Уште ова да прашам, извинете што забегувам малце оф топик ама прв пат летам Дали проверуваат кеш дали носам, прочитав некаде 50 евра од ден требало (ова за Будимпешта конкретно)
Најчесто не, ама во случај да ти бараат секогаш можеш да прикажеш картици. А 50€ од ден е нормална сума.
Можеш на картичка да имаш ама пожелно е и малку ќеш. Направи варијанта 50-50. Инаку во било која Европска земја мораш да имаш 50е од ден.
Прочитав во претходните коментари за зип кесички каде можам да најдам низ скопјево? По маркетиве некои?
За лекови ти требаат? Ако е за лекови тогаш можеш и во обична мала кеса да ставиш. Доколу не најдеш зип, не прават проблем. Јас носев лекови со мене во авион во мала кеса од Зегин, на аеродром ја зедов, и не ми правеа никаде проблем. Освен ако не одиш на друг континент. Инаку во дм би требало да има.
Каков е новион апарат на аеродром каде те застануваат на претходно нацртани стапалки и со кренати и разширени раце скенираат ?
@TutiFuti Такви ги има на другите поголеми аеродроми оддамна. Обично ако писка при првиот преглед за да не соблекуваш дополнително кондури,каиши или шноли на пример те скенира со тој апарат. Ништо страшно 5-10секунди седиш и излегуваш ако е се во ред. Плус ова е предност во муслиманските земји каде ако нема вакви апарати треба да те опипа контрола по цело тело однадвор, па жените се дискутабилни за ваква физичка проверка. п.с. Има една финта ако сакате да одбегнете ваква проверка, т.е. минимално зрачење ќе кажете имам здравствена индикација за избегнување ваков скен (на пр. вграден пејсмејкер) и автоматски одиш на физичка проверка
Во ДМ има, стојат во делот на кујнските работи од типот фолии, кеси за ѓубре, филтер кесички за кафе... А верувам има и во поголемите маркети, ама не сум проверила.
Нас последно во Германија во Хановер не прашаа колку пари носиме. Јас им реков дека имам на картица( што и не е некој одговор ако реши да те тормози. Затоа што правилото е, ако имаш пари на сметка, ти треба потврда од банка со колку пари располагаш ) не ми направи проб.. Заедно патував со мајка ми и татко ми, и нив им побара повратна карта, ама во моментот не можеа да прикажат пошто немаа мобилни апликации, туку преку ком им беа купени. Па им викаше да ги покажат парите. Тука на мајка ми и било многу непројатно. Непотребно замарање за кое имаат право, ама ако не беа со мене моите, верувам дека многу ќе им беше стресни, немаше да знаат да се разберат (до душа сигурно би им помогнал некој од патниците што зборува и македонски и германски) . Наравоучение, не е ништо страшно, само имај си ја на лагер повратната карта, местото со адреса каде што ќе бидеш сместена, нешто пари во кеш, и се ќе биде супер.
Што знам сега кога летавме со малиот во декември не приметив нешто поразлично од претходните пати при проверка затоа и прашав што е тоа и каде стои , или па јас не сум го приметила тоа дека со малиот и брзавме само да пројдеме.
^И јас ги ставам во козметички несесер, едниот ми е проѕирен а другиот како пластифицирано мрежаст. Само бараат да се видливи продуктите и до 100мл. Знам ми се закачуваат често за растворот за леќи иако травел амбалажата ја носам до 100мл, ама да си провереле бар така ми викаат иако им кажувам дека е 100мл, ја отвараат и вадат да видат самите колку пишува на амбалажата. Дезодоранси избегнувајте ги фрлаат на лице место. Можда за бебешки продукти, шишенца и се тоа треба попрегледност. А зип ќесички користам да пикнам козметика да не се отвори и истече и евентиуално ми направи проблем, ама фала богу досега се било во ред а бајаги имам патувано.