1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Why Women Kill (2019)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од JoanaS, 21 октомври 2019.

  1. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Три жени. Три различни декади. Три различни типови на брак.
    Нова американска серија којашто излезе годинава во август и има досега една сезона со 10 епизоди.
    Why women kill ги прикажува трите приказни низ трите различни декади на жените кои живееле во ист дворец, Пасадена, и доживуваат неверство во нивните бракови.


    Актерска екипа:

    why-women-kill-e1565992017202.jpg

    Дали некој ја почнал серијава и како ви се допаѓа?
    Мислам дека е серија вредна за дискусија. Јас сум до трета епизода и бев инспирирана да ја отворам темава. А ако некој ја нема почнато силно ја препорачувам. Иако делува како некоја женска серија сепак мислам дека е доста интересна драма, крими и со примеси на комедија
     
    На ludoto19, Tajnaotrovna, Ginger^ и 5 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Актерската екипа ... :o :inlove:
    Ќе ја ставам на листа на гледање, кога ќе ја изгледам - не знам. :D
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Најдобро нешто после Домаќинките :D
     
    На Tajnaotrovna и JoanaS им се допаѓа ова.
  4. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    @Bzaubzz.xy и менее премногу некако ко да ме потсеќа на нив ама можда заради музиката некако е слична и во двете серии :)
     
  5. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Баш пред некој ден сосема случајно наидов на серијава и ја симнав. Сум немала слободно време за да ја почнам, но штом ја погледнам, ќе споделам импресии :d:
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Звучи интересно, особено ако е во стилот на Очајни домаќинки и некои такви слични серии.
    Имало немало на Нетфликс, ќе ја симнам па ќе видиме.
     
    На JuLleE и JoanaS им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и јас првата епизода. Ми се допадна, актерската екипа е одлична, концептот е солиден.
    Добро е и што е антологиска и нема да се развлекува.
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Истиот сценарист е Марк Шери :D
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Штотуку ја изгледав 3тата епизода, i'm hooked :$
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.921
    Пол:
    Женски
    Вреди да се гледа?
     
  11. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Вреди. Не е “тешка за голтање“ , драма со примеси на мистерија. Имаше многу моменти кои ме држеа во неизвесност , особено последната епизода!!
    Нема да давам спојлери , ама дај и шанса , интересна е :nod:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Серијава е феноменална. Страшно добро е изработена.
    Морам да признаам дека најинтересна ми беше приказната на Бет Ен, какво женче значи, уште не можам да заклучам дали беше луда или гениј.:D Актерката совршено го долови ликот, секоја чест.
    И Луси беше предобра, навикната на неа од Шерлок овде ми беше освежување.
    Третата приказна најсаба ми беше, некако ми немаа хемија актерите, само Џејд ми се допадна како се вклопи и и даде живост на приказната, инаку беше малку... Рамна.
    Супер серија, се надевам втората сезона ќе биде исто толку добра.
     
    На Frosty!, ludoto19, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  13. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    @RainBow мора да признаам дека и мене ликот на Бет Ен ми е најфеноменален и некако најдобро разработен.
    А за третата врска можеби така е доловено затоа што според мене и не постоеше некаква хемија во самата прикажана врска и мислам дека таа врска беше само како да си ги задоволуваат потребите, некоја опсесија и самите учесници во врската беа прикажани како да не знаат што сакаат. :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Ама милион пати му рече My love story is with you, мене некако повеќе исфорсирано и стоеше.
    Плус, како можеше да се врати со него откако он се здружи со Џејд? Не беше само дека она го манипулираше и дрогираше, не е он некое детиште, маж е. Таква личност како Тејлор да биде со некој како него... што знам.
    И фала ти што ја предложи серијата.:inlove:
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    До трета епизода стигнав, ептен ми се допаѓа за сега. Едино на крај на епизодата набрзинка исклучвам зошто сите битни точки ги кажва од следната епизода. |( Актерската екипа е одлична, приказната ми е мене релаксирачка. :D Можам да диплам алишта и да гледам, не бара нешто особено концентрација, такво нешто ми требаше.

    Џејд инаку, вистина ептен е уба.
     
    На JuLleE, Tajnaotrovna и JoanaS им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Ја завршив.
    Не можам доволно да кажам колку ми олесна кога Илај излезе со патериците на крајот кога продаваа куќата со Тејлор. Ептен ми се допаѓаа тие двата, да Џејд е ептен секси ама има crazy eyes. Ептен ептен не сакав да умрат Тејлор или Илај. Најмногу ме погоди смртта на Карл. Бет Ан ми беше малку cray- cray. Као, во право беше девојката шо беше тепана, не бегаше оти ќе ја убие, ама на крај се спаси, за неа навивав цело време. Сакав нејзиниот маж да умри, али само в затвор шо заврши е доволно добро. Ама Бет Ан можеше секогаш да замини и сакав да замини, а не да остани со изневерувачкото копиле. На крај го уби, исценира да го убие, ама некако ми беше ... мех. Особено паралелно Карл ги имаше последните моменти, дефинитивно беше мех према него.
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Мене само не ми беше јасно зашто ако ви текнува,
    во една сцена тепаната, како се викаше не знам, стоеше над гроб и плукна и си отиде. Маж и не умре, чиј гроб беше тоа?
    Супер беше направено на крај, разрешницата кога се спои се во едно. И делот кога си ги предаваа клучевите беше интересен. Едните на крајот, другите на почетокот.
    Актерката што ја играше Ејприл одлично си ја заврши работата, беспрекорна ми беше.
     
    На JuLleE и JoanaS им се допаѓа ова.
  18. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на крај кога Бет Ен ги предаваше клучевите, спомна дека бил executed тој мажот на Мери. Па на неговиот гроб плукна Мери. А може и сама си го измислив ова, од што се внесов во приказнава хаха:lol:
    За останатово се согласувам потполно :clap:
    Некој погоре имаше искоментирано за врската помеѓу Илај и Тејлор, па да се надоврзам..
    Мислам дека баш одлично беше прикажана нивата приказна. Двајцата се сакаа, тоа е јасно, ама се наоѓаа во фаза од “љубовта“ каде веќе хемијата им е изгубена, монотоно им станува се, и во обид да ја вратат хемијата и тој adrenaline rush (пеперутките во стомак, онаа заљубеност што зрачи кај новопечените партнери итн) , тие одлучуваат да направат огромни промени: ја купуваат куќата која не можат да си ја дозволат и се впуштаат во авантури со други личности. Со тоа го наводнуваат оној дел од врската што им е изумрен. Џејд е совршен приказ на се она што им недостасува на нив двајца во врската, дури и Тејлор кога се кара со Илај кажува како го сака него, дека е љубовта на нејзиниот живот, НО ја сака и Џејд, бидејќи таа е наједноставното нешто во нејзиниот живот, дека не бара ништо, а само дава. Мислам дека на крајот се убаво си испадна и двајцата сфатија дека си се доволни само они. Барем јас така ја протолкував нивнава приказна.:?:
     
    На JuLleE и RainBow им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    ДАААА!
    Јас убедена бев дека нејзиниот маж ќе умри, ама можда то намерно беше напраено да мислиме можда дека уствари та е жената од тој период шо убива. Или двојно убиство. До крај чекав двата да се спукат кога се тепаа кај Бет Ан во ходникот. Очекував двата да умрат едино пошто тепаната плукна на гроб.

    Ама ако добро памтам, кога Бет Ан ја продаваше куќата, рече дека тогаш скоро бил ''put down'' убиецот на маж ѝ. Можда бил на смртна казна во затвор, па го погубиле, па тогаш тепаната да плукна на гробот негов.

    Да, и мене така ми личи. Мене и од старт ми беа супер пар, од старт беа во отворена врска и Џејд се гледа дека знај да манипулира и дека полека- полека се провна во врската. И мило ми е дека двата се живи и се преселуваат кон подобра иднина.
     
    На mazikeen и RainBow им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Во право сте, веројатно така бидна работата, требаше само некако подобро да е спакувано.
    Не знам зашто мене не ми беше уверлива нивната врска, ве разбирам што кажувате, ама ми немаше хемија меѓу нив воопшто. Повеќе хемија имаа Карл и Симоун. :D
     
    На theowndemon и mazikeen им се допаѓа ова.