Само ако си избрала да те исплатат на трансакциска можеш да ги добиеш таму. Инаку нема логика. На виз сметката 120% враќаат баш поради тоа што те врзуваат сепак да ги искористиш за лет.. Која ќе биде логиката ако си ги повлечеш сите 120%
Јас се согласив за поврат на средствата како wizz air кредит и кога се пресметав повратот беше околу 95%, а не 120%. Немам нерви да се објаснувам и да терам правда.
Правилото вели 120% .. толку и ми имаат вратено. А да се расправаш не вреди.. Ама со хаосов сега што е, ми рекоа дека немале опција да им враќаат на трансакциска. Мислам некој и на темава спомна, не знам.. На блиска особа и откажаа лет од германија и и вратија 120% ..исто и другар ми од Данска .. немаа опција за трансакциска..
Виз Ер размислува да го намали капацитетот на нивните авиони, односно од 180 на 120 седишта со вадење на средните седишта во секој ред како решение за летање после вирусов, social- distancing.
И секако драстично да ги зголеми цените. Тешко понатаму да се најдат релативно евтини карти, како досега. Во големи загуби се, и ова со седиштав а ќе им биде изговор.
На почетокот нивниот CEO велеше дека можат да издржат и 1-2 години без да летаат, а веќе почнале да отпуштаат вработени и сега и ова.
И онака не беа синоним за евтини летови веќе.. Мислам во еден правец за германија 15000 не е апсолутно ич евтино.. Беа на почетокот кога за секоја дестинација можеше да купиш повратна за 1300ден ако резервираш рано.. Сега ни рано ни касно нема толку за некои дестинации
Лани есента летав последен пат. Околу 4000 денари беше повратна, со попуст. Се наоѓаше тогаш пристојна цена, а тие смешно евтините цени од поодамна ги нема.
Ги има(ше) и зимава, до Будимпешта, Ларнака и за летовите од Охрид, зборувам за оние по 599ден., правец. А што разгледував нешто за пролетва кога не беше започнато се уште лудилово немаше нешто така ефтинко, или, можеше да се најде едниот правец лупам 1599 а другиот 6399 и сл.
Дали некој е информиран зашто wizzair има летови за утре а нема никакви информации дека аеродромот во Скопје ќе биде отворен. И колку време пред летот ќе добиеме маил дека летот е откажан. Моите имат купено лет за Франкфурт утре и сеуште си стои активен...
Ми стигна емаил доцна вечерта. Јас не знам зашто воопшто вака праваат и можеш да букираш лет иако е очигледно дека нема да се лета барем во наредните неколку неделии..
Вчера сторнирав лет за во сабота, пишуваше дека е потврденНе добив ниту цент повратни.Има ли некој исто искуство?Каде да се жалам?
Prvo ti vrakjat 120% na wizzair account. I posle baras bez tie 20% na smetka i toa vo normalni uslovi trae okolu 7 work days ama sea radi situacijava malce poise ke potrae.
Јас пишував погоре, истото и мене ми се случи. Летот беше откажан, аеродромите затворени, а на страната стоеше како активен и можеше да се чекира. Парите не ми ги вратија.