А баш сакав да те прашам кај го зема. Не знам зашто девојчето така ми кажа. А прашав и дали ќе донесат, рече не, само 4 нијанси носеле од кои не и таа.
Епааааа, лаги Ако успееш да го најдеш по другите дм, земи го, многу е убаво. Мислам дека и на твојот тен ќе одговара.
Тушот за очи на сликата подоле , го земав пред скоро една недела , го пробав со база за сенка и по 1 час почнува да се копира на горниот дел од окото. Мене не ми се допадна и се разочарав , некако очекував повеќе од него , штом со база така се копира што ќе биде без база.. али ок не е скап па не ме боли срцето барем Златен Есенс , ќе си го земам пак
Ги има беа накај 300 во гтц проверив Првата палета е накај 500 и нешто, втората јас ја купив беше 350 мислам и е супер. Карминот не сум сигурна колку е Како што знам јас (не сум сигурна btw) гел lip liner е погуст и повеќе кремаст односно се лизга на устите поради текстурата и формулата додека обичните моливчиња се потврди и не ја имаат таа типична карактеристика како другите да се лизгаат
Во врска со двата хајлајтери, вака на слика ми изгледаат доста темно.Бидејќи сум доста светла мислам дека ќе дојде како руж наместо хајлајтер, а немше тестер да пробам. Ако некој го користи нека ми пише.
Кармините се 175 денари, а палетата со 8 сенки во облик на квадрат е 399 денари, наведов на некоја од претходните страници.
Ги пробавте маскарите? Сакав да ја земам таа зелената? Ми се допадна четчето на изглед што значи ќе ги чешла и издолжува. Но дали ќе има ефект на поцрни трепки. Кутра јас со мали трепки сум. @koritsaki многу се мислев за тушот и фала што сподели мислење, претпоставував дека ќе се копира зашто на пакувањето има три капки и нешто совеста ми велеше ќе се разочарам. Не е скап штета.
Девојки, како сте задоволни од формулата на течните мат кармини? @DAngel те тагнувам тебе зошто видов дека си зела, или и некоја друга ако има земено. Ми фатија око две нијанси, ама ако се слични по формула на Golden Rose воопшто да не давам пари - GR имаат убави нијанси, ама ја пресушуваат и распукуваат устата, а по 2-3 часа носење почнуваат и да се ронат, па би сакала да го одбегнам тоа со WnW.
Ме сум ги пробала ГР. Многу сум задоволна. Како пенаста е структурата и не се ронат. Апликаторот е многу убав и лесно се нанесува. Рамномерно и темелно покрива во само еден слој. (Барем нијансата што јас ја зедов, briar rose или така нешто)
Читав претходни мислења за пудрата, али сакам пак да прашам Дали е соодветна за мрсна кожа и каква покривност има? Јас имам доста мрсна кожа, моментално ја користам Менхетен мат пудрата. Инаку, сенките се одлични, ги користам одамна, многу добра пигментација.
Jas sum preeeeezadovolna drzi premnogu mat prekrasno izgleda na lice lesno se blenda , ne se preslikuva i ima predobri nijansi 10/10 od mene