Whatsapp,јас имам негов број во контакти,а тој го нема мојот меморирано и во овој случај јас не можам да му пишам додека и тој не го меморира мојот број?
Можеш да му пишеш но бидејки тој го нема меморирано твојот број нема да знае кој му пишал, само бројот ќе му го покаже
Офф леле знам порано можеше да пишам и без да го имаат меморирано мојот број,а сега од ново го инсталирав и не можам да се снајдам да му пишам не бива,а и тој го има инсталирано не знам зошто така..
Ако пишам порака на Viber на некој што не е активен (пред 3 дена) значи нема delevered и кликнам „delete a message for everyone“ и го деактивирам виберот дали ке му стигне тоа дека сум ја избришала пораката кога ке се уклучи иако сум деактивирала вибер
Обновенава верзија на Viber 10.03.0 е хаос. Толку е непрегледна и пренатрупана со глупости, згора има пристап буквално во сето она што ти е на телефонот.
Кога ми е заклучен телефонот, пораките од вибер не ми ги покажува. Ми пишува Check for new messages и кога ќе го отворам виберот тогаш ми стига пораката. Некој да го имал истиов проблем?
Не најдов оваква тема,па направив нова. Кажете ми дали ви се случило да ви биде блокиран акаунтот од вибер? Еднаш ми се случи им пратив порака на вибер супорт и го одблокираа. Но еве сега побторно. И ми стаса маил дека неможе да се одблокира. Не праќам спамови но често го користам...таква ми е работата. Незнам што да оравам. Истиот одговор го добивам. Имате искуство некакво?
Баш за ова сакав да пишам и јас и да кажам дека неколку дена откако проверувам постојано сум онлине, дури и тел ако е на полнач, или ако го отворам да се јавам или на нет пак сум онлине. Има ли кај некој друг ваков проблем?