Одлична серија, лесна за гледање, за помалку од 24 часа ја завршив. Добро осмислени настани, со добра глума, има што да се види. Дефинитивно една од подобрите во овој период.
Carl & Simone .... Спојлер Значи највеќе хемија имаа, и највеќе ми се допадна нивната приказна, навистина прво беа најдобри пријатели, па потоа сопружници.. Штета за Карл на крај, си поплакав со нив
Собрале одлични глумци. Се чудам од кај ми е позната Џејд, оно уствари ја гледав пред скоро во Can you keep a secret, ја глумеше главната улога. Многу убавка и харизматична актерка. Ми се допаѓа многу серијата, особено приказната на Бет Ен. Па и како ги доловиле 60-те, секоја им чест. Со душа ги чекам тие делови. Другите две приказни ми се така-така, таа со Илај и жена му ептен тапа, најмалку ми се допаѓа некако. Дали немаат искра меѓу нив не знам, ама замислата е океј (реализацијата и не баш). Закон серија, до утре можеби ќе ја завршам, денес само три епизоди успеав да изгледам.
Мене Попкорн ме заебава и ми заглавува на 6та епизода. Многу се нервирам, а баш забавна ми стануваше. Многу интересна серија, вистинско уживање. Многу е добра сценографијата, актерите...ќе коментирам подетално кога ќе стигнам да ја завршам. А песната од најавна шпица ме уби, ми се врти во глава со денови.
Можеш да ја догледаш, ја има на милион сајтови. Јас ја гледам на овој https://klikfilm.org/?s=why women kill А, пардон. До 6та епизода си стигнала ти, на сајтов уште не е пуштена..
Како оди напред серијата, така Симона и Карл ми стануваат најинтересни. Леле каков хумооооор. Животот ми го продолжи серијава, со години не ми се случило вака со душа да чекам да пуштам следна епизода.
Ретко добра серија во последно време. Ја изгледав за два дена. Спојлер Не очекував крај како на Симоун, не препознав дека е добра во душа уствари, ми беше премногу себична. Бев запрепастена од приказната на Бет Ан, ми беше најитересна. Многу добро смислено. А Џејд си залужи, иако беше очигледна нивната приказна веќе од средина на серијата.
И јас ја завршив. Навистина добра серија, ме врати во живот. Спојлер Јас мислам дека Мери плукна на гробот на Роб. Ми имаше таков карактер, како изгубена, помирена со ситуацијата со насилството до толку што она не ни приметуваше дека е жртва па...не знам, таков впечаток имав. Инаку многу добро доловен лик беше и она. Значи Ејприл сепак останала пријателка со Бет Ен, очекувано ми беше некако иако и малку чудно. Бет Ен беше лудача невидена, леле кој психопат, позабегана и од Џејд. Чудна ми беше на крајот кога ги предаваше клучевите. Навистина и личеше таа пасив-агресив појава. А Александра Дадарио патем ептен има фаца да глуми ваква некоја психо личност. Очите какви и беа, тиха језа. И тоа кучето кога го видов на крај во сцената во кола кога си заминуваа, се стаписав, си реков пак ќе им се појави Џејд воскресната од багажник со the crazy eyes. Најпар дефинитивно Симона и Карл, најмногу хемија имаше помеѓу нив двајцата навистина, кој фраер беше Карл - каква боја на гласот, да паднеш на газ. Ќе има втора сезона?
'Why Women Kill' has been renewed for Season 2 at CBS All Access Спојлер: последна епизода крајот беше интересен, со новиот пар што се вселува и како се слуша истрел од пушката, едвај чекам 2 сезона!!
Добро е што не може да се расипе ваков тип на серија затоа што може да се смислат нови приказни, ама многу ме интересира дали ќе се скрши овој магичен круг, иселувањето на старата фамилија да се должи на некое убиство. Мислам дека можеби на некои ќе им се погоди бар еднаш да останат таму на подолго. Мене ме интересира кои нови актерски екипи ќе се вклучат, сигурно ќе има звучни имиња.
Мислите дека во истата куќа ќе биде втората сезона? Немаат простор за маневар така, повеќе ми стои дека ќе е нова куќа, ако го задржат концептов.
Мене секако ми нема логика да има втора сезона по истиот концепт, затоа што на тој начин секако би отпочнала милкинг сесијата. Затоа многу ме копка како ќе биде осмислена новата сезона - дали со истиот принцип, дали во истата куќа, со сличен крај...има простор да се осмисли секако, прашањето е како ќе биде. Останува да видиме.
Јас се изненадив дека ќе има втора сезона. Личи на оние серии кои се limited/ short, кои се целосно осмислени да завршат во една сезона и да нема поќе. И по малку ми е страв дека ќе ја зафркнат. Ама ене кај е 2020. Ќе видиме.
Втора сезона хм Интересна серија до 5тата епизода изгледав уште толку ми останаа. Приказната на Симон и дечкото многу ми наликува на онаа на г-ѓа Солис и градинарот од Очајните домаќинки Најинтересна сега за сега ми е приказната на првиот брачен пар
Многу добра серија Слични животни приказни ми имаат сите, одма си ги поврзав. Од сите женски ликови Симон ми е омилена, од машките немам баш..сите се кретени Btw Џејд уште кога им влезе дома на Тејлор и Ели осетив дека е кучка некоја