Голден роус се ептен пигментирани, барем нијансите кои јас ги имам, па сега ми треба баш нешто неутрално и 'нежно'. Баш такви и барам, дефинитивно ке земам нешто, денес немав време и до ДМ да поминам. По редовна цена ми се скапички, вака може да се подновам со некоја нијанса.
Женски некоја што ја користи пудрата фотофокус или така нешто беше како сте задоволни? Имам многу мрсна кожа со акни не знам дали би ми одговарала
Jas ja imam koristeno ne sum bas zadovolna. Ne drzi mat dobro, ima cudna struktura,se prekopira . Se na se 6/10 ima mnogu podobri pudri za taa cena
Мене ми се допаѓа, лесна е, а покривна и со мат ефект. Јас секогаш користам и камена пудра за дополнителна покривнист и да ме држи мат, па не знам каква е без. Единствена маана ми се нијансите, па затоа не ја купив пак. Сега ја користам Боржуа 123 перфект, исто е покривна и мат, па би ти ја препорачала и таа.
Ако добро заприметив, овие палети се сега на двонеделна акција во ДМ за 199 денари. Имате искуство со сенкиве? Пигментирани ли се?
Ги има некој пробано хајлајтерите што се limited edition? Ме интересира какви се сакав да го земам тој посветлиот
Дечки, купив една сенка, ама мислев дека е класика светки, тоа да ти било како паста-светки, густо е, лепливо, и немам поима како се користи Ако може да ми објасните Станува збор за glitter single, bleached
Пред некој ден го купив highlighter-от од Wet 'n' Wild cosmetics и прилично сум задоволна Доволно е и сосема малку да ставиш и веднаш има преубав сјај кој има освежувачки ефект на лицето.
Мислам дека е околу 300 денари ама не сум 100% сигурна... (често купувам козметика и ги помешувам или заборавам цените)
Пред некој ден убаво ја исчистив четкава, и прееска и дојде ред на употреба и воопшто не зема од бронзерот. Пробав и со вртење на четката во бронзерот и со влечење значи ни трошка не зема. И се има случено на некоја ова?