Не се чудотворни,ниту магични...анјонската трака што ја содржат има лековити својства. Таа ја регулира менструацијата и ги намалува болките,односно ја прави нормална менструацијата. Јас ги користам,мајка ми е зачленета,а за нов дознав на одмор додека бевме од жена што случајно ја сренавме. Потаоа истата таа жена дојде и држеше презентација во Прилеп. Откако ќе ги користиш ќе ја забележиш разликата. Бидејќи се од чист памук не ни чувствуваш дека ги носиш. Иначе јас немам нередовна менструација,ама имам болна и ми помогнаа. А во Словенија се препорачуваат за од друштвото на гинеколози да ги носат жени во последниот месец од бременоста. Поскапи се од другите да,ама размислете ако не беа корисни немаше да се продаваат се уште ширум светот. Заборвив да кажам претходно дека анјонската трака,САМО траката пресечена помага за кожни воспаленија видеото во спојлер е малку повеќе тажно Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=9yKuvhIoqbE&feature=related . Еве ви видеа од презентации http://www.youtube.com/watch?v=0kR4DxIZMJM
Абе па кога имаш добиено болката и крварењето и све доаѓа ОД ВНАТРЕ, каква врска имаат влошкиве кога ти се нели надворешно? Ете тоа не ми е јасно. Тие анјони влагаат внатре па прават да не те боли стомакот, и да ти дојде на време??? Некако без врска ми е.
Стварно се памучни и пријатни и мора да кажам дека одлично впиваат. НО да беа толку добар изум со сите позитивности што ги презентираат на презентациите стомак не те боли, редовност бла бла тогаш само овие влошки ќе постоеја и сите жени ќе бевме среќни и весели без пмс симптоми, без болки и со редовна менструација. Хах ама реалноста е сосема поинаква. Не викам дека може не се подобри од Аlways или Еveryday aма се и 5 пати поскапи и притоа aко немаш некаков сериозен проблем па да пробаш и да чекаш ефект, јас не би ги купувала. А мене лично презентации од овој тип ме нервираат зашто се перење на мозок па фино лепо ги избегнувам. А и до психа е ако веруваш дека ќе ти помине стомакот од овие влошки мож и ќе ти помине, како случајот со жената која се излечила од рак пиејки парацетамол и била оптимист дека тоа ќе ја излечи и се излекувала. Ама јас сум песимист за овие влошки и знам дека мене нема теоретска шанса да го имаат дејствието на еден кетонал кој мене ми е пријател при менструација.
Дневни влошки - 10 парчиња = 310ден. Ноќни влошки - 8 парчиња = 310ден. Интимни влошки - 30 парчиња = 370ден. Абе малку скапички се, не? Иначе, пишува дека една влошка била за 12 саати. Мене малку језиво ми е тоа. Имам обичај на 3 часа да менувам. Еве го линкот: http://winalite.com.mk/index.php?p=1_9 Се нарачувало и преку интернет.
Скапи се да ама пак ако велат дека може да се носат јас слушнав по 8 саати, што значи едно пакување од овие или две пакувања од други ако ги менуваме на три саати, приближно исто се фаќа.
Ако немаш обилна менструација немало потреба од ноќните, можеле дневните да се користат. Јас немам обилна така да ќе си купам само секојдневни и дневни. Плус колешката моја вика дека можеле да ти траат тие две пакувања и 2-3 месеци.
Баш вп четвртокот присуствував на презентација на овие влошки, и искрено, се запрепастив . Најпрво поради нивната моќ на упивање, која е 10000000 пати поголема од обичните влошки, потоа ги делеше влошките слој по слој и правеше споредба помеѓу овие влошки и обичните. Кај обичните влошки гелот беше леплив, лизгав, непријатен, а кај овие другиве беше како прашкаст. Кажаа дека една влошка може да се носи до 8 часа, а анјонската лента има антибактериско дејство до 20 часа. Анјонската лента на влошката помагала при болни менструации, циститис, непријатна миризба, бело прање, нередовна менструација и сл., и дури може да се носат секојдневни влошки преку целиот месец, за вакви проблеми, како инфекции, бело прање и сл. Исто така анјонската лента може да се отстрани од влошката и да се користи на места на кожата каде што има некоја инфекција, акна и сл. Јас многу се заинтересирав за овие влошки и во план ум да си купам, цената е повисока отколку кај останатите влошки, но доколку стварно ги решава сите овие проблеми тогаш се исплаќа и тоа како
И јас сум во план да ги пробам, па ќе видам што ќе испадне. Инаку вчера ми стигна и пастата од WINALITE, и таа е со анјони и минерална сол. Ќе ве известам по некое време дали сум приметила некоја разлика.
Ете уште една од тие кои имаат присуствувано на овие презентации Искрена да бидам се срамам што сум си дозволила така да го потрошам времето, но морам да кажам дека веќе не се издржуваше па станав и си заминав порано. Како ПРВО предавањето го одржа човек кој дефинитивно нема никакво познавање од таа област, не е медицинско лице , ниту пак нешто слично, а целата презентација беше одржана во едно дуќанче во чиј заден дел има импровизирана училница, а однапред се продаваат незнам точно, штрафчиња, сијалици и сл. ВТОРО беше тоа што човекот објаснуваше за благотворното дејство на ТУРМАЛИНОТ , како тоа може да влијае ,за што се користи , а немаше во живо да го покаже турмалинот , а на моето праше дали може да ни го изложи каменот, или пак да ни каже како изгледа (јас знам, зошто ме интересираат камења и имам доста читано за нив) се збуни. ТРЕТО е тоа што дефинитивно се работи за бизнис, за кој човекот нема конкретни одговори, зошто неколку пати му беше побарано од присутните да одговори на едно прашање , а тој упорно си го вртеше одговорот во своја полза, за на крај да се изнервира и да вика “ добро не е важно“, хмм а како не е ,нели затоа сме тука. ОК, мене воопшто не ме интересираше. А ЧЕТВРТО и најважно од се е тоа што со ТУРМАЛИНОТ не се лечи на тој начин, а ниту пак се преработува и користи така. Е да, инаку човекот не знаеше да ми одговори и на прашањето на кој начин е обработен и како сето тоа функционира. Сега друго размислувам, ако ова беа толку нели лековити и добри производи, зарем немаше да ги има насекаде низ аптеките и надалеку да се слуша за нив, а не по вакви “дувла“, каде нема ни стручно лице да објасни за нив, ни фискална да добиеш, а сепак да ги платиш(ако добро се сеќавам) некои 200-300евра ....
Мислам дека грешиш, како прво презентациите се одржуваат на факултетот за туризам и ги одржува медицинско лице, не е маж, туку жена. И не е сама, има цел тим со неа, тоа кај што ти си била може да е некоја превара, некој лажно да се претставува (барем тоа е мое мислење). Се што те интересира ќе ти објаснат, презентациите се секој четврток од 20 часот на факултетот за туризам во Карпош. И да, ги нема по аптеки, ама можеш да ги земеш од дистрибутери, сепак се нови на нашиот пазар. И уште нешто не се 200 или 300 евра туку поединечна цена околу 370 ден. а цел пакет е негде околу 4000 ден. со тоа што имаш се внатре (секојдневни, дневни и ноќни) и траат околу 8-9 месеци. Јас не сум пробала па да ти кажам лично искуство ама оди на презентацијата, можеби ќе имаш друго мислење. Поздрав.
И јас кога бев на презентација, зборуваше една жена која била докторка. И баш се убаво објаснуваше и одговараше на сите прашања. Јас ќе ги пробам посекако, па ако се добри ќе продолжам, ако не чао и толку.
Да ви кажам мислам дека ми олесна кога го прочитав ова. Зошто тоа јас што го видов беше КАТАСТРОФА Ви благодарам за советот да отидам кај жената на предавање, меѓутоа не, попрво ќе читам за да видам дали е навистина можно турмалинот да се обработи на овој начин ,а и да влијае. И да за цената изгледа сте во право, зошто човекот зборуваше цело време за тоа колку пакети треба да се земат за незнам колку да се заработи, да се почне бизнисот ... Јас сепак не би ги користела, туку би си земала турмалин и би си го чувала директно до тело, барем знам дека навистина го имам до мене.
Ги пробав влошкиве и сеа за сеа сум задоволна .. ИМав нередовна менструација , немав добиено едно 3-4 месеци... И решив да купам секојдневни .. По втората влошка одма добив значи одма ... Па сеа да видиме како ке се одвива понавака ситуацијава... Се надевам дека ке ми се среди :
Како тоа не си добила 3-4 месеци, па тоа е загрижувачки. Убаво ако влошкиве ти помогнале, ама сепак мислам треба да посетиш доктор.
Имам одено по доктори , вика тоа генски е .. Пошо и мајка ми исто така на 3-4 месеци добивала.. Па ми даваа ДИјане 35 пиев две години али нуишо не се среди.. После други апчиња и пак нишо.. И се откажав од таа работа.. Така да сеа во овие глеам спас.. Па шо ке биди незнам
Имам слушнато за овие улошки, многу ми ги фалеа. И кога бев на депилација мојата депилаторка ми ги препорача. Кај неа се продаваат 400 и нешто а јас си ги нарачав преку една жена за 370 денари - 30 парчиња. Инаку да, се носат 8-12 саати но додека спиете а не преку ден.
Јас мислам вреди да се пробаат овие влошки, даваме толку пари за ГЛУПОСТИ зошто да не дадеме за нешто што можеби ќе ти помогне, немам некои проблеми за да ги користам влошкиве ама сакам да ги пробам не сум присуствувала на презентација али овде што видов и прочитав на нет ме убедија