1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Wicker Park [2004]

Дискусија во 'Филмови' започната од sesilija, 14 јануари 2011.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.279
    [​IMG]

    Прекрасен филм со Џош Хартнет и Дајан Кругер кој никогаш нема да ми стане досаден.

    Романтичен но во исто време загонетен, филм кој цело време ќе ве шета низ лавиринт од настани и на крај ќе останете вакви :o .
    Во секој случај еден нетипичен филм за една искрена љубов кој вреди да се погледне.

    Не сакам повеќе да коментирам за него, ќе коментираме кога ќе го гледате повеќето што го немате до сега гледано, а останатите пишувајте мислења во споилер ;)
     
    На inna89, ElleS, tallyweijl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Има некои филмови, кои едноставно те оставаат без здив. Викер Парк е секако еден од нив. Интересен од првата сцена па се до последната, без ниту една непотребна сцена.

    Најмногу од се што ми се допадна во овај филм - секако освен одличната приказна е музиката. Филмов поседува извонредни саундтракови кои само ги прават сцените уште потопли и попријатни за гледање.

    Овдека, акцентот се става секако на љубомората и сиот пустош што таа може да го направи. Љубовта секако е најзагрозена од страна на еритромани, луѓе кои мислат дека целиот свет е вљубен во нив. Заради една таква помисла, спремни се да играат со било какви средства само за да стигнат до одредена цел. Лажење, измами се само дел од арсеналот кој ги поседува споредната глумица(морам вака не се сеќавам на имињата).

    После сите сплетки и лаги, после сите перипетии кои ги направи споредната глумица и успеа да ги раздели главните глумци, имаме доказ дека судбината не можеш никогаш да ја надиграш, и дека ниеден план не е толку добар, за нешто да не може да тргне по надолна линија.

    И да, If two people are meant to be together, eventually they will find their way back.

    Секако финишот немаше да биде финиш без
    http://www.youtube.com/watch?v=GemKqzILV4w&ob=av2el


    Сесилија, фала што ме потсети на филмов, и ми врати многу убави спомени :)
     
    На 1209 и sesilija им се допаѓа ова.
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
  4. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    862
    Моментално го гледам на телевизија ах која среќлија сум, не мора да го спуштам :)
     
  5. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    862
    Го гледав филмот уште вчера но неможев да пишам рецензија.
    Не ми беше којзнае што филмов.
    Мислев дека ќе биде повеќе романтичен.
    Глумата пааа солидна, а и тука глуми Џош, мојот убавец.
    Филмов ми беше како недовршен, не ми се допадна крајот.

    Дали треба да се спои мислењето со она што го имам напишано горе и ако треба како да го направам тоа?
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.773
    Допаѓања:
    110.480
    Пол:
    Женски
    фала фала фала што ме потсети на овој филм. ГО ОБОЖАВАМ!!!
     
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Мене овој филм ми е преубав, немам зборови, можам 100 пати да го гледам и нема да ми биде здодевен. Ми се допаѓа содржината, глумците, музиката, се ;)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Кај ли ми биле мене очите што не сум ја забележала темава?! :tmi:

    Wicker Park, ах каков филм! Американска верзија на францускиот оригинал L'appartement на Gilles Mimouni, со Vincent Cassel, Romane Bohringer и Monica Belucci во главните улоги. Патем го препорачувам и оригиналот за оние кои не го виделе ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=GwapQhrZ-D0
    Како типична жена ќе кажам најискрено дека не можам да се решам дали повеќе сакам да го манијачам Џош или Винсент :wasntme:

    Прекрасно изработен филм, одлична приказна, концепција и заплет. Балерина и фотограф :wasntme: Џош и Дајан. И една луда жена. Чикаго. И прекрасен саундтрак. Stereophonics на самиот почеток, Coldplay на самиот крај.
    Треба ли повеќе да кажувам?! Едноставно еден од моите омилени филмови, кој колку пати и да го гледам, никогаш нема да ми стане здодевен. Го препорачувам од се срце за сите љубители на необично романтични филмови, кои сепак не се глупави, ниту патетични а уште помалку без поента! Токму напротив! И секако им го препорачувам на сите обожавателки на Џош :P

    Патем од кога го видов филмот сеуште сонувам за црни салонки со црвен ѓон :D Глупав детал, знам, ама сериозна сум :)
    Ах да и сонувам како Џош ми е маж. Ама тоа на друга тема :)
     
    На 1209, Krisi, bravegirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Jaс сум вљубена во филмов, на листата на омилени ми е, романтика, сплетки, кавги, љубов, секс... се на купче.
    До последна секунда не сваќав што се случува, кој е кој, те остава без здив од прва до последна минутка.
    А па последната сцена на аеродромот во позадина Колдпелј се слушаат .... се убив плачејки :lol:
    Баш ќе го гледам деновиве по 3-4 пат :$
     
  10. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Што да кажам после ова........ Потполно се согласувам. Филмот е интригантен, со добар эаплет, одлична прикаэна, уште поубава муэика, сцената со муэиката на Coldplay ми е совршенство :)
     
  11. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Прекрасен филм!!!Го имам гледано неколку пати и мислам дека можам 100 пати да го гледам и да не ми стане досаден,воодушевена сум од филмов,прекрасна приказна,прекрасна музика,предобар заплет едноставно интересен до последната минута не ти дава ни да трепнеш :)
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Како обожавателка на Џош ептен сум пристрасна кон филмов, за кој патем немам зборови (какво клише :D ), кој кога го гледам не дишам, просто тонам во филмов и ја голтам секоја сцена.
    [​IMG][​IMG]Ах... :inlove:
     
  13. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Прекрасен филм, вреди да се гледа, и воопшто непредвидлив филм, тоа се бара :rock:
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.158
    Пол:
    Женски
    Пирамида фала што ме извести дека има цела тема за филмот, но што да коментирам кога ти си кажала се она што треба да се каже за овој филм.Ќе додадам дека Кругер ми е прекрасна, нежна и со посебна убавина и со Џош ми се пар од соништата.Ми се чини од филмот почнав да верувам дека љубовта на прв поглед опстанува.Донекаде ме фаќаше жал за Алекс и таа тоа го правеше од љубов, но нејзиното стана опсесија и кога веќе виде дека тие се сакаат требаше да се тргне настрана, ама пуста љубов.Сепак ми се допадна што на крај сепак благодарение на неа Лиса не замина.Последната сцена беше :x Си пуштив некоја солза а и саундтракот ме погоди, прекрасна песна.Тоа е се.Филмот стварно вреди да се погледне, носи многу поуки во него.Одличен е :clap: :bow:
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Само што го догледав.. многу убав филм. Пуста луда љубов што ти прави. Ми се допаѓа што филмот е реален. Глумците се супер, музиката исто.

    http://www.youtube.com/watch?v=WYgBoJRi9uk
     
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cамо што го изгледав филмов,едно ке кажам кој не го гледал,веднаш да оди да го гледа :o
    Mногу интересна приказна има,значи нема да трепнете додека го гледате,прво мислев дека е онака досадна љубовна приказна,но сум згрешила ]:)

    Aуф како се нервирав кога го врткаше онаа Aлех,ми доагаше да влезам во екран и да ја задавам,не не да и ја избричам косата :smirk:

    A Josh бре како убаво глуми,многу е личен бре,многу го љубам ^_^
    10ka има филмов од мене :geek:
     
    На inna89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас се заљубив во филмот :inlove: .

    Го гледав за првпат пред некоја недела и си велам абе ајде, пак да го гледам. Дефинитивно не е филм за само едно гледање :) . Обично оние типични романси со типичен среќен крај ми се некако лигави и нереални ама овој :x дефинитивно мој тип на филм, со романса и трилер елементи. Ми се допаѓа што некако до самиот крај те држи во неизвесност и не си сигурен што се случило, што се случува. Работите полека се разјаснуваат, со течењето на филмот.

    Главните глумци прекрасни во секоја смисла на зборот. Џош ми е многу убав и шармантен а Дајан Кругер ми е исто актерка со посебна убавина и ми се допаѓа да ја гледам во било кој филм. Онаа другата актерка глумеше крајно иритантен лик, иако јас немам некоја антипатија спрема негативците ама оваа стварно ми беше многу одвратна и сите сплетки кои ги направи :x .
    Сепак заврши среќно и таа сцена ми е можеби една од најубавите од сите филмови кои ги имам изгледано :) .

    http://www.youtube.com/watch?v=zLQWTKeKk-k
     
  18. smurfettee

    smurfettee Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Имам гледано треилер,ми се допадна,планирам да го гледам.. По коментарите добро филмче е..
     
  19. ivanablazheska

    ivanablazheska Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Go gledav i pak ke go gledam super eee
     
  20. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Филмов е прекрасен ! Чиста 10ка ! Предобра глума,приказна,музика,и се вклопено е супер!