1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Wicca и останати неопагански религии и пракси

Дискусија во 'Религија' започната од eagle.eye, 17 јуни 2014.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    За да не одиме многу надвор од тема, текстот ке го ставам во спојлер
    За болдот: секоја црква или манастир е светена да, но не секој има нешто посебно-свето. Св.Јован Бигорски ја има чудотворната икона, св.наум Охрисдки гробот итн. Во мојот предходен пост јас не зборував за водата светена која ја пее попот, туку за вода како што извира од манастирот пресвета Богородица. И јас поповите не си сакам и имам доста ниско мислење за нив, но незначи дека секој поп е таков (зол). И да и јас секогаш го кажувам тоа дека бог е секаде околу нас и во нас.
    Еве што пишува во библијата за црквата.

    Воспоставена од Бог

    “Затоа јас ти велам: ,Ти си Петар- (што значи ,карпа’), и врз оваа карпа Јас ќе ја изградам Мојата Црква, така што ни адските порти не ќе можат да го запрат нејзиниот пробив!” (Матеј 16:18)

    “И вие сте изградени врз темелите што ги поставија апостолите и пророците, а Христос е ваш потпорен камен.” (Ефес 2:20)

    “Од Павле, Силван и Тимотеј до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото и на Господ Исус Христос. Бог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.” (1. Солун 1:1)

    “… ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.” (1. Тимотеј 3:15)

    Црквата е наречена “Тело Христово”

    “Така е и со Црквата – телото Христово. Сите ние сме органи на ,Христовото тело, и имаме потреба еден од друг.” (Римјаните 12:5)

    “Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е посебен орган во тоа тело.” (Коринт 12:27)

    “Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува се и насекаде.” (Ефес 1:23)

    “Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело – изградба на Црквата, духовното Христово тело.” (Ефес 4:12)

    “Страдам, но се радувам, затоа што знам дека вие од тоа ќе имате корист. Мило ми е што со моето телесно страдање и јас придонесувам кон страдањата на Исус за Црквата, која е Негово тело.” (Колос 1:24)

    “Тие веќе не се поврзани со Христос, Кој е глава на телото. Тој му дава сила на телото, и преку неговите жили и лигаменти го држи цврсто обединето. Тоа духовно тело може да расте само ако се храни од Бог.” (Колос 2:19)

    Црквата е Божја фамилија

    “А на сите што Го прифатија – на оние што поверуваа во Него – им даде право да станат Божји чеда.” (Ев. Јован 1:12)

    “Ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, – вели Семоќниот Господ.” (2. Коринт 6:18)

    “Сега и Исус, и оние што ги освети, имаат еден ист небесен Татко. Затоа Исус не се срами да ги нарече браќа.” (Евреите 2:11)

    “Благословени се миротворците, зашто тие ќе бидат прогласени за Божји деца!”(Матеј 5:9)

    “Тие ќе бидат како ангели и ќе бидат бесмртни. Ќе бидат Божји чеда, бидејќи се чеда на воскресението.” (Лука 20:36)

    “Самиот Божји Дух, заедно со нашиот дух, не уверува дека ние навистина сме Божји деца.” (Римјаните 8:16)

    Служители во Црквата

    “Христос наредил некои луѓе да бидат апостоли, други да бидат пророци; некои да бидат евангелизатори, а други духовни пастири и учители. Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело – изградба на Црквата, духовното Христово тело, се додека сите заедно не постигнеме единство во верата и во познавањето на Божјиот Син, со што ќе станеме целосно зрели според возвишените стандарди што ги постави Христос.” (Ефес 4:11-13)

    Ѓакони (службеници)

    “Затоа, браќа, одберете меѓу себе седуммина чесни мажи, со добар углед, исполнети со Светиот Дух и со мудрост, на кои ќе им го предадеме ова задолжение.” (Дела на апостолите 6:3)

    “Од Павле и Тимотеј, службеници на Исус Христос.” (Филипи 1:1)

    “Истото важи и за ѓаконите во црквата. Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.” (1. Тимотеј 3:8)


    Старешин, водачи (презвитери)

    “Така и направија, испраќајќи ја помошта до тамошните старешини, преку Барнаба и Савле.” (Дела на апостолите 11:30)

    “Павле и Барнаба не се согласија со ова, па дојде до голема расправија. Затоа се договорија, Павле, Барнаба и неколкумина од нив да појдат кај апостолите и старешините во Ерусалим и да се посоветуваат во врска со ова прашање.”

    (Дела на апостолите 15:2)

    “Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат.” (1. Тимотеј 5:17)

    “Те оставив во Крит за да го довршиш она што остана недовршено: по сите градови да назначиш водачи во црквите. Како што ти наредив.” (Тит 1:5)

    “Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помазаат со маслиново масло во името на Господ.” (Јаков 5:14)

    Епископи (водачи, надзорници)

    “Точно е дека кога некој сака да биде водач (на грчки: епископ) на црква, посакува многу возвишена работа.”

    (1. Тимотеј 3:1)

    “Неопходно е оние што се надзорници (епископи) во црквата, како Божји управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни по нечесна заработка.” (Тит 1:7)


    Е сега за иконите и прекрстувањето има на тема за религија па може и тамо да си поразговараме

    За болдот на почеток на постот- Искрено јас се плашам од таквите бидејки како што кажав некогаш и јас пропатив поради такви злонамерници.