Посебно ако ги начекале по 599 денари, поарно нека пропаднат отколку да доплаќаш по 40 евра од човек за нова дестинација
Пак јас со прашање за родниниве. Летот што требаше да им биде за Милано им го променија од Визер. И тоа за Лондон. Е сега знае некој како е? Следува враќање на средства бидејки Визз ја сменил дестинацијата?
За да патуваат во Лондон им треба британска виза. Кај го најдоа баш Лондон, што не дадоа линија Будимпешта, Кипар, Малта.. Ова зашто знаат дека нема никој да отиде за Лондон
Како смеат да им сменат за дестинација од која не обезбедуваат превоз до првично одбраната дестинација?! Нека им пишат на визер, нека им кажат дека на македонците им треба виза за УК и дека немаат можност да обезбедат виза, ниту имаат потреба да летаат за Лондон.. И патниците имаат права, не само обврски.. Инаку мене кога ми откажаа лет имав опција да одберам друг лет или да ми ги вратат парите... Имав исти такви опции дури и саатот кога го сменија на летот а не па цел лет..
Жени помагајте...имам направено резервација за едни пријатели со mail што јас го креирав, појма неам ни кој беше маилот ни кои беа податоците со кои се регистирав на страната на Wizz, ПОМАГАЈТЕ КАЈ ДА СЕ ОБРАТАМ НА КОЈ МАИЛ, ТЕЛЕФОН и слично..имам само бројче од резервацијата пред неа што ја направив ама незнам како им одат бројчината на резервации и слично, реков дан погодам случајно ама пробав не оди...помагајте, луѓето патуваат во понеделник не можам да им влезам во резервацијата
Јави им се директно на визз, кажи им го бројот на резервација и нема да биде проблем, ама внимавај 35 ден мин е.
Чекај сами одбрале Лондон или Визз без да ги праша им сменил во Лондон дестинација. Зашто виза за Велика Британија се чека подолго време, не се ни вади туку пасошот оди во Полска па се враќа со ДХЛ. Ако сами одбрале и имаат виза среќен пат, ако не одбрале сами нека се расправаат со Виз да им ги вратат парите. Ако не може и да тужат и да добијат.
За виза за УК се поднесуваШЕ во Соравија во СК до пред скоро..ако ме смениле нешто последниве месеци.. Нема кај да се обратиш.. бројчињата на резервација се рандом, обврска на тој што купува карта е да си зачува број на резервација а богами ништо не те кошта да си направиш профил со свој мејл.. Пробај во контакт центарот ма да тешко да те оправат..
Таму само се поднесуваат документи и има сликање. Потоа пасошот со докуемнтите оди во Варшава во регионален Центар за цела источна и југоисточна Европа и целата процедура додека се врати пасошот може да трае и месец дена.
Не одбрале сами,Виз им ја сменил. Прво им пратиле мејл за променета дестинација за Лондон за 17 март,во 05.50. Па потоа им стигнал втор мејл каде им нудат да им ги вратат парите на акаунт или на сметка. Така да ја средија. Но никако не ја сфаќам политикава да промениш лет за Лондон,ај за Будимпешта,ајде.
Не знаев ни број на резервација ама завршив работа. Ни маил знаев ни ништо само име и податоци за летот и патниците. Маилот јас го правев ама за други, пријатели на моите родители ама на кој компјутер, во ниеден во history ми немаше, тогаш направив screenshot и му ја пратив на татко ми тој во меѓувреме си избришал вибер, јас морам да преинсталирам вибер и се ми се избриша исто и се направи каша... Се јавив на бројот чекав 5 мин дури ме поврзаа со агент и уште 5 правев муабет, ојдоа 500 ден, ама тоа е, некако го убедив да ми го даде кодот за резервација да можам да чекирам, маилот не сакаше да ми го даде, му велам знам дека мислам име и презиме беше или име и презиме со точка, да да ми рече ама не сакаше да ми го даде точно, ги испробав сите варијанти не можев никако да влезам во маилот па така сега ќе чекирам само со кодот, важно нешто имам...ова е УМ ЗА ДРУГ ПАТ и УМ за сите, да си ги чувате барем бројчињата на резервација
здраво девојки во понеделник требаше да патувам за Барселона но со оглед на новонастанатата ситуација и кај нас и во Шпанија која се наоѓа на листата на високоризични земји со сигурност нема да одиме. Е сега досега Wizz Air не дава никаква информација за тоа што се случува во загрозените земји сакаме да знаеме дали е возможна ситуацијата како што беше со ИТАЛИЈА и им ги вратија парите на патниците. Звонев на тој телефонот 7 минути чекав никаков одговор само си пееше музика. Дали некој од вас или ваш близок е во иста ситуација?
Дава информација каде се укинати летовите. Ако матичната земја не го има забрането летот кон таа дестинација немаш поврат на средствата доколку го откажеш самоволно летот.
Имам резервирано наредната недела за Швајцарија Дали може да се презакажат картите некако и ако не отидам дали парите пропаѓаат??
Ако виз ер не ги откаже летовите а немаш докупено флекс опција, не може да ти ги вратат парите. Можеш само датум да смениш со доплата. Се соплаќа по правец и некогаш испаѓа поскапо и од самата карта. Зависи колку си ги купила.
Zdravo, sakam da prasam poradi novo-nastanatata situacija so zatvaranje na aerodromot vo skopje, dali wizz air ke vrsi povrat na sredstvata na letovite sto ke se otkazani vo prestojniot period, konkretno za let od germanija do skopje vo petok?