Ако се напнат да ти ги земат ќе ти ги земат и во чекиран...ќе се појават на скенер па исто ти е.. Ма да тие горе секако ќе те пуштат. Проблем може да ти прават само нашите затоа што го внесуваш во мк
Проблемот е што патувам само со рачен багаж без куфер, сакам да си носам некоја палета со сенки, туш, пудрата ми е во стаклено шишенце..
И јас патувам само со рачен, мислам дека е дозволено да се носи шминка, само тие што се течности како пудра, течен коректор, маскара и слично не смее да се над 100 милилитри и треба да се спакувани индивидуално во зип лок кеси
Ти барем толку често патуваш и треба да знаеш дека е дозволено шминки. Пудрите, римелите и коректорите да се до 100мл, а остало може колку сака. Распоредени по 10 парчиња во една зип ќеса. И пегла за коса или депилатор е дозволено во рачен.
Здраво на сите! Треба да патувам само со рачен багаж, имам козметика која вклучува сенка, маскара, сјај за усни х3, туш за очи и руж. Дали се дозволени во рачен багаж, кои од нив треба да бидат пакувани во зип лок кеси и дали сите треба да ги извадам посебно? Исто така да прашам дали може да носам плус со мене женска ташна во која ќе имам пасош, телефон,полнач плус ташна со алишта која ќе ја сместам во кабината, или само едно од двете? Благодарам однапред
Здраво девојки имам две прашања. Деновиве треба да патувам со wizzair имам само рачен багаж е сега прашањето е дали смеам да носам цигари и доколу да колку смеам? А другото прашање дали на аеродромот во Охрид има фрее шоп и дали можам од таму да купам некои работи ви благодарам однапред
Здраво девојки! Дали е можно да се смени датумот на веќе купена авионска карта од wizz air? И доколку е можно, колку се плаќа? Фала ви...
Може ама најчесто не се исплати. Кошта од 30 до 40 евра по правец во зависност од тоа колку денови има до летот.
Гледам карти за Скопје - Нирнберг за во јуни, и денот кога сакам да летам е дупло поскап од терминот пред и после него и пишува дека уште една карта е останата по таа цена. Дали ако почекам има шанси да се намали цената затоа што има уште 4 месеци до тогаш? Ако може мислење од тие што повеќе имаат искуство со следење на летовите
Најчесто ќе се зголеми. Моментално ти ги дава најефтините.. за Валентајн може попуст да има Претходната недела така се зезнав кога резервирав за другар за Копенхаген..чекав да ми уплати пари и за 20мин се продсде картата и следната беше 35 евра поскапа
Треба да вадам за моиве карти неделава за Келн, прашањето ми е дали можам да им извадам само во еден правец, па од таму да си извадат за назад? Ќе одат на свадба, па дали ќе ги прашуваат нешто на пасошка и двајцата се стари ама сепак да си знам да ги информирам на време.
Можно е да ги прашат зш немат повратна, кај кого ќе се сместени колку долго, ама можат да кажат дека со кола ќе се враќат назад и затоа не извадиле повратна авионска.
Купив повратна за Будимпешта, знам дека за натаму треба 48 часа пред летот да ја чекирам, а за назад треба или не?