Леле ќе ја влечат три месеци значи. На кој не му се чека, нека ја симнува. 10 епизоди се и ептен е добра, многу убава серија. Изгледана во два дена.
Серијата ми е една од најубавите глесани во последно време. Лесна, интересна, ја изгледав за два дена. Страшно добра актерска екипа. Право освежување. Бет Ен ми е дефинитивно омилен лик, и ептен психо, ама имаше најдобра приказна. И најкрипи. Симон и маж и, хемија, хумор, топлина. Уживав додека ги гледав, додека третата приказна со адвокатката ми беше најбледа некако. Втора сезона кога ќе има?
Ќе има втора сезона, потврдија од CBS. Не сум видела никаква официјална инфо околу release date, ама се шпекулира дека ќе е околу август, 2020. Па останува да чекаме и да видиме
Јас се опседнав со серијата додека ја гледав. Обично не гледам ваков тип на серии , уствари ретко и гледам серии, строго само некои што стварно ќе ме заинтересираат , ама од оваа случајно видов делче на тв и одлучив да ѝ дадам шанса да ја изгледам. Не зажалив, предобар концепт, актерска екипа, приказните и сплетките врв. Особено ми се свиѓаше што е од антологиски карактер и што постојано имаше исчекување и блага тензија. Едвај чекам да излезе новата сезона, се надевам дека ќе биде брзо и нема да разочара.
Ја изгледав и јас, 2 пати. Омилена ми беше Бет Ен, глумицата ми е една од омилените, како се внесе во улогата, страшна работа, Симоун секогаш прејака, предобра, врвна, спектакуларна. Одлична актерска група, посебно и Џејд, феноменална. Мора да признаам дека ќе ми фали овој каст во втората сезона.
Серијава е ВРВ!!! За два дена ја изгледав.се заљубив, едвај чекам сезона 2 Хуморот е фантастичен, сум се изнасмеала, црнаици Ја препорачувам топло @RainBow Спојлер за гробот што плукна тепаната. Колку што разбрав, маж и го егзекутираа ради убиствово ,Бет ен така и кажа на Симон во последната епизода кога и го предаваше клучот значи тоа беше гробот на мажот на тепаната, според моја логика.
Втора сезона излегува на 3ти јуни со нов кастинг и нова приказна. Season two of WHY WOMEN KILL features a new ensemble cast and storylines set in 1949 that will explore what it means to be beautiful, the hidden truth behind the facades people present to the world, the effects of being ignored and overlooked by society and finally, the lengths one woman will go in order to finally belong? Едвај чекам да видиме што подготвиле.
Не е како претходната, тоа беше нешто спешл, но сепак и сезонава е предобра Оваа сезона повеќе наликува на Desperate Housewives само сместени во 1949
Мене многу ми се допаѓа, го обожавам тој ретро-сетинг што го има серијава засега. Приказната што ја одбрале, па што знам, така-така. Си имам некои мои теории и баш ме интересира како ќе се развива понатака, ама тоа што го гледав досега ми беше баш добро благодарение на актерската екипа. Прекрасни се, ептен ми се погодени со ликовите кои ги глумат. И веројатно како ќе почнува заплетот ќе станува така поинтересна. Баш сум љубопитна да видам како ќе тераат и како ќе заврши. Мислам дека претходната сезона ќе ми остане фаворит, но ајде да видиме како ќе испадне на крај, има време.
И мене ми се допаѓа. Nick Frost ми е интересен лик, sweet човек, како само се изненадив со пресвртот во првата епизода. И јас се надевам ќе држат квалитет до крај, засега солидна им е замислата. Стилот и хуморот.
Мене и Алисон Толман ми е полн погодок за улогата на Алма. Еве гледам има нова епизода и тоа ќе си пуштам сега пред спиење.
Јас си симнувам торенти од пајратбеј. Ако ти се гледа без да симнуваш, види тука: https://onlinesaprevodom.net/why-women-kill/