За сите летови што се откажани од страна на авиокомпанијата, истата враќа пари, или во форма на кредит на самиот account или на сметката од која што се платени, сам бираш. Мене ми откажаа лет пред неколку дена и ми беа вратени парите.
Zdravo, sakam da prasam vo vrska so zatvoreniot aerodrom vo Skopje, imam zakazano let na 28.03 so Wizzair Frankfurt Hahn-Skopje no problemot e sto imam dozvolen prestoj samo 3 meseci znaci do otprilika 10ti april, ako ne bide situacijata resana za da si dojdam vo Skopje, najverojatno tuka trebe da ostanum pa kade ke treba da se obratam za ako imam +90 dena za da ne dobijam nekoja kazna? Vi blagodaram odnapred.
Пробај да ги исконтактираш во македонската амбасада во Германија и да им ја објасниш ситацијата. Да не шпекулирам, ама има голема веројатност да ти го откажат летот така да исконтактирај ги што побрзо и консултурај се со нив.
Дечки wizz ми пишаа, ми ги вратија парите, имавме платено лет. Одлично!! Нека стојат за некои подобри времиња.
И мене ме интересира истото Ние имаме купено карта од Скопје, за 2ри април. Најавија нешто до кога ќе биде затворен аеродромот?
Ако е откажан од нивна страна ви ги врќаат парите без проблем. 28.03 би требало да се уште затворени аеродромите во мк. Читав дека нема да се плаќа казна за прекорачување поради ситуацијата. Ама прашај во уредот за странци да не треба некој документ да приложиш
Имав резервирано 2 лета периодов кои ги откажаа. Ми стигнаа денес 2 меила дека летовите се откажани и дека има опција за промена на лет или рефундација на средства. За едниот лет ми даде да си изберам дека сакам рефундација, а за другиот лет ми дава само опција за чек-ин, не пишува никаде дека летот е откажан (а на меил ми стигна инфо дека е откажан). Не знам како да поднесам барање и за овој лет? @referentka ти поднесе барање за рефундација или директно сами ти ги рефундираа парите?
И мене ми откажаа лет и мораш од веб страната да се логираш и да побараш рефундација, не е автоматски. Има опција како Виз кредит - 120% враќаат или на сметка - 100%. Штом еднаш си го направила, знаеш како. Мене откако ми стигна мејл, наредниот ден или после 2 дена ја имав опцијата да барам рефундација. Веднаш откако ми стигна мејлот отидов да проверам и уште беше активен летот и картите отворени, дури и за чекирање. Ама почекав и се смени за ден-два
Ее тоа ме интересираше, дали отпосле ќе ми даде опција, бидејќи моментално го дава како активен. Супер ко така, ќе проверам утре пак! Фала ти!
Мене ми даде две опции: 1. Рефундирање во виз кредити 120% 2. На сметка 100% За рефундирање на сметка се чека макс. 60 дена.
Имав резервирано карта за Скопје од Шведска за почетокот на април и истата е откажана од wizz денес ми стигна на меил, заедно со шифрата нели дека е откажан. Арно ама кога се логирав на акаунтот одбрав опција дека сакам само refund на банкарската сметка по што ми бараше некој IBAN (вие што веќе сте имале акво искуство сигурно знаете за што зборувам). Пробувајќи да го пронајдам поминаа некои си 10-15 мин и кога се вратив на страната да го напишам пишеше дека сесијата завршила. Дали ова значи дека повеќе немам шанса да си ги вратам парите? Или треба да почекам? Помислив и да им се јавам но знам дека се плаќа па и нема да вреди.. Иначе уште стои ова откако ќе пробам да се логирам на акаунтот.
Сепгаш кога 10 мин нема да ја допреш, страната на визз се ресетира. За ИБАН и СВИФТ... Земи си ја трансакциската картичка од онаа банка преку кој си платила. Не платежната туку ТРАНСАКЦИСКАТА. На неа ги имаш. Откога ќе то стасаат пари, банката ќе те извести за девизен прилив од нерезидент, ќе отидеш да потпишеш документ за провизиските трошоци и ќе ти легнат на сметка ист момент. Да не те буни тоа што апликацијата никаде нема да ти ја побара сметката.
Уште се надеваат дека ќе летаат Ако откажат лет имаш две опции, или да ти вратат на акаунтот 120% од тоа што си уплатил или да ти вратат точно пари. Ние незнам зошто се решивме на сметка да ни ги вратат кога и онака се израдував дека не ми пропаднаа парите од летот па и си испланирав дека летово ако се смири работава бар патот ќе ми е платен за убав одмор.
Ја зедов картичката и се логирав директно од меилот што ми го пратија wizz и пак не ми дава никаква опција да пополнам било што.. Се што пишува е: This booking has already been canceled.