираат на капаците иако ги користев со база. Тешко се острануваат, се лепат по лицето кога ја острануваш шминката, целата светeв kaко лампион. Нијансите се bleached и vices.
Значи течниве мат кармини од Голден Роус шо се по 240 денари, се уствари дупови и по паковање, и по нијанси од Ветнвајлд? Дали ги има кај нас, и која цена се? И дали се подобри од Голден Роуз?
@Gosh не би зборела за дупови кога им е толку мала разликата во цената. Во Америка се $5, и многу се фалени од блогерите. Поставив видео погоре, ќе тркнам после обавезно да си купам еден ако ги има и ќе ти пишам за цена
Па мене на дуп ми личат, само не кинески, балкански. По квалитетен... И обавезно пиши, оти мене овие на Голден ептен ми се свиѓаат.. Да знам дали да ги мењам.
300 и нешто денари беа овие. Баш го пробав третиот од горе, многу ми се свиѓаше 125 денари се си земав една ама уште не ја пробав така само на рака. Немаат тестери
315 денари се. Си го купив Rebel Rose, Последниот од сликата На прв поглед многу ми се допаѓа формулата, како кремасто се нанесува, многу лесно и рамномерно. Се суши мат. Нема трансфер и устата не изгледа исушено иако малку се чувствува сува на почетокот (јас не можев да дочекам да дојдам до дома па по пат си ставив). Мене многу ми се допадна, а не сум некој љубител на течни мат кармини. Се најадов сега и гледам уште стои, а не бев ич дама во јадењето, плус полнети пиперки јадев Со голден роуз не би можела да го споредам затоа што не сум го пробала тој знам, срамота. Тоа е прв впечаток, се надевам нема да се промени понатаму. Најмногу ме изненади колку лесно се нанесуваше.
Dali ima zemeno nekoja pudra na wednwild za mrsna koza pa da spodeli mislenje? Ja probav na tester photoready mj se dopadna prv vpecatok no neznam za kakva koza e
Wet n wild руменилото на кримсон, го нема во ГТЦ. Има 4 нијанси и ми рекоа дека само нив ги носат. Земав нијанса потемно. Демек потемно E3282. Светло цигла боја е. Уште го немам пробано, вака не изгледа лошо, ама јас сум бледа па потемни нијанси боље ми стојат. Да пробам па ќе споделам импресии. Џабе да постирам слики од нет, сите ги дава потемни од тоа што во живо се.
Денес купив неколку работи од Wet n Wild, ја купив палетата со 8 сенки за која зборевте погоре -Comfort Zone. Добри бои, добра пигментација, лесно се работи со нив, за парите не е лоша воопшто. Кога ќе размислам подобро оваа палета е 4$ во Америка што е пак поефтино од кај нас и за тие пари е доста добра. Го земав и сетот за контурирање во Dulce de Leche. Не би ја користела потемната страна за контурирање, многу е топла нијанса а поентата на контурирањето е да се создаде сенка кога ќе удри светлото во фацата за да ги истакне цртите а тоа може да се постигне со нешто што не е толку бронзе односно со ладен подтон. Тоа го користам како бронзер, а посветлата пудра за под очите. Го земав и моливчето за веѓи кое е исто така добро. Планирам следно да го земам коректорот ( ако го има, за кое не сум сигурна), некоја од маскарите, мини палета ( тие со по 3 сенки) и еден хајлајтер.
Епа јас во ГТЦ го земав, се збуниле нешто. Инаку гел лајнерот е совршен, многу повеќе ми се допаѓа од карминот.