What's up почесто, всушност секојдневно го користам затоа што мнозинството од пријателите и колегите од контакт листата ја користат таа апликација. Viber поретко, но сметам дека е подобра апликација затоа што покрај пишувањето пораки имаш можност да се слушнеш со некого без да се притресуваш околу сметката, што не е воопшто случај кога зборуваш со некого на телефон посебно ако таа особа е некаде во странство. Благодарение на viberot со една другарка во Германија ни се се позачестија контактите а навистина не знам дали зависи од телефонот квалитетот на линијата. Ми се случувало да зборам саат време а воопшто да немам прекини на линијата и без оглед колку сме оддалечени во километри сепак тоа не влијае воопшто на чистината на линијата.
Танго е апликација иста како вибер само што на неа можеш да вклучиш камера и да си правиш муабет како на скајп. Е проблемот е што на Танго можат сите да ти пишат и да ти го најдат бројот. Јас за тоа и го деактивирав. Инаку вибер е супер.
Јас What's up и Viber користам и тоа многу. Не знам танго што е ама и на вибер можеш камера да уклучиш и и да правиш муабет искрено повеќе го користам виберот од скајп.
Whatsapp и Tango не сум ги кoристел aмa Viber-oт кoгa гo имaв мн сецкaше,кaснеше и др. пa се изнервирaв и гo избришaв...
Користам само Viber. На вибер ми се и другарки и роднини и сите, така да супер ми е. Најкорисен ми е за комуникација со луѓе што се надвор од земјава.