1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Why cry" - го има ли некој и задоволен ли е ?

Дискусија во 'Бебе' започната од biljanaj, 30 јуни 2011.

  1. biljanaj

    biljanaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    "Why cry" - го има ли некој и задоволен ли е ?
     
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    A што е тоа, јас појма немам :lol:
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас кога бев бремена читав за Why cry и искрено мислам дека ниедна машина не може подобро од мајката да го „прочита“ плачот на бебето. Многу брзо дури и неискусната мајка ќе почне да препознава дали е гладно, дали му се спие, дали му се цица, дали има грчеви. Бебето си има специфичен плач, а мајката меѓу другото има и инстинкт, нешто што машина не може да има. Според мене, тоа е непотребен апарат, кој може да делува интересно, посебно во оваа ера на gadget-и, ама јас сум скептик.
     
    На guguence и Annath им се допаѓа ова.
  4. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Девојки (мајки) значи за мене нешто по идиотско од ова направиче ми нема.
    Па колку и да е ``интелегентна`` направава и колку и да ме убедува некој дека точно го препознава гласот т.е плачот на бебето, јас си останувам скептик во врска со тоа и никогаш не би го купила.
    Па мајке ми, треба ич да не ми е развиен мајчиниот инстинкт за да неможам да сватам зошто ми плаче бебето. А бебињата плачат заради 4 работи: покакано, помочано, му се јаде или го боле стомакот. Е сега ако јас незнам да препознаам што му е, налет нека ми е и мајчинството и се.

    Без навреда, тоа е само мое мислење.
    И алал да му е на тој што измислил како да го олесни џебот на луѓето за 4000 ден. Па можам по продуктивно да ги искористам тие пари.
     
    На srekice, Saricko, Natasha2012 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Мислам дека апаратот работи на принцип на препознавање на плачот на бебето. Јас уште пред неколку години гледав во емисија кај Опра имаше гостинка жена што ги препознава потребите на бебето по првите звуци од плачењето. На пример - ако почне со НЕХ значи дека е гладно. АУ значи дека му се спие, ХЕХ нелагодност, ЕХ дека треба да ждригне, ЕР дека има гасови. Може е смешно, ама на некој може ќе му биде и од помош.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    И? колку души ја купија направијава?
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Апликации вакви колку сакаш има :) Глупости