Ne e dozvoleno nosenje jadenje,a ni pienje.I ne samo so WizzAir,tuku so bilo koja druga avionska kompanija.
Грицки да, течности не смееш, т.е. има некое ограничување, ама ќе ти ги истурат. За 2-3 сантими повеќе не верувам дека би ти правеле проблем, ама јас не би ризикувала.
2-3 cm е многу да прекорачиш, затоа што во авионот тој багаж го земаш со себе и има одредени пропорции да го собере...
Уффф па јас веќе земав торба. Ќе ризикувам. А 1.500 денари за 2-3 см не им плаќам па што сака нека биде. Иначе утре рано тргам. Во авионот има за да купам јадење и пиење?
Да ама скапо е. Јас јадење имам носено со мене во авион и не ми направиле проблем. Ако патуваш до Италија, се стига за саат ипол, не верувам дека ќе огладнеш толку
Готово веќе бев. Таман се спакував во мала торбичка. Вода, јадење, пиење, шампони, млеко за тело не пуштаат да се носат. Све тоа ми фрлија. А другиве пред мене гледам за 2-3 сантиметри и за 200 грама повеќе им наплатија 42 евра. Не го собра куерот во тоа железното за мерење и си платија.
озбилно? леле јас кое тенџере сум била , мислев дека смее само 100мл единечно Убаво е да се знае и ова. Фала на просветлување .
да да јасно, пример 10 парфемчиња по 100мл (јас до пред 10тина мин мислев дека само 100мл смее, а не 10х100 ) данке ми лејдис
Jaс следнатла недела летам со Air Serbia е сега пошто заминувам на подолг период морам да набавам лекови, пијам некоја си терапија неколку години на назад. Ме интересира дали ќе ми направат проблеми на контрола, исто така во мал несесер чувам од истите лекови кои секаде ги носам со мене, дали ќе ми дозволат да ги земам во рачниот багаж?? Лаптоп, телефон, полначи, дневник и книга тоа се ќе ставам во рачниот багаж. Друго што можам да ставам? во еден обичен школски ранец. Има одредено колкава тежина може да се носи? Исто за во големиот куфер купив шампон(1л.), балсам, течен сапун, ќе ми направат проблеми? за шише вино и тегло ајвар исто ме интересира. Некој пољубезен да ми објасни. Прв пат летам со авион и малку сум
Конкретно со аир Сербиа немам искуство, на моето последно работно место беше дозволено во рачен багаж патниците да носат лекови кои им се потребни и неопходни во текот на летот. Значи не цела аптека...туку дозата која треба или евентуално при ненадејно влошување на состојбата би ја примиле. Исклучок беа дијабетичарите кои мораа да приложат и потврда за состојбата поради шприцевите. За во рачен багаж секоја компанија си има свои правила. Некаде е 8, други 10 кг плус лап топ или со се него..ќе мора кај конкретната авиокомпанија да провериш.За набројаниете работи во куферот не е проблем.
Tи благодарам Даничип, баш сеа ќе видам на официјалната страна на Аир Сербија дали има некоја информација за тоа
Лекови се дозволуваат само во мали денски количини, значи оние пластичнине што се за апчиња што собираат неколку во нив. Или еден ред до два од некои апчиња. Ако нисиш цели кутивчиња ќе те замолат да ги фрлиш. Течности исто се ограничени до 30 милилитри мислам. За рачен багаж зборувам. Тој во еврооските авиокомпании го мерат, ама може и не. Мене во туркиш среќа не ми го мера за назад во Њујорк, а на другар му се ситничеле за 300 грама. Зависи среќа, јас се спасив. А за во нормален багаж дозволено е се тоа што наведе. НЕ знам што е смешно сите ние носевме ракија ајвар, мед и сирење во Америка. Мојот не го отворија, на другарка ми го отворија и ништо не беше земено(имаше ливче дека е правена инспекција). Мислам дека може до еден литар течности најлегално и една штека цигари. Јас носеев 2 ипол и никому ништо. Идев на ризик јас додуша, цигарите кај се таа цена во Америка беа 12 долари кутија. Рачниот ти е океј, смееш да носиш еден рачен и едан персонален ајтем, значи ташна некоја и таа не ја мерат. Јас носев огормна кеса, од оние што ги даваат во продавнициве за облека, само мојата беше пластична не хартиена која тежеше 15 кила и плус ранец како рачен никој не ми направи никаде проблем а летав може со 4 различни компании. Среќен пат не се секирај не се толку строги за некои работи освен за течности и остри предмети како ножици, грицкалица, чупалица и остали работи за во рачен багаж и во ташна зашто го земаш со тебе горе во авион.
Хипстер ме загрижи со ова за лековите јас како што носам цела аптека (морам, не оти сакам) во рачниот багаж имам мал несесер со лекови а во нормалниот багаж имам ќеса со кутивки лекови, Додуша јас ќе носам и документи, потврди, извештаи од доктори па ваљда нема да направат проблеми. Став ми е од Белград до Љубљана да не ми ги фрлат лековите.. нели нема да го имам багажот со мене, и нема да можам да им објаснам.. Цигари не носам, освен тегло ајвар и 1л ракија друго нема, Тоа турпии, грицкалици, чупалици се е во несесер во нормалниот багаж.
Нашиве се безобразни. Крадат, знам по себе, по другари/ки по пријатели по сите. Значи отвараат и ако нешто им се допаѓа земаат. На другар му имаат украдено нови кошули. Страшни се. Ние лани поминавме одлично, на никој ништо не му фалеше, и за навака и за назад. Додуша во Америка не се замраат да крадат од куфери ама таму па крадат куфери кога ќе стигнеш додека врват на лентата може некој да ти го собере, и тоа ни се има случено во друштво. АирСрбија искрено се лоша компанија, ама тоа не мора да значи дека ќе направат некои проблеми. Додуша ти немаш контакт со нив туку со нашите вработени на аеродром. За инспектирање рачен зборам па и за другиот багаж, го отвараат вработени на аеродром. Ако носиш многу лекови да ќе ти ги фрли во каната. Нема да те замоли, лошо сум се изразила, туку ќе ти каже ова е недозволено и го фрла. Пред мене на луѓе им имаат фрлано парфеми, пудри и разни козметики нови неотворени во канта. Правила, строги се и бескупулозни. Не носи и вода, ќе ти ја фрлат, ни храна по тебе во ранец. За доле нема да ти прават проблем и да имаш 50 различни лека, нема да правиш шверц нормално се гледа дека се лична употреба, шверц се знае како се прави. Немај гајле. Летот е краток 2-3 саати максимум они поише за прекуокенаските знаат дека се прават поголеми далавери и тука мораат да стегаат поише ремен посебно за во САД.